Презадоволна. Лабеломанка ако постои таков термин тоа сум јас Никогаш немам само едно две лабела,четири да речеме е минимумот Еуцерин лабелото ми е едно од фаворитите меѓу лабелата. Друго исто така добро лабело ти е на алверде она жолтото со невен што е. п.с. јас овој на еуцерин го користам
Јас си купив балсам за усни од La Soy. Не знаев дека почнале да произведуваат и балсами за усни, се изrадував многу. Спакуван е во кутивче како гроздова маст, со таа разлика што во составот нема парафин туку употребени се чисти масла и пчелин восок. Имаше неколку видови (какао, лајм, калинка и кокос), јас си го одбрав тоа со мирис на кокос. Прекрасен е, ми доаѓа да го изедам. Многу е хранлив и навистина ја негува устата и хидрира длабински. Можам да замислам како би мирисал тој со какао, ќе го купам деновиве. Чини 100 денари инаку. Со оглед на тоа што има навистина фин состав со хранливи состојки - се исплати, би поминала и преку непрактичниот начин на апликација. Иако не е толку страшно, доволно е широко кутивчето за да се земе од производот без проблем.
Јас го сакам лабелото на Мелем. Најубаво ми е за овој период, поради сувата кожа што ја имам во зима. Засега тоа ќе го користам, а понатаму може да го пробам ова на La Soy
Melem go nemam probano, cela kolekcija doma imam samo frlam pari i nisto ne mi pomaga. Ok e samo dodeka mi e namackano na usta
Од кога го открив лабелово, друго немам купено. Само пофални зборови имам за ова лабело, совршена нега за усните. А и цената е повеќе од добра - 59 денари.
Мене најмногу за во зима ми се погоди лабелото на Carmex. Не ми беше од тука, но видов дека го има и во dm. Ставав на усните најчесто пред спиење, и помеки никогаш не ми биле! Значи премногу помага за испукани суви усни.
Mорам да ги испофалам лабелата од Yves Rocher. Првото е со јагода, убав мирис и не е оној типичниот на лабело јагода, одлична хидратација и најмногу ми се допаѓа што остава црвена боја со малку сјај, ама изгледа потполно природно и ми е апсолутен go-to зимава. Второто е со макадамија, има препрекрасен мирис, ептен ми се допаѓа и само го душкам, и помрсно е и многу хидратантво, скроз зимски.
Јас обожавам лабела, премногу ги имам од мала си собирам. Сега користам од Rosal - Macarons, од боровинка, лилавото. Предобри се, единствено нешто по кое се разликуваат од другите е тоа што навистина имаат силен вкус и само ќе си ги лижете усните.
Читав на интернет совет од една стилистка на познативе личности дека за интензивна хидратација на усните помага крем за околу очи бидејќи кожата околу очите и онаа на усните е понежна и потенка и е подлежна на сушење , па пробав навечер , ставав од кремот за очи и на усните веднаш се впива па по извесно време си ставам и лабело и стварно дејствува
Девојки, од лабелава на Алверде, освен тоа од невен (што го користев цела зима и сум многу задоволна) какви други има? И дали се исто толку добри како тоа од невен?
Јас видов едно ново од Алверде (некаде јануари излезе во продажба ) , со цимет и јаболко мислам дека беше ако некоја го пробала нека пише
Летоска имаше лимитед едишн со бобинки, не се сеќавам баш точно, но не беше хидратантно како ова од невен. Имаше посува структура и за кратко време се губеше од усните.