Во ред е се тоа ама ти праша за 10 лабела затоа и пишав или почни да читаш од првата страна на темава и сигурна сум дека ќе си го најдеш вистинското.
Работната средина ми е таква што устата ми е ужасно сува на крајот на еден работен ден. Ама си го најдов спасот. Би си купила уште 10 само да сум сигурна дека нема да останам ден без лабелово.
@kajl тие лабела ги нема во Македонија, за жал. Го имам користено баш тоа розевкото на Нивеа и е преубаво. Само од надвор негде да го порачаш некој да ти донесе. @ModernMuse од каде го купи ова лабело? Претпоставувам дека не е од Македонија.
Јас го земав од Сеул.Искрено, не сум видела во Македонија козметика на Ритуалс. Ако некој друг видел нека не просветли. Дисклеимер, свесна сум дека повеќето производи што ги постирам можеби ги нема кај нас, но салам само да ви ги посочам ако идете негде и случајно налетате на нив да знаете дека има некој што ги препорачува
Порано го користев ова има прелрасен вкус и не остава боја а усните ги прави меки некако шознам..А сеа си направив сама шо глеав на јутјуб рецепт со EOS лутивче..Се става исечкана бела свеќа во длабоко тањирче,немора да е некоја голема од оние малечкине..Се ставаат 2 лажици кокосово уље и една лажица нутела!Потоа се става во кутивчето од лабелото и многу е добро.Еве линк
@Negovata Mawecka beeswax е пчелин восок, не е свеќа обична. Има и такви свеќи од пчелин восок ако можеш да најдеш овде направи си, ама со обична бела свеќа од парафин не знам колку е безбедно и ефикасно.
Дали некоја ги има користено лабелцата на Yves Rocher? Сакам да си купам некое со интензивен мирис на ванила, но без да остава боја. Овие две, исто така, ми привлекуваат внимание: А овие ги гледам низ интернетов, мислам дека се нови, но не знам дали ги има кај нас.
Ако сакаш лабело со интензивен мирис на ванила нема да згрешиш, земи си го ова на Yves Rocher јас го имам најпрекрасно е.
Сакав некое со мирис на кокос и само ова го имаше во аптека па немав избор и го земав. Искрено, презадоволна сум од лабелцево. Прекрасно е, мирисот не е баш јак како што очекував дека ќе е, а за хидрација е прекрасно. Трае повеќе време и не дава некој сјај што ќе боде во очи. Го земав за 49 денари, сосем исплатливо.
Секој си има свој вкус во бирање на лабела пред се за разлика од другите тука што можев да ги видам јас користам еуцерин чисто дерматлошко тестирано и навистина омекнува штити но и долго време стои на усни дури и да се напијам вода или јадам тоа повторно стои и за ралзика до другите не се разлигавува рашмрљава или било што ,цена 120 денари во секоја аптека .
Ако имате испукана уста тогаш одете во аптека и земете си прополис како крема и нанесувајте на устата и ќе чекате да упие и ставете некое лабело,може ќе има мало пецкање ама делува позз
Кажи ми, ја негува усната, солидно хидратантно е? Јас имам ужасно суви усни па ги меркам лабелата со макадемија и шеа
Jaс го користам ова на Еуцерин и задоволна сум. Не е мрсно и сјајно, ме нервираат такви лабела што стојат на површина и ништо не прават. Со ова не изгледа како нешто да имам на усните, ама добро ги негува. Не е скапо, околѕ 120 денари ако добро се сеќавам. Сум го користела и тоа во тубичка, ама стикот ми е попрактичен. Инаку, и од Мелем бев задоволна, само многу ми мирисаше (на Бекутан ) и тоа ми пречеше. Повеќе ми се допаѓаат лабела без мирис, или тие што неутрално мирисаат.