Дефинитивно едно од најдобрите лабела што некогаш ги имам користено има некој мноогу нежен мирис, не можам да проценам, понекогаш ми мириса на чоколадо, понекогаш на некои колачиња, долготрајно е, остава многу нежно розева боја, скоро неприметлива.
Ако го има кај нас на сите топло ви го препорачувам лабелово. Без конкуренција најубавото што сум го имала до сега
Си го порачав лабелцево од авон убаво ли е?Го земав бидејќи знам дека е убаво производството имав лосион од истава марка и прекрасно мириса на јасмин.Но незнам каков ефект има биддејќи усните ми се многу суви.
Воопшто не сум задоволна од лабелцето од авон со арганово масло, дополнително ми ја лупи устата и лабелото после користење морасо прст да го туркам надолу зошто не може со вртење да си се врати
Гледав на Labello имаше што оставаат розева и nude боја на усните, така како на средина имаат бела точка, ги пробал некој? Јас барам нежно розево да остава, или нешто измеѓу розево и nude
Od Melem sum mnogu zadovolna.Zimskiov period usnite mi se premnogu suvi,no blagodarenie na toa labelce mi se omeknuvaat i normaliziraat.
Јас имам исклучително суви усни. Доколку не ставам лабело, посебно на времево кога е ладно за кратко време може и херпес да ми искочи. Имам пробано лабела на Росал, Нивеа, Лабело, Мејбелајн и др. но за мене Алверде се најдобри. Еднаш ставаш и неколку часа ти е хидратирана устата доколку не јадеш или пиеш, ја прават доста мека и нежна устата. Силно ги препорачувам лабелата на Алверде