Моментално овој го користам: thebodyshop, lip butter blueberry. Преубава хидратација, одлична нега, прекрасен мирис! Не сум по овие кутивчињата, повеќе сакам стик лабела, ама поради она што добиваш, пакувањето е занемарљиво.
Планирам да купам eos лабело. Го има на штандот на Flormar во трговскиот Palma Mall во Тетово, 250 денари е. Ме интересира дали помага за сува уста?
Ако го занемарам пакувањето, ова е прекрасно! Веднаш ги омекнува усните, а во мирисот се заљубив! Иако пакувањето на прв поглед изгледа многу мало, сепак споро се троши. Цената е 95-100 ден.
Pred nekoe vreme si kupiv novo labelo - Labello Soft Rose i epten sum zadovolna, ostava nekoja mnogu nezna roze boja skoro neprimetna, nema nekoj poseben miris ama usnite gi pravi premnogu meki i trae sigurno edno 3-4 casa.
Домашно лабело од кокосово масло,невеново масло и чоколада по рецепт на @Biodevojka .Кутивчето не е баш мн претставително бидејки немав друго но мирисот е преку одличен
Браво за тебе. се надевам дека ефектот и дејството ќе те задоволат!!! Ти благодарам што ја сподели оваа твоја креација!!!
И јас зедов пред месец дена вакво и стварно е добро, од ДМ 80 ден. беше, а пред некој ден видов 2 вакви исти лабела дали за 98 ден беа, не знам сигурно ама фактички едното ко гратис одеше
Лабело за усни само од неутрогена премногу е добро одма ги омекнува усните..го има во дм 146денари е ама вреди...има 2 вида едното е со фактор 4 а другото е со мирис на нордиска малина(јас го имам ова)
Феминки можете ли да ми кажете каде можам да го најдам лабелото на Нивеа-Vitamin shake, тоа розевкото. Пред некое време го добив на подарок, и беше одлично, ама го потрошив и сега сакам да си купам ново Голем обожавател сум на лабела, посебно на тие овошните.
Некое фино лабело што остава црвенкаста трага, а да не e од тие со шејкови мејкови од Нивеа (зошто ми се мн течни/мрсни) и на Мејбилајн, ич не негуваат...
Не се сомневам во мирисот Од каде го зеде и колку е? Ванилааа Знам дека ги има во ДМ, но од каде го зеде? Гледав во ГТЦ, Веро Џамбо и Сити Мол, го немаше.
Здраво ако ти се експериментира може да го направиш сама за 10мин. и тоа според твојот сопствен вкус и желба. Во зависност од состојките што ди имаш дома избери помеѓу овие три варијанти: 1. Со чоколадо една кафена лажичка кокосово масло една кафена лажичка рицинусово масло еден ред чоколадо (3 до 4 коцки) ти советувам бело чоколадо затоа што му додаваш кармин во боја. малку кармин со бојата која сакаш да ја има лабелото Во еден сад стави ги сите состојки (освен карминот) и стопи ги на пареа. Убаво помешај и додади мало паченце кармин (по твоја желба) Префрли ја смесата во едно празно чисто кутивче и ете, твојот балзам за усни е готов. Хранлив, убав и бојата по твој вкус. 2. Со мед една ипол кафена лажичка пчелин восок половина кафена лажичка мед 3 кафени лажички рицинусово масло малку кармин Во еден сад стави ги сите состојки (освен карминот) и стопи ги на пареа. Убаво помешај и додади мало паченце кармин (по твоја желба) Префрли ја смесата во едно празно чисто кутивче и ете, твојот балзам за усни е готов. Хранлив, убав и бојата по твој вкус. 3. Со какао путер 1 кафена лажичка какао путер; 1 кафена лажичка пчелин восок; 1 кафена лажичка рицинусово масло малку кармин Во еден сад стави ги сите состојки (освен карминот) и стопи ги на пареа. Убаво помешај и додади мало паченце кармин (по твоја желба) Префрли ја смесата во едно празно чисто кутивче и ете, твојот балзам за усни е готов. Хранлив, убав и бојата по твој вкус. Ако имаш желба да експериментираш ептен е забавно. Било која варијанта да ја одбереш е хранлива се менува само цврстината на производот и густината. Поздрав.
@shining_star си била баксуз, јас од Капитол го земав, али сигурно им се потрошиле и таму, помини за неколку дена откако ќе пројде предновогодишниот хаос.
Oфицијaлнo веќе гo дoнесoa вo ДМ лaбелoтo пoзнaтo кo lip smacker сo мирис нa кoкa кoкa Гo купив и мирисa прекрaснo кaкo чaшa кoкa кoлa пред тебе Вaкa нa усни не гo прoбaв aмa ќе пишaм пoдетaлнo Истo тaкa видoв лaбелa chupa chups сo мирис нa лубеницa и јaгoдa. Прaшaње дo @dm drogerie markt Дaли ги имa и oстaнaтите lip smackers сo мирис нa фaнтa, спрaјт итн? И aкo не дaли ќе ги дoнесете вo иднинa?
Подобро лабело од она на Мелем сеуште не сум пробала. Толку ја омекнува устата, а има некој бебешки фин мирис... Во споредба со Неутрогена негува и омекнува многу повеќе, не се стврднува на устата ако е ладно, се впива, но и останува како заштитен слој. Преубаво нешто. Го препорачувам од срце.
Јас сум презадоволна од Burt's beez за секојдневна употреба , baby lips во боја за кога излегувам надвор.
Ги пробав и двете и можам да кажам дека Мелем е поубаво и подобро, се согласувам со ова што си пишала за лабелото на Неутрогена.
Jас сум презадоволна од baby lips maybelline , не го мењам за нишо живо Преспивам и утредента устата омекната цела , поминувам само со четка за заби да ја измазнам