Го имам третото и остава малку розева боја со ладен подтон. Помалку пигментирано е од тие на Росал, но повеќе хидрира. Јас го користам врз обичните мат кармини на ГР или врз молив. Инаку, дали го има тоа nude кај нас или некоја да ми препорача било какво лабело што остава таква боја?
Го има nude kiss кај нас, јас го имам и го користам доста долго. Многу ми се допаѓа, има фин мирис и остава нежна трага. Како за споредба, пигментацијата е две-три нијанси послаба од Stylo sheer shine кармините на GR. За секој ден е супер, а како подлога под кармин не ми се допаѓа баш - премногу е „маслено“ некако, па ми се лизгаат моливчињата за уста по него.
Дали хидрира добро како жолтото од Алверде (доколку го имаш коростено)? Усните ми се многу суви, и тоа на Алверде беше единствено што ми помогна, само сега сакам да сменам малку, па се прашував дали ова е барем приближно добро.
^Јас уште го имам мелемот. Многу ми се допаѓа и за под суви кармини е идеален, без него ако ставам мат кармин партал ми е устата. Е сега гледав на нивеа добиле слични на еос има некој пробано?
Многу сум задоволна од Мелем. Остава подебел слој и супер ми ја хидрира устата. Спас ми беше во студените денови.
Девојки, ги има некоја пробано путерите за усни од Галафарм? Случајно ми излезе сликава на фб, не ни знаев дека воопшто постојат Па уште кога видов дека имаат со нане, готово, ме „купија“ Од Галафарм со години наназад им ги користам маслата и ацетоните па претпоставувам дека и путерчињата им се добри
Јас го имам оној со ванила и праска. Мислам дека го купив дури 31 денар од Еурофарм. Мириса одлично, негата е во ред (мене ми беше убав), но на база на парафин е - во случај ако составот ти е битен.
Здраво феминки, има ли некој пробано некое од овие две лабела ? Да сподели искуство ? При крај ми е Еуцеринот па се мислам што да си земам