Остава! И тоа претежно по рабовите на усните, а по внатрешноста не толку и не делува убаво кога ќе се исуши како неквалитетен, избледен и полуизбришан кармин Јас често го купував порано, доста мрсно лабело е, и пак би го купила ако сакам ете црвенкаст сјаји НАЈМНОГУ ради мирисот и вкусот на вишни што ми е еден од најомилените, но сега ги користам понежните лабела. Делумно го препорачувам, делумно не, просечно лабело е, на Нивеа црвеното е подобро од ова
Епа фала Плавушке,колку ми е привлечно вака Чери Лејди ,ама изгледа ништо од тоа.. Го имам тоа од Нивеа црвенкото Убаво ја хидратира устата,остава доста боја,а за мирисот да не збориме Ама доста ми е едно црвено
Оваа го користам веќе 2 дена. Инаку верна сум им на росал. Претходно го користев лилјаковото,но оваа ми е поубаво.
Јас го користам ова и многу сум задоволна Не остава боја, ги умекнува усните и прекрасно мириса. И многу долго трае Сум користела и многу други лабела кои траат долго, но ова со сигурност тврдам дека најдолго трае
Ja би предложила дефинитивно http://just-you-are-in-my-world.blog.hr ... ererfr.jpg росал и нивеа http://www.beautyheaven.com.au/product_ ... -2010_.jpg
Јас го имам плавото,стварно највеке се задржува на усните(ставам пред да си легнам и сабајле се будам со лабело) ама мирисот не ми се свиѓа баш
Пред некој ден го купив лабелото на ГАЛАФАРМ од касија... и навистина сум задоволна. Доста е хидратантно и убаво мириса. Обично сум скептична кога ќе видам поефтини производи и мислам дека не се квалитетни, но во овој случај не погрешив што го купив
Во последно овие ги користам. Двете ги имам. Тоа белото ми ја прави устата мека и дава сјај. А црвеното е обично лабело, малко ептен бледа боја остава. Ништо посебно. Ама сепак, колку пари - толку музика. По 60 денари мислам дека ги зедов, не чини да се бунам сега
Да ви го покажам новото лабело од кокос што си го земав за 50 денари а ми ги прави усните многу меки и убави
Девојки ако сакате стварно добро лабело,особено за во зима, пробајте го лабелото од невен на Логона, го купив во зегин во ГТЦ и стварно е фантастично и топло ви го препорачувам
Мене мелемот за усни ми е најдобар,тој хрватскиот во сребрена опаковка е.мммм,на цимет мириса и усните се перфектни.
Балзамите и Пилинзите за уста на Lush се прекрасни..Малку поскапи но убави се ако ви се даваат малку повеќе пари. Во Рамстор се наоѓа доколку не знаете
лабела на нивеа користам,сега за промена на росал земав розевко такво и ептен е убаво и ги прави усните меки и им дава хидратација
Добри пари имам трошено за лабела,пуста испукана уста нема друго чаре.На Rosal најмногу имам трошено,и ај викам да пробам нешто ново мислам дека 1 саат ги меркав лабелата Nivea или Garnier,Nivea или Garnier ии се одлучив за Гарниерот ем хидратација ем сјај демек . Господеее што боја ќе беше тоаа бледааа..мртва уста живо тело.. Mezzaluna воскресне иначе ете ја легендата Топло НЕ ви ја препорачувам
Незнам дали може да се најде во Македонија лабелово ама совршено е! Јас имам 4-5 од Австралија ми се донесени и стварно се добри за испукани усни или како сјај се добри убавка боја даваат
За ништо на светов не би го менувала чоколадниот тендер балсам од Орифлем ! Единствено него го употребувам од таа линија ама е незаменлив. Во принцип јас имам ептен чувствителна уста како и повеќето тука, па се одлучив за него , а и сите ми го фалеа Со задоволство би ги пробала и останатите видови од Tender care ако ги има во следниот каталог . Овој балсам од мед верувам сите го знаете ама мене уште не ми е пробан ..навивам за него