И доколку си во можност можеш да си го набавиш eos од јаготка или летно овошје најубаво ги негува усните ама тоа само негде бо странство го има околу 5евра или 4 е ама ќе го купиш и си немаш мака)
Не ми е за парите ама незнам каде да го најдам Цел Охрид го пребарав, секоја парфемерија ама не го најдов, на али експрес го порачав и не ми стигна баксузче сум си
Леле еј и јас цел Охрид го пребарав и Eos лабело не најдов, исто го порачав од Aliexpres и Amazon, ама не ми стигна. Кажете некое лабело што е слично на Eos, затоа што многу ми пукаат усните ова време и ниедно лабело не ми помага сите ги пробав и нема никаков резултат..
Јас го купив од Тинекс, но сигурно го има и во аптека. Ми ја опоравува устава за неколку дена коа ми е таква, испукана.
Од Rosal ниедно не ми помага, а не ми текнало да земам Hydro care, утре ке земам и ќе видиме. Ќе ви пишам дали имаше некаков резултат. Инаку фала што пиша бидеќи ова веќе не се трпи.
Девојки , овие лабела на ЕОС ги имате овде инаку во мк сигурно ги нема а не порачувајте од алиекспрес тоа се се фалсификати таму http://search.evitamins.com/search?asug=&w=eos
Од овој сајт имам порачано омега3 и ми стигна за околу 2 недели.Инаку странава е американска , и за прво порачување мислам дека имате по -5 долари попуст. Инаку слична е како iherb.com @Beautiful_girl.. @Bella.FCB
За феминките погоре, правете и пилинг на устата Јас правам со малце турско кафе, малце шеќер и маслиново масло стајте за да се соедини смесата. Ама немојте многу, не треба да биде течна, ако е погусто. Така тријте на устата пола минута-минута и од коа ке се исплакнете ставете лабело. Многу брзо има разлика
Со било кое од овие две нема за згрешиш: Мелем е најевтин во Зегин, околу 150 денари, додека универзалниот балсам на Орифлејм вообичаено е нешто поскап ама во овој каталот е на намалување и е исто 150 денари. Доколку не ти се практични овие лабела што се во кутија, би ти го препорачала ова на Неутрогена. Не е кремасто и некако потешко се размачкува ама како ја лечи сувата кожа на устата...(прашај паталец). Цената е исто околу 150 ден и би требало да го има секаде