1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лабораториски животни за научни цели

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tan4ence, 2 декември 2018.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Барав слична тема и најдов околу козметика тестирана на животните и за заштита на животните, но темава е повеќе околу лабораториските животни кои се користат исклучиво за научни цели, како на пример тестирање лекови за одредени болести, форензички истражувања и слични.
    Читав еднаш за случај каде што активисти за права на животните подметнале пожар во лабораторија во која се вршат експерименти со животни додека внатре имало вработени. Не успеав да го најдам линкот, но мислењата на луѓето околу настанот беа поделени. Одредени сметаа дека биле во право со постапката бидејќи на тој начин теророт вршен врз тие животни таму прекинал, други ги осудуваа дека можеле да станат повеќе убијци отколку нечии спасители.
    Исто така сум читала и слушала осудувања од некои вегани дека ниедно животно не смее да страда за каква било цел.
    Лично како студент по биологија секој ден поминувам време во лабораторија каде што работиме со изолирани ткива oд стаорци или пак проучуваме градба на други животни и можам да кажам дека добро ја сфаќам потребата тие животни да мора да се користат за научни цели и дека некогаш нема начин да се заменат, што пак не значи дека јас од друга страна не сакам животни.
    Ме интересираат вашите мислења. Дали сте за или против користењето на лабораториските животни? Дали ви работеле работа која вклучува нивно жртвување? Или пак дали истото би го спречиле доколку би имале можност?
     
    Последна измена: 2 декември 2018
    На Peperutce1115, Victorian, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Во поглед на искористувањето на лабораториските животни за научни цели, би рекла дека целосно го поддржувам ова, како што и самата имам одредено искуство бидејќи сум го применувала за мои лични потреби и експерименти и изуми.

    Сметам дека животните не мора исклучиво да се користат само од областите на медицината, туку и од други области, како што верувам дека самите животните и нивната сличност со човечката днк, нивниот начин на реагирање на одредени експерименти, искористувањето на нивните делови од телото, можат да биде екстремно корисно во научниот свет и да послужат како инспирација.

    Секако дека да. Како што кажав дека веќе имам одредено искуство со ова, не ми претставува никаков проблем да се жртвуваат животните за потребите на науката.
    Всушност, лично за мене, животните претставуваат инспирација за нови научни концепти кои се стремам да ги постигнам, а еден од нив не е поврзан со медицината, како што е најчест случајот, туку од областа на сателитската навигација за креирање на систем кој функционира според начинот на реагирање на ресивер вметнат во мозокот на едно животно од страна на трансмитер управуван од човекот.

    Не, во никој случај не би го спречила ова. Ова прашање сепак е субјективно и главно зависи од перцепцијата на човекот кон постоењето на животните, односно дали истите имаат некаква вредност.

    Сепак, луѓето како најинтелигентните суштества на оваа планета имаат предност во поглед на останатите животни да ги искористуваат.

    Меѓутоа, секако постојат и луѓе кои сметаат дека искористувањето на животните за научни експерименти е погрешно и дека според фактот дека и животните, генерално, чувствуваат болка и имаат т.н. животинска свест, претставува нехумана манифестација на човековата природа.

    Јас, од друга страна, би го опишала ова како "неопходно зло" за да се постигнат виши цели во името на развојот и напредокот на науката.
     
    На Lianna Anna, WildMk, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.123
    Допаѓања:
    43.672
    Пол:
    Женски
    1.Против сум бидејќи не гледам некоја корист од заморчиња и нивно труење.
    2.Не
    3.Да
     
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    52.558
    Пол:
    Женски
    Не знам искрено, сурово ми е животните да ги мачиме заради сопствени цели. Ама од друга страна колку овие експерименти помогнале да се спасат човечки животи.

    Воглавно, "жртвување" на животни поддржувам само кога е за прехрана ( потребни ни се во исхраната бидејќи сме омнивори) но само ако и при тој процес не ги изложуваме на непотребно страдање. Прехраната со животни е исто така за човечки цели, како и експериментирањето со нив.

    Јас не би работела со експериментирање на животни, многу ми е болно кога ќе помислам низ што се поминуваат. И би го спречила тоа ако имам можност. Само затоа што човекот како т.н. најинтелегентно битие знае тоа да го прави не значи дека тие треба да страдаат. Сите имаме душа, осеќаме болка и сите сме создадени од исти атоми, без разлика дали станува збор за луѓе или животни.

    Јас би како најдобра опција овие експериментирања да се прават врз педофили, (сериски) убијци и други тешки криминалци. :)
     
    На Victorian, candy.cane, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Можеби е жално, но до некаде да не беа испитувањата за лекови и лекување болести на одредени животни кои што после ќе беа применети на нас, ние немаше сега да имаме толку развиена фармација и медицина. Сепак поддржувам, поготово за битни истражувања кои ќе придонесат за напредок на општеството.

    А за праксата на факултети кога се работи со животни, искрено некако сум против. Беспотребно малтретирање на животните според мене...
     
    На Peperutce1115, Victorian, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    11.197
    Пол:
    Машки
    Сум за користење на животни за лабараториски цели, премногу добро има излезено од тоа. Баш пред некој ден ја размислував темава и најдов интересна слика од статуа во Русија која искажува почит кон лабараториски глувци. Мислам дека луѓето што работат со нив се свесни за тоа што го прават, не го гледам тоа како злобно нешто.

    [​IMG]
     
    На BoneMachine, Victorian, J@cqueline и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Женски
    Против сум за експериментирање врз животни за било какви сврхи. Има доволно шљам од луѓе во светов, тие можат да се искористат.
    Не би работела работа ако вклучува малтретирање и да, ако би имала можност, би го спречила тоа.
     
    На marchi-cool и daylight им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Против. Голем број сознанија во медицината можеби биле добиени преку експерименти со животни, но токму тоа е причината зошто нема потреба повеќе од такви експерименти.

    Зошто секоја нова генерација на студенти да сецира животни кога претходната тоа веќе го направила? Имено новите генерации со сецирањето не утврдуваат ништо ново!

    Наместо тоа знаењето на претходните генерации може да се пренесе за изработка на вештачки модели и цртежи какви што впрочем постојат на секоја посериозно опремена катедра по медицина.
    Особено во денешно време со силниот развој на компјутерска технологија и 3-Д печатачи, тоа е надмината работа.
    Не. Жртвувањето животни ја оптоварува човековта душа и доведува до нови страдања и изложеност кон природни катастрофи и трагедии. Она што човекот му го прави на животното порано или подоцна му се враќа нему.
    Да, но никако со насилни методи, туку со едукација и нудење/барање алтернатива.

    Поентата е да дојде до мир помеѓу луѓето и животните.


    Кон темава го препорачувам книжето:

    Експерименти со животни: Неми крикови што до Небото досегаат - Вивисекција од духовна точка на гледиште (англискиот наслов гласи: Animal Experiments - Silent Pleas Crying Out to Heaven - Vivisection from spiritual point of view)

    vivisection-from -spiritual-perspective.jpg

    како и аудио-брошурата (ЦД) Пророк: Убивањето животни е смртта на луѓето

    cd_prorok_16.jpg
     
    На Ketchup, Victorian, J@cqueline и 3 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    не сте ни свесни колку лабораториите експериментираат и со нас. Авал да ви е како можете да поддржувате такво нешто. А кога се во прашање ваши деца? Ко на пример моменталната експериментација на многу болести со помош на вакцините? Или само за вашето е битно.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Јас сум за експериментирање врз животни. Не е страшно како што PETA прикажуваат. Тие имаат и плаќано луѓе за да прикажуваат хорор снимки, а да не збориме па за нивната хуманост. Сум ја видела другата страна од животните користени за лабораторииски експерименти, и се додека благосостојбата на животното е запазена, немам ништо против. Одредени животни од секогаш ни служеле во нашите животи, и ние како одговорни врз нив треба да внимаваме на нивната благосостојба и да им овозможиме комотен живот, додека ја извршуваат нивната намена. Секаде има расипано јаболко, и не го исклучувам фактот дека навистина има животни кои се малтретирани, но за да се справиме со тој проблем, застанување на страната ваквите екстремисти чија цел е ништо друго освен да ја реализираат нивната замисла не е вистинско решение, зашто ситуацијата ќе биде доведена до геноцид на било кој вид животно кое со години наназад е создавано за да извршува одредена задача (дали е тоа лабораториски стаорец, службено/работно куче или крава/говедо за производство на храна).
     
    На Someonespecial, Tan4ence и WildMk им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ако не прават тестирање на животни, ќе треба право на луѓе.
    Спремни сте да заштитите животни, на сметка на жртви луѓе?
     
    На Lianna Anna, BoneMachine, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.779
    Пол:
    Машки
    Некои категории на луѓе,како педофили,убијци е тоа може директно таму да бидат пуштени и да им се прават експерименти.
     
    На marchi-cool и Miss666 им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Тоа е кршење на човековите права. Кои, бај д уеј, и ти ги уживаш...
    Утре и тебе може некој да ти ги скрати, ако веќе се чепка таму.

    И за тебе важи она погоре.
     
    На candy.cane и Orthophill им се допаѓа ова.
  14. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.779
    Пол:
    Машки
    Тие веќе со нивните претходни постапки скршиле или убиле други човекови права.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ама човештвото научи дека око за око, го остава светот слеп.
    Напредното...
     
    На Victorian, candy.cane, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.779
    Пол:
    Машки
    Тие немаат допирна точка со човештвото.Кога би излегле од затвор пак би го повториле делото т.е.шансите се големи, тоа ти е дијагноза не е од небрежност.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не може така, затоа има судови! Што се расправавме до сега, за спроведување и напредок на закони?

    Пс. криминалот не е секогаш дијагноза.. односно ретко е причина на дијагноза. - и тоа се знае, меѓу другото.. поради експерименти со животни :D
     
    На candy.cane, Orthophill и Heartagram им се допаѓа ова.
  18. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Да не бил Јозеф Менгеле, кој воедно бил и фашист и кој експериментирал со луѓе, медицината денес би била многу назад.
    Најмногу бил наклонет кон експериментирање со деца, близнаци и штотуку породени мајки. Бил фасциниран од врската помеѓу близнаците и врската помеѓу мајката и детето како што е мајчинската интуиција и сл. Една од поголемите цели што сакал да ги постигне во тие експерименти било да успее да ја промени бојата на очите, во што и не успеал. Тој вршел и експерименти од типот: фрлање на човек од хеликоптер на различна висина. На пример што ќе му се случи доколку падне од 10 метри, што од 15, 20 ...итн. Значи од комплицирани до толку банални експерименти. Мајките ги држел изолирани, им дадал за храна само живо месо и не им давал да си ги видат новороденчињата, за после одреден период да ги прегладнува и за конечно да им ги даде нивните бебиња кои не ги препознале, развиле толкава агресија од живото месо и прегладнети ги растргале и изеле.
    Денес сигурно постојат лабаратории на кои се експериментира на луѓе, најверојатно некои кои немаат никого или сиромашни за кои нема кој да ги бара или има ама нема доволно средства и нема ниту каде да се обрати за помош.
    Муабетот ми беше дека се експериментира на се живо на планетава, дури и на растенијата. Зошто се потивки и помалобројни побунителите за растенијата? И тие се живи суштества кои чуствуваат болка исто како луѓето и животните. Е сега разликата е тоа што експериментите на животни и растенија е легално (се додека тие се глувци или се работи за некој вид што не е редок и загрозен-сигурно нема да биде легално да експериментираат на панда мечки или делфини...), а кај екепериментирањето на луѓе не е легално. Ама сепак го има и го имало од секогаш.
    Е сега за да нема таква болка на ниедно живо суштество на овој свет ние треба да се откажеме од науката, наместо да ја надвладееме, да де покориме на природата и да се препуштиме таа да владее со нас. Сметате дека човештвото може воопшто тоа да го земе во размислување, а не па да го реализира? јас сметам дека не може, од едноставна причина: тоа не р во неговата пророда, роден со желба за знаење, да знае се, да ги открие сите тајни на универзумот,смислата на животот, лек за смртта.
    Еве да речеме се забрани со закон експерименти дури и со глувци. Дали тоа е решение на проблемот? Секако дека не! Ако може нелегално да постојат установи во кои се експериментира на луѓе, зошто да нема и на животни?
    Еве јас имав другарка која имаше склучено договор за пари со фирма за козметика да врши експерименти врз нејзината кожа. Тие прават крем и пред да излезе ви производство потребно е да биде испитан. Па таа легално си се потшипува дека фирмата нема да одговара доколку се случи нешто со нејзината кожа, го зема кремот дома, го користи одредено време кочку што и налагаат и потоа се враќа назад за да видат како делувал кремот.
    Што уште да правиме муабет кога ни закон, ну затвор ни било што друго нема да спречи експериментирање врз живи суштества.
     
    На J@cqueline и candy.cane им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Колку што ми е познато постојат луѓе кои доброволно се нудат за финансиски надомест кога се извесни медицински експерименти во прашање.


    п.с. Не спаѓам во таа категорија.
     
    На Victorian, J@cqueline и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Против.. Затоа што животните воопшто не се должни да бидат жртви на нечии психопатски замисли.
    Никогаш не би учествувал во експеримент на животно.
    Би го забранил ова да имам моќ.
    Многу подобра опција е да се експериментира на затвореници кои имаат потчинето тешки криминали, убиства, силувања и слични работи.
     
    На Miss666 и marchi-cool им се допаѓа ова.