Кога животот ке ви биде во критична состојба и во последните минути на свест имате право да бирате да ве оперира хирург кој цела своја обука нит вежбал на животно нит ништо или хирург кои за време на студии вежбал и учел на експериментални животни тогаш ќе правиме муабет што е оправдано врз животни а што не. И да знаете ако се намножат глувците во преголем број шират разни зарази, има метрополи кои се преплавени од овие штеточини па жално било да се експериментира на нив ама не било жално да се ексериментира со педофили, силувачи во затвор. Абе убаво речено човек на човека волк-Homo homini lupus.
Да. За некои тестирања, се користат луѓе. Ама пред тоа се тестира на животни, затоа што сакаат да бидат сигурни дека нема да убие некого, ако право на човек го пробаат.
Колку и да ги сакам животните и иако сметам дека сечиј живот е еднакво вреден, факт е дека некои истражувања и експерименти бараат користење односно жртвување на животни за таа цел. Спрема тоа, не би направила ништо за да ги спречам тие жртвувања, науката има потреба од тоа, а кога се работи за тестирање на производи, едноставно мора прво така, пред да бидат пуштени во употреба. А дали јас лично би работела работа која вклучува жртвување на животни, мислам дека не. Она што сум избрала да го работам е нешто сосема поинакво од вакви испитувања.
Права морална дилема, бар за мене. Колку год да ги сакаме животните, човештвото е егоцентрично и е фокусирано на сопствениот опстанок, па така во некоја мера може да се замижи т.е да се оправда нешто вакво кое од една страна е неморално, ама е неопходно. За жал или за среќа, некои животински видови се одличен модел за истражувања, за да се дојде до вистинскиот резултат за реакцијата на одреден лек преку биохемиски и физиолошки реакции. Се тешам дека потенцијалната корист од одреден експеримент ја надоместува неморалноста од жртвувањето на друго живо суштество. Имам прочитано дека болката и патењето им се сведени на минимум за време на вршење на тестирањата, со закон се обврзани на ова. Ете сакам да верувам во ова и се надевам дека е така. А вие што сте против, за да ви поверувам, треба да се изјасните дали сте вегетаријанци, дали користите медицински препарати и лекови, козметика, дали избегнувате производи со животински адитиви, дали носите хемиски обработена кожа како облека или пак чевли, дали доброволно би се пријавиле за одреден експеримент пошто сочуствувате со животните и тогаш би ви поверувала. Вака сте само лицемери.
До некаде се согласувам а до некаде не. Дали животните ќе се употребат во експериментирање за добро на човештвото или ќе се остават енормно да се накотат или бидат изедени од појаки од нив животински видови што е сосем нормално во синџирот на исхрана во природата резултатот е тој. Но во првиот случај тие се алатка за добри и хумани дела. Сите сакаме да сме здрави ако има случај на состојби кои мора да се лечат со лекови а никој не размислува дека секој лек пред да се пушти во промет се испитува низа години на експериментални животни а некои и на луѓе во последната т.е. 4тата фаза од предклиничките испитувања. Така да да лицемерни се повеќето како што спомна погоре @lovestoneddd . Ама пак лицемерие рулс и тоа е, бар се увидува кој на што е.
Се согласувам. Некогаш овој поим се корости како оправдување, а некогаш е навистина неопходно. Во секој случај колетералана штета мора да постои оти светот по природа е создаден така да функционира. Е сега човекот како што си е даден како манипулативно суштество, нормално ќе искористи ситуации за да се оправда и да не превземе одговорност за грешката.
Секако дека има закон за оваа работа. Конкретно се регулира преку 3R принципите - 1. Reduction - користење на што е можно помал број на животни при експериментот; 2. Replacement - кога е можно, да се користат методи за кои не се потребни животни; 3. Refinement - удобно сместување, соодветна грижа за животните додека се живи и за време на експериментот. Исто така намерно се одбрани стаорците како едни од најсоодветните поради тоа што многу брзо се размножуваат, односно не би дошло до загрозување на видот и поради сличната физиологија со човекот. И да се вегетеријанци, ќе кажам - сигурно до денес испиле некој лек или во иднина ќе им притреба. Па и за многу болести се откриени лекови преку нивно тестирање, Недајбоже сепак да им притреба нели, ама не се знае. Останатите работи можат да ги применуваат, ама конкретно да им притреба некој лек, тогаш не е баш избор. А голем дел од лековите се тестирани врз животни. Всушност ако истиот не се тестира, како да се знае како лекот влијае врз организмот?
Ги збуни многу не знаат што да ти одговорат, не се растажувај ти многу тешко прашање поставуваш па не може одма одговор да се даде треба многу да се мисли
Воопшто не ми смета користењето на животни во научни цели, дури кога имам можност го охрабрувам тоа. Секако, иако не гледам тоа да се случи во блиска иднина бидејќи тоа не ми е по струка. One can only hope. Не гледам добра причина зошто тоа би го спречил. Што ако некој е погрешно обвинет за убиство? Не мора да значи дека секој убиец е психопат или ментално растроен, има убиства кои се сторени од страст(во нормали услови некој не би го направил тоа, но поради бес, страв, чувство на изневереност тоа се случило). Понекогаш бледа е линијата. Јас мислам деак товјот предлог ги прекршува личните права и слободи. Исто така, не би сакал државата да има таква моќ врз граѓаните бидејќи ние непожелни личности врз кои можат да се прават експерименти може да бидат луѓе кои се сметаат за полотички противници. Менталната болест била користена од страна на државата со цел да се справи со луѓе кои се противат на истата. Кога веќе влегле не гледам причина зошто би ги убил, како и секој добар домаќин, ќе ги присвојам за миленичиња. Сигурно мнозинството експерти одлучиле дека ако некој фрлиш од 10 метри ќе се здобие со тешки повреди на телото, на 15, траен инвалидитет, на 20 смрт. Јадење живо месо проследено со долг пост е лоша работа бидејќи тоа води до јадење на сопствените децата.