Јас го купив Strike a Rose. Дава убава розева боја, не е преинтензивна и убаво се нанесува. Има некаков сладок мирис. Ќе ги купев и останатите, но се зафатив со лабелата на Балеа.
Сакам да си купам некое лабелце од росал кое не остава боичка и ги омекнува усните и хидрира, па се мислам помеѓу: и ова Според вас кое е подобро? Јас порано го имам користено тоа од мед и млеко и бев презадоволна и прекрасно мирисаше, а пак од друга страна се мислам дали да го пробам ова второто. Дали вие сте го користеле второто и како сте биле задоволни? Според вас кое е подобро? Фала однапред
@Glory123, мене ми е поубаво плавото, зашто мирисот му е неутрален, а јас обожавам такви лабела бидејќи ме нервира кога ми се меша со мирисот на карминот. И мене ми се убави и двете лабела, ама она со мед ме потсеќа на зима, па ако го немаш користено плавото до сега, да сум на твое место, би го купила него. Колку за да сменам.
Новите Електро, Бејби липс, на Мејбилајн да не ги пробал некој ? Сакав да си купам едно, но не знам какви се, бидејќи тие класичните не беа ништо посебно, а и овие се доста ефтини, па можно е и да не се добри многу. Ако купил некој нека сподели искуство.
Gi ima vo pogolemite marketi, Ramstore,Vero,a i vo DM bi trebalo. Vo prospektot na Ramstore pisuvase deka se namaleni i se okolu 100den. A bez popust okolu 120-130.
Од Baby Lips Electra или обичните? Ако е од обичните, го имам виолетовото и портокаловото. Портокаловото мириса преубаво, и дава црвенкаста боја. А виолетовото мириса на праска. Овој мирис по мој вкус воопшто не ми се допаѓаше на почетокот, но сега многу ми се допаѓа! Има преубава, кожа боја и дава само сјај на усните. Се мислам да си го купам и зеленото или розевото.
Дали некој знае дали можат да се најдат лабелата на Yves Rocher по аптеките? И ако може да ми препорачате некое лабело од кокос доколку сте користеле и сте биле задоволни и да го има и по аптеките Фала однапред
Сега моментално имам вакво и совршено ми е! Макар што имам уште едно кое е ВОЛШЕБНО. Не знам како да го пофалам, си ставам на сабајле и цел ден верувајте устата ми е мека, многу долго седи и не се вади кога јадиш/пиеш. Го прават во една аптека во Битола, и јас го добив од другарка ми нивна е аптеката и сега не можам да живеам без него. Има мислам два мириси од ванила и од кокос, јас го имам од кокос- совршенство!