Дали има некој право на негативно мислење а притоа да не биде наречен ХЕЈТЕР ? Да се фали она што не е за фалење, да се аплаудира на незаслужено нешто. Да се разубавува стварноста која воопшто не е за пофалба Спојлер: Што би рекле Не си преубава. Детето не ти е преслатко. Стилот ти е старомоден. Немаш вкус. Спојлер: Што би морале да речеме Преубава си. Детето ти е преслатко. Многу си модерна и фенси Имаш многу префинет вкус Или штом се одвојуваш од толпата и размислуваш поинаку си хејтер,а за да не отскокнуваш од средината, се придружуваш....кон лажен позитивизам
Ми се случило нешто да не ми се допаѓа, но не би кажала. Аплаудирам на нечие дело без да размислувам дали изведбата е ОК или не, бидејќи знам дека некој вложил труд во нешто. Фалам колачи и кога не ми се по вкус, затоа што сметам дека за вкусови не се дискутира, а и некој се намачил додека да ги направи и потрошил материјал и време за изготвување. Никогаш не ми се случило и нема да ми се случи на некоја мајка да и речам дека детето не и е слатко, пребезобразно и безобзирно би било. Заклучок:Спаѓам во толпата на лажни позитивисти. Што ќар имам ако не кажам убав збор? Што ќар имам ако некого со мој исказ унакажам и унесреќам.
Кажувам што точно мислам само на блиски. На другите им глумам лудило. Лажна сум. Таква станав на 30 год. Кога увидов дека што на ум тоа на друм ми штети . Луѓето повеќе убавите лаги ги сакаат неголи вистината да ја ценат. Не гледам дека е моја грешка. Јас само правам она што тие сакаат односно кажувам тоа што сакаат да чујат. Зашто? Зашто вистината ме кошта превртување очи. А ич не ми е потребно тоа.
^ exactly. Такво време е денеска, не може секој да си приушти искреност и преголема доза од истото може скапо да чини. И луѓето се чудни, бараат искреност ама по нивна мерка одговор сакаат,и пак ти лош на крај. Затоа, со блиски луѓе сум сто процентно јас, сурова искреност во секое време, а со останатите, по потреба сум фејк, лажам па растурам. Толку добро лажам што и јас ми се чини ќе поверувам И не се срамам да признаам, ете искрена сум. Животот ме научи дека мора така. И од тогаш наваму ми тргна
Јас пак сум брутално искрен за се со сите и доколку нешто ми пречи кај некого му кажувам во лице и чао пријатно. Исто така сакам да ми кажат доколку им пречи нешто кај мене со кое се чувствуваат непријатно во мое друштво. Ако на некоја личност не и се допаѓа тоа знаете како велат: Го гледаш џадено ? Епа фаќај џаде тогаш. Затоа многу луѓе знаат да ми се налутат и да ме одбегнуваат. Не знам да правам лице на некој јбг таков сум каков сум.
Искрена сум со блиски, но сепак тоа го кажувам во позавиена форма. Брутално искрена сум била со личности кои ми се качиле на глава, и не ми било непријатно. Баш заслужиле. Мислам на она кога се претставуваат нешто кое не се, па уште ти солат памет каков треба да бидеш. Е тогаш сум "хејтер". Инаку ако ме праша некој за мислење, а се очекува од мене да бидам позитивна, да, го давам одговорот кој го очекуваат. Со тоа што не сум премногу уверлива, одговарам кратко, поглед надолу и сл. Лажниот позитивизам ни е нешто како облеката. Сите се срамиме да бидеме "разголени" на некој начин. Така ја разбирам искреноста. Вадиш парче облека од себе, не прикриваш
Искреност не мора да значи да си непристоен. Јас сум воспитана да бидам пријателски настроена и да давам комплименти. Тоа не значи дека сум лажна. „Што би рекле.“ Што би секој со доза на осет рекол: 1. Убава си. (зашто не одлучувам јас дали некој е преубав или под просечно убав или ружен) 2. Детето ти е преслатко. (зашто сите деца се преслатки ако веќе коментираме изглед на ДЕЦА) 3. Твојот стил не е по мој вкус. (или евентуално ништо бидејќи зошто би коментирала нечиј друг стил кој не ми се допаѓа освен ако не е прашано за мислење ) 4. Мојот вкус и твојот се различни. (зашто не одлучувам јас кој има или нема вкус) Плус сите овие коментираат нешто надворешно што е секогаш мех. Едноставно, некогаш за вакви работи многу е битно да се разбере дека секој човек има различна персепктива и тоа како ти ги гледаш работите не е апсолутно. 2 саати ми зборите како е кул да си брутално искрен, непристојно е да кажеш на некого дека штознам, грд е. А зборување за нечии карактерни особини особено ако имаш одредена врска со таа личност тоа е друга работа. Тогаш бидете брутално искрени бидејќи однесување е нешто што може да има влијание на вас за разлика од површните работи.
Ако нешто не ми се допаѓа и прашањето не е дирек насочено кон мене - избегнувам одговор, нека кажат другите. Ако прашањето е насочено кон мене преферирам да кажам шо мислам, ама благо филовано за да не е ептен "хејтерски" или наоѓам само едно нешто кое ми се допаѓа на тоа што ми е претставено за да дадам мислење. Пример. "Па не е лошо..." "Јас, лично, не би преферирала овој дел тука..." "Добро е да, ама ова ми се допаѓа повеќе". "Овој дел е многу добро изработен." Нешто во овој стил. Имам лоши искуства каде дирек кажувам и луѓе се лутат. После се осеќам виновно дека сум повредила некој, иако тој некој сам ми рекол дека сака искреност. Јас инаку не се лутам. Кога прашвам за мислење значи дека сум во двоумица дали да купам/ направам нешто, или и самата не сум сигурна и ми треба искрено мислење за да не напрам грешка. Ама ако нештото ми се допаѓа за да го купам или сум наумила да го правам - ќе го направам. Ако не си се допаднам пример со промена на коса, јас сум доста свесна за тоа, самокритична сум. Па или ќе најдам начин how to rock the style или ќе сменам во најскора прилика. Предлог за како нешто подобро би ми стоело нешто прифаќам за да видам, да пробам, па дали ќе ми се допадни мене. Сепак, најважно е мене да ми се допадни моето и од таму на секој своето.
Јас сакам да давам комплименти и да правам луѓето убаво да се чувствуваат, па макар и излажала. Не е од завист или исмевање водено, едноставно не сакам да направам некој да се чувствува лошо, особено поради некој мој збор. Секако зависи и за што станува муабет. Пример, ако одиме со другарка да купува фустан и не ми се допаѓа како и стои, искрено ќе и кажам да побараме друг. Ама ако веќе го купила и е среќна со него, или се двоуми или што и да е, ќе ја пофалам, затоа што ја сакам и сакам задоволна да го носи, затоа што сепак се почнува од тоа како зрачиш. Тоа се тие ситници. Од друга страна, за посериозни работи, како на пример дечкото ја малтретира во врската, секако дека ќе бидам искрена и ќе советувам. Се зависи од ситуацијата, ама воглавно да биде кон добросостојба за личноста. Да лажам многу, не знам, проѕирна сум, ама за вакви т.н. бели лаги, што кратко траат не сум невина. Или учтивост да ги наречеме. Мене не ми е јасно како ви е полесно на блиски луѓе да им плескате работи во фаца, па мене тие ми се најбитни и не сакам да ги повредам. Се да биде умерено.
Во однос на оваа особина, се додека не сум прозвана некому да ласкам, молчам и дистанцирано слушам споделување позитивизам. Знам да кажам убави зборови кои на другиот ќе му го разубават денот спротивно од реалното мислење. Ако некој се соживеал со таквиот начин на прифаќање на туѓите ставови, мене воопшто не ми претставува проблем да дадам коплимент од култура. Се тоа поминува, но искажаните зборови остануваат, а секој има свое убедување кое во некаква мера се разликува од личното и најчесто преовладува. Моето мислење ми е најважно за мене. Самокритична сум и почитувам туѓо мислење.
У многу сфери сум била аутсајдер пошто не знам да се преправам и лажам т.е знам ама не сакам не ми е тоа целта. Подобро се чувствувам кога кажувам што мислам ja имам таа слобода и право а жал ми е за оние што се плашат да не бидат отфрлени од мнозиството па мора да глумат практично да бидат хипокрити, се прашувам дали се чувствуваат како да им се пресечени крилјата. "Better to be hated for what i am than to be loved for what im not."
Зависи, со блиски бирам до каде ке сум искрен, а со тие што не ги знам имам моменти на засилување лажен позитивизам кај нив, не дека правам будала некого, туку ако им е розево и сакаат да веруваат во се и сешто, зашто да трошам време да ги убедувам дека друг е во право..
Еве пример за бела лага. На ручек кај родителите...и нормално го фалиш ручекот и се заблагодаруваш, дури го даваш и тањирот за ре-пе-те иако е пресолено и има оригано кое неможеш да го смислиш. Еве блиски ми се-најблиски, ама НИКОГАШ нема да изустам -да критикувам. Може 5 пати да ги пофалам и да се заблагодарам, ама друго НЕ. Лажен позитивизам
За физички изглед, не е толку тешко и чудно да не „плескаш“ во лице негативно мислење. Секој си има своја убавина, ако некој не ми е лично убав и привлечен и атрактивен, ќе премолчам - нема ниту да му кажувам дека е (пре)убав, ниту пак вистината. Зошто би, која е целта освен безобразлук и навреда? Околу деца, да слатки се и сите имаат по нешто мило во себе на најмала возраст, и уште повеќе е греота и ствар на (не)воспитување е да се делат по физички изглед. Не е лигавење, тоа навистина го чувствувам. За моден стил и облека, ако некој поблизок ме праша - ќе кажам ако не ми е по вкус нешто. Ама пак е ствар на различни вкусови... Мене лажен позитивизам ми е кога особи за кои знам како се способни да делат, осудуваат, да повредат туѓи чувства, да навредуваат па дури и колнат - се лигават со излитени фрази за љубов и позитивна енергија. Е на тоа ми се превртува стомакот... Така некако подлабоко гледам на поимов, не знам... а бели лаги не ми се некој голем проблем.
Моето мото е дека треба да се биде Р Е А Л Е Н а не да се биде ФЕЈК во било која ситуација така што воопшто не оправдувам лажни луѓе, посебно во овој сегмент - лажен позитивизам, ги сечам како со катана со вистината, а тоа сепак е за нивно и сечие добро, пошто луѓето треба да се луѓе а не Мики Маус. Дали има некој право на негативно мислење а притоа да не биде наречен ХЕЈТЕР ? Во смисла на конструктивна критика/мислење мислам дека има право секој на тоа а да не биде наречен ХЕЈТЕР, али да има негативно мислење за нешто што е позитивно, тоа е дефинитивно класичен Хејтеризам.
Кога се работи за нешто во кое е вложен труд, секогаш го ценам и фалам трудот, без разлика колку резултатот (не) ми се допаѓа. Не е лажен позитивизам ако пофалиш нечиј труд без разлика на резултатот, туку и даваш на личноста до знаење дека ја цениш неа и тоа што се потрудила да направи (за тебе или за неа). Најдобар пример за ова е кога те кани некој на ручек, за кој ти спомнувал и се спремал една недела уназад за се да биде совршено и би било многу навредливо да појдиш и да речиш "Јадењево ти е тапа ич не ми се допаѓа". Наместо тоа, многу поубаво звучи кога ќе речиш "Навистина го ценам твојот труд, иако ова јадење не ми е од омилените". Едно е искреност, а друго е да си претерано груб и да се расфрлаш со навреди без да размислиш. Лично јас сакам да давам комплименти за луѓето да се чувствуваат убаво. Со блиските сум поискрена, што значи дека нема за се да им речам дека е супер кога мислам дека не е.
Сакам да делам комплименти и пофалби, бидејќи сакам и да добивам Кога нешто не ми се допаѓа преферирам воопшто да не коментирам, но доколку ме прашаат ќе речам дека е убаво на подалечните, на поблиските кажувам што мислам... Тоа на некој начин е безопасна лага што на другиот ќе му направи да се чувствува убаво Ценам искреност и се трудам да сум колку што можам поискрена, се додека мојата искреност не го повредува другиот
Oд штo сум искренa и директнa сaмo непријaтели си сoздaвaм.Амa не мoжaм дa премoлчaм и дa кaжaм нештo штo не гo мислaм. И сепaк е пoдoбрo дa се кaжувa тoa штo некoј друг сaкa дa гo слушне бидејќи гледaм oд мoевo искуствo никoј не јa цени искренoстa пa и нa крaј јaс секoгaш сум тaa штo е лoшa и злoнaмернa, a oние пoквaрени се светци зoштo глумaт. Се нaдевaм ,a и сaкaм дa јa сменaм тaa oсoбинa кaј мене.
Ако не ми е вкусно, кажувам, ама само на моите Ако сум на гости си имам стратегија: не сум гладна, ама ќе пробам. Ако е вкусно јадам, ако не е, не сум гладна де
Јас сум директна и отворено кажувам што мислам.На сите.Ако забележам несоодветно однесување на нечие дете(ако детето си го брца прстот во носот,ако постојано зборува и тоа гласно без прекин,ако пцуе....) или ако е несоодветно облечено,веднаш коментирам пред родителите.Ама,за физичкиот изглед на детето не коментирам затоа што физичкиот изглед не е битен,битен е само внатрешниот.А,и детето не е виновно. И за вкус на јадење.Ако ми се допаѓа или ако не ми допаѓа нечие јадење,веднаш кажувам.Не навредливо,туку кажувам дека е пресолено,дека не можам да го јадам затоа што е презачинето или кисело.