Зависи за што... За изглед, сите ми се убави на некој начин... За зготвено, со некои сум искрена, со некои не... За облека, искрена.. За сериозни теми, секогаш искрена... Коа ќе размислам... во 90% од случаите сум искрена. Сум изгубила многу 'пријателства' поради тоа.. и мило ми е!
Кажувам што точно мислам само на блиски, a на други не. Би сакала и за други да бидам толку искрена но знам само полошо ќе си направам.
Кажувам што точно мислам на сите, можеби е сурово но според мене е најдобро така. Доколку некој има негативни мислења за мене или не се согласува со мене, или сака да ме искритикува за нешто и тоа го искажува на начин без да ме навреди, понижи или слично за мене тоа е во ред и не се лутам.
Кога мислам нешто да кажам, а притоа да не повредам некој, молчам или го замолувам да е се лути, го предупредувам за брутална искреност. Ама ако ми е некој близок, како сестра ми, маж ми, родители па и одредени другарки, немам потреба да заобиколувам. Нема потреба од лажни коментари и пријатели.
Не сум лажен позитивец. Знам да искритикувам и скоро секогаш да сум наречен хејтер. А воопшто не се чувствувам како таков. Уствари се чувствував до пред 4 години. Во последниве не сум. Објективен критичар сум. Во голем дел ми се превртуваат очи кога се аплаудира за нешто за кое не е заслужено.Туку ради реда, демек емоциите и желбите да не се повредуваат на другиот. Тоа јас го викам "Fake happiness, distorted reality" Не го лажи човекот, кажи како што е, бар така повеќе добро му се прави. Ако нешто не ми се допаѓа, не ми се допаѓа и ќе кажам. Ама сепак тоа не значи дека му судам на некој на кој му се допаѓа тоа. Вкусот е пикантна ствар. П.С. Секако не одам насекаде да давам критики и комплименти, тоа најчесто ако сум прашан да дадам мислење. А кога станува збор за некој близок мој тоа го правам и без да ме прашаат пошо факинг сме блиски и нема време за чекање, нели RUN
Во принцип го кажувам тоа што го мислам. Едноставно не можам да глумам, дека другарка ми зготвила одлично јадење, ако не е така, ја насочувам на грешката. И на крај ми вика, па тебе се ти смета. Е, сега има и такви кои се навредуват од моето искрено мислење, а среќни се кога зборам спротивно од тоа што го мислам. Значи, кога некому не му стои долг фустан, не стои, неможе градбата на телото да се смени. Факт, луѓево се посреќни кога им кажуваш дека се убаво им стои и тие се одлични домаќинки.
Не знам за вас, ама јас од луѓе што ми се обраќаат со: срце, маче, цуци, буци... а притоа не ми се блиски, бегам со километри. Им тече низ очи лицемерие на таквите. И најчесто во 99% од случаевите сум во право дека се тоа злобни, подмукли, дволични личности кои позади грб те оговараат на големо а пред тебе ти глумат лудило, пријателство, лажен позитивизам. Јас на пример сум никаква во делење комплименти. Рамнодушна сум, умерена, и треба навистина нештото да е WOW за да ме воодушеви да се истурам од давање комплименти. Мислам дека не постои некој кој во даден момент од животот нема излажано со цел да постигне некој лажен позитивизам кај друга личност. Пример, колку и да сте брутални во давање критики на некоја другарка во врска ете за облека, нема ваљда ден пред свадба да и речете: ејј безвезе ти е венчаницава, не ми се допаѓа бојава, корсетов ич неубаво ти стои...
А зошто да кажеш на некој дека не е убав или дека му е грдо детето? Има разлика од лажна позитивност и општа култура и осет. Е ако нешто не ми се допаѓа, на пример фустан, би кажала, освен ако не се работи за венчаница.
Како и да звучи, лажниот позитивизам е во секој случај позитивен. За фундаментални нешта како убавина, деца, стил, вкус...факт е дека сите се убави на некој начин, сите деца се слатки на некој начин, сите оставаат одреден личен печат со стилот кој го негуваат, сите си имаат свој вкус за нешто, па со котистењето на т.н. лажен позитивизам реално гледано и нема некоја си лага, само истакнување на позитивните сегменти од целината. На пример, колешката сменила фризура што мене и баш не ми се допаѓа, па имам избор да кажам :1. ауу, шо ти текнало вака да се шишаш, јас не би се осмелила ( ама тебе ти личи - или без вториот дел) или 2. ммм, како ти го отвара лицето новава фризура, (јас не би се осмелила вака да се шишам - и не ни мора вториот дел) Секако дека со позитивен пристап предизвикуваме позитивни емоции и имаме позитивен фидбек. Сепак, и кога би сакале да укажеме некому нешто негативно, позитивни реакции ќе добиеме ако имаме позитивен пристап. Пример, во детски парк некое дете го задева нашето дете а родителот не реагира. Можеме да пристапиме со напад колку ти е невоспитано детето а ти не го ни гледаш или смирено да пристапиме и на детето да му кажеме немој, тој/таа е мал, како се викаш ти, ајде да си играте ...па кога друг возрасен ке зазбори со дете веројатно родителот ќе пристапи и дури и од вакви состојби излегуваат добри дружења во парк, веројатно и во иднина ќе се сретнуваме тука. За стилот на облекување во пракса и не е културно да се зборува, не знаеме пред се кој колку може да си приушти, па дури и да не праша некој за мислење подобро е да ги истакнеме позитивните гледишта или ако нешто не ни фаќа око да кажеме - те прави поширок/понизок/покажува многу и сл . Дури и за соопштување на негативни вести, користењето на лажниот позитивизам е многу корисна 'алатка'
Сè зависи како ќе го кажеме тоа што ќе го кажеме и од кои мотиви. Мислам дека лажниот позитивизам на голди стази е погрешен и оневозможува да се развиваме како личности и како општество. Од друга страна постојаното критикување или критика со цел потсмев пак може да ја уништи добрата волја за промена. Треба да се најде златната средина.
Мене темава прво на нешто друго ме асоцираше. На личности кои бараат околу нив сѐ да е шарено, убаво, среќно, а самите тоа го поматуваат токму исфрлајќи сѐ спротивно на тоа што го бараат. Иронично. Мразам лажен позитивизам, но и мрчење за се и сешто. Има една реченица: If you can't say something nice, don't say nothing at all. Сакам искреност, повеќе ме повредува и лути кога некој не е искрен со мене и се прави како да е сѐ супер, ми крие, отколку да ми каже искрено што не чини. Искреноста ја ценам доста, една од најретките и највредните карактеристики е. Но знам да ценам и претпазливост спакувана во бели лаги, зависи за што станува збор, сепак разбирам дека тоа се прави не со лоша намера, туку за да не се повредат нечии чувства. Голема улога игра темата, за што станува збор. За сериозни нешта лажниот позитивизам не е добра опција, тоа е како трупање на нештата под тепих за да се сокријат. Ништо не се постигнува со тоа. Искрена и добронамерна критика е секогаш добра, критиките се тие што ги тераат луѓето да размислат што прават и ако треба, да корегираат нешто и да се подобрат во нешто.
Јас применувам балансиран критицизам. Покрај лошите,се обидувам да ги најдам и добрите страни кај луѓето.Отворено им кажувам што мислам.Се трудам да не звучам навредливо. Бели лаги не ми пречат,во некои ситуации и јас сум ги применила,но сепак сметам дека не треба да се претерува.Искреноста е висока и голема доблест и светот би бил поубаво место кога сите би се труделе да ја применуваме.
И мене како и @Bitter-Sweet поимот „лажен позитивизам“ ме асоцира на нешто друго – на луѓе кои се постојано позитивни, расположени, среќни и насмеани – ама не вистински и искрено, туку лажно. Од друга страна, она за што се прави муабет на темава попрво би го окарактеризирал како „лажни комплименти“, нешто што се смета за општа култура, убаво однесување, дел од општествената норма и генерално, не гледам на тоа како на нешто лошо по дифолт. По правило, кога ве прашуваат за мислење за нешто, луѓето не ги интересира вашето искрено мислење и став, туку сакаат да го чујат истото што и самите го мислат. И освен ако не се работи за навистина блиски луѓе и нешта од суштинско, животно значење – сметам дека искреноста е преценета. Ако земеме нешто банално, како фустанот од примерот на @kravce – другарка ти веќе го купила (што значи дека очигледно ѝ се допаѓа), среќна е поради него, го носи, и те прашува како ѝ стои – искреноста у ситуацијава (ако ти мислиш дека е ужасен) нема да те направи да бидеш принципиелен како некој стар, сезнаен мудрец кој секогаш ја кажува вистината; едноставно, ќе испаднеш бесчувствитечен идиот. Што се однесува до поимот „хејтери“, за мене тоа се луѓе кои постојано критикуваат нешто, а притоа нивните критики никогаш не се конструктивни – односно, остануваат на она „Еј, ова е тиња“, без идеја или намера истото да го направат да биде помалце тиња. Ако веќе мислиш дека толку многу работи на светов не чинат, а ти лично не придонесуваш кон подобрување на ниту една од нив, тогаш не си edgy бунтовник против системот и општествените норми, туку си лицемерен идиот. И како заклучок на муабетов, ќе речам дека лажeн позитивизам или лажен комплимент, како сакате, упатен кон некого – особено ако не ви е близок и особено ако се работи за нешто безначајно – е супер ствар. Затоа што вашиот лажен позитивизам, кој инаку не ве чини ништо, може да допринесе кон нечија вистинска среќа. And what’s wrong with that?
Лажен позитивизам ти кога мислиш дека си позитивен и се понашаш така, а уствари срцето ти плаче, душата ти знае. А горново, за општа култура се работи, за ништо друго.
Треба ли да се искажам...си се насмеав во себе тивко. Се помалку сум критикувач. Раат на душава и умов. Само кревам раменици. Доаѓаш во точка во животот кога си викаш - па што па јас кога гледаш дека сите молчат. Можат објективно за да не се обрукаат да кажам културно и на страна ако нешто не чини. Но се останато...мудро молчам. Ма да темава лажен позитивизам ми оди повеќе кон други ствари. Као влезени у филм дека светот ако не го гледаш со розеви очила ќе ти се дешаваат грди ствари или шта зрачиш то привлачиш и слично или сподели ја оваа икона со Богородица за да ти се деси нешто убавко.
Имало случаеви и кога ми го кажале спотивното,и не сум се лутела еве на пример ми кажаа дека поубаво ми стоела црна коса отколку плава. Дека блузата да ја носам над сукња а не прикната во сукња ме правела подебела. Дека бели панталони не ми стоеле ме ширеле. Дека оризот и гравот на свекрвами биле поубави. И така натака да не набројувам. А пак јас го кажувам спротивното и на ниедна мајка не сум и кажала дека бебето и е грдо бидејќи бебе никогаш неможе да биде грдо тое се најубавото нешто што постои на планетава. А за вкусови на храна не коментирам никогаш затоа што секој си ги прави на свој начин.