Ве молам препорачајте ми некое убаво лабело. Устата ми станува премногу сува и испукана од ладното. Имам пробано некои лабелца од Авон, на Лабело, но ни тие ни тие не ми помагаат. Некако не упиваат добро, не ми ја омекнуваат устата. Предлог?
@Luminary Можеш да пробаш со ова. Јас го користам уште од летото и презадоволна сум. Има екстракт на пеперминт и изгледа како да имаш ставено кармин со боја на кожа. Го купив од Тинекс, мислам дека беше околу 150 денари. Исто така и сјајов од Eucerin е доста ефикасен за испукани усни. Содржи витамини и ја потхранува усната, безбоен е и течен. Не е лабело.
Топло ти го препорачувам лабелото на Алверде со невен. Пробав секакви лабела, од најевтини до најскапи, но од ова досега сум најзадоволна. Плус чини некаде 60 денари, што е ептен исплатливо. Исто кога си во можност прави си пилинг со шеќер и пред спиење ставај некое масло како кокосово или бадемово.
Лабелото од лакалут. Преубаво е, јас непланирано го добив со паста за заби а се покажа феноменално. Пред се мачев со лабела на балеа бејби липс (иако црвеното бејпи липс многу ми се допаѓа каква боја пушта, околу нега на усни нема ништо посебно) или ако не лаклут, со росал нема да погрешиш.
@Luminary, прашај паталец Мелем (било во стик, било во кутија, и двата се супер, иако мене како поделотворно ми се има покажано тоа во кутивка) Неутрогена (ич не бев одушевена на почетокот зошто некако е посно кога ќе се нанесе ама после ден, два користење се осеќа огромна промена кај усните. Не дава моментален резултат и олеснување, но од друга страна длабински делува и стварно лечи) Орифлејм универзалниот балзам (оригиналниот, во розева кутивка) Лабело ( со ванила и шеа путер во стик и ванила и макадемија во кутивка) Алверде (жолтото со невен) Росал (синото)
@maggy95 Moжеш да го најдеш во Зегин аптеките, би требало да го има и во други добро снабдени. Цената му е околу 200 денари.
Многу едноставно. На влажни раце земам шеќер и тријам нежно на усните. Можеш да ставиш и некое масло (бадемово, кокосово, маслиново) да го изешаш со шеќерот и да го нанесеш. Потоа лабело и спремна за
Можеш да правиш пилинг на усните и со стара четка за заби. Четка што веќе не ја користиш,не ја фрлај, само четкај ги усните. Може и со таа што си ја користиш моментално за забите. На суви усни со сува четка првин, после можеш да намачкаш нешто за нега. Со триењето се зголемува и циркулацијата и усните добиваат убава боја и свежина.
Балеа виолетовото лабело,нема да зажалите ми ја опраи устата за неколку дена,многу ми беше испукана чини 100 и нешто денари во Дм