Концептот за "лажен позитивизам" постои само поради тоа што има луѓе who actually give a sh*t за туѓото мислење... И навистина звучи себично да очекуваш некој да се согласува со тебе само затоа што ти си имаш создадено одредени илузии кои не сакаш никој да ти ги уништи. I mean, зошто да ја уништуваш сопствената илузија за среќа поради некој кој од ментален аспект не е возможно да биде потполно ист како тебе? А терминот "hater" произлегол токму од тие нарцисоидни луѓе кои доживеале некој во лице да ја каже нивната перцепција на нештата, која не мора и не треба секогаш да се согласува со нивната. By the way, не верувам потполно во поимите за позитивизам и негативизам...Why? - Бидејќи постојат 7,6 билиони луѓе на планетава и секој си има создадено различни перцепции, мислења и илузии за нештата и личностите кои го опкружуваат. Not to mention, и оние кои имаат искривен концепт за реалност... Кога станува збор за чувства или мислења, тие не треба да се сметаат за константи или факти, туку како илузии и интерпретации. Така, би рекла дека those who constantly tend to spread positive vibes bullsh*t се луѓе кои или се очајни да ја избегнат реалноста, или пак simply to hedge their bets. Мислам дека во овој случај станува збор за т.н. hidden depression и истото го применуваат од две главни причини: 1. не сакаат да ги повредат блиските, 2. сакаат да избегаат од реалноста (што не е возможно)
На тој начин овозможуваме нејзината/неговата среќа да продолжи да зависи од мислењата на други и одржување на илузијата дека имаме заеднички вкусови, интереси, допаѓања и сл. Во примерот со фустанот не значи дека треба да се хејта, но може да се рече нешто како „Во друг филм сум јас, ама битно е тебе да ти се допаѓа!„ или нешто отприлика така. Во спротивно можеш да добиеш и ти таков фустан иако си машко
Исто + критикувам кога нешто според мене не чини. Максимално ценам искрени луѓе и прифаќам критики од нив кога ќе се уверам дека тие таквите се ставиле во моја кожа и се нашле во ситуација во која сум била јас. Барам логика во таа нивна критика па тогаш ќе биде прифатена па да знам дали исто би се понашала во иднина. Се водам според интуицијата цел живот и знам дека често сум во право макар тоа не им се свиѓало на небитни особи. Не живеам за другите, не очекувам сите да ме сакаат !!! Глумци не можам да трпам. Подобро да ми признае некој дека згрешил или дека намерно не испочитувал некое правило отколку да глуми "....ами кај нас е така, овој и оној така направил....."
Зaчленете се вo oргaнизaцијa сo пирaмиднa структурa зa дa видите штo вистинa знaчи лaжен пoзитивизaм. Тoa првo ми пaднa нa пaмет. Сите други ќе ви изгледaaт кaкo aмaтери, тукa уствaри предaвaњa редoвни имa зa oвaa темa и кaкo дa изгледaте кaкo милиoн дoлaри без рaзликa штo oдвнaтре се чувствувaте кaкo згужвaн бaкшиш. Кaкo пoстер се зa лaжнa пoзитивнoст.
Позади лажна насмевка се крие длабока мрачна страна. Секој се бори со својот демон у себе. Брутално искрена засекогаш. Таа сум што сум.
Не сакам да глумам. Преферирам да сум искрена, па макар и да ми се налути некој . Меѓутоа, знам да кажам мали бели лаги од типот :сликата ти е убава, но според мене оваа другава е поубава ; потрошив повеќе пари од потребното, затоа што ми требаше плус уште нешто ( сум купила нескафе со сите вкусови ) итн . За други работи , не сакам да лажам, а и не знам. Веднаш ќе ме откријат
Ееее конечно тема за мене Не можам да глумам лажен позитивец и не ми е јасно зошто сме таквите осудувани?? Што има лошо во вистината и бруталната искреност? Лугето сакаат да го слушаат она што тие сакаат да го слушнат а потоа кукаат како се опкружени со лицемери околу себе ... Зошто би и рекла на некоја :Леле колку ти е слатко детенцево " _кога тоа урла крши околи себе и е многу невоспитано ??? Зошто не би рекла на некоја не ги цртај вегите страшни ти се , отколку да и речам :Леле маци што си убава "... па само заради тоа да не се навреди (подобро јас дирекно да и кажам отколку "маци пројателките" да и се потсмеваат позади грб Јас сакам вистината дирекно да ми се каже , а не да ми кажуваат слатки зборови за да потоа ми се исмејуваат Мислам дека овој е премногу суетен народ и затоа сме на ова дереџе ! Мешавина од простотилак и лицемерие !
Јас сум брутално искрена. Ако некое дете е невоспитано,отворено ќе им кажам на неговите родители дека е невоспитано. Ако не ми се допаѓа нечиј стил на облекување,ќе кажам дека не ми се допаѓа. Подобро е да се плесне вистината во лице отколку да се лаже.
И што кажува тоа за тебе кога ќе му кажеш на некој дека детето му е невоспитано? Или дека не ти се допаѓа нечиј стил? Не е тоа брутална искреност, тоа е всушност невоспитаност.
Според мене,не е во ред за дете кое цело време вика,сешто фаќа без дозвола и крши,да речам дека е океј или слатко.Не е. Не е тоа виновно,туку родителите. За нечиј стил на облекување,и да не ми се допаѓа,нема да се потсмевам,туку само ќе речам дека мене не ми се допаѓа таков стил,а личноста ако сака така да се облекува,нека си се облекува.
Ништо не мора да кажеш, нели? Впрочем кој бара твое мислење дали тебе ти се допаѓа неговиот стил, или па да праша дали ти сметаш дека детето му е воспитано? И никако не е поврзано со искреност.
Сите секогаш бараат да им се каже вистината во лице, а кога ќе им ја кажеш се навредуваат, епа јас сум од тие што секогаш се кажувам и плеснувам во лице доколку некој ме праша за мислење, без да заобиколувам, кажувам кратко јасно и дирекно, а дали тоа ќе го повреди или навреди не ме интересира, ако некој прашува за мислење треба да биде спремен и да очекува и негативно мислење, ама како што е и темава нагласена сите се навикнати на лажен позитивизам па затоа и се навредуваат од негативното мислење или поточно кажано од вистината.
За мислењата погоре, ако немирното дете прави штета која ви смета -- мора да си кажите, која е смислата да криеме шо мислиме за нешто шо лично ни штети само атер за тие кои ги познаваме и да не им повредиме деликатните чувства? А за вкусови, не се расправа. Ако некој те праша за мислење - кажуваш. Ако се навредат, тие имаат проблем, не ти. Можеа да не прашат и да си претпостават шо мислам или да ми препишат мислење и сите среќни во засебен свет. Ама ни сама не би си дозволила да му речам на некој дека нешто кај него не ми се допаѓа, освен ако не ме праша за мислење, кое го давам, и обично велам ова не ми се допаѓа, ама ова другото ми се допаѓа. Нагласок на тоа што ми се допаѓа. Така успевам да не повредам чувства.
Работам со деца и има секакви, од најмирни, најкултурни до на глава да ти се качат. Ниеднаш не сум си дозволила да им кажам на родителите дека децата им се невоспитани. Може да ги кажам проблемите на кои треба да поработат, на што да обрнат внимание, ама ова другово е веќе безобразност. За сѐ има начин, и не е лажен позитивизам ако кажам дека детето треба повеќе да слуша на час. Да кажам дека е невоспитано, тоа повеќе зборува за мене, отколку за нив.
Јас не работам со деца па зборам од друг аспект. Ми иди роднина со дете и детето ми крши се дома. И неќам да ми идат ако та вели "хаха дете". Не, ми скрши нешто шо ми е значајно и ќе ти кажам дека ми е значајно. Ако то ме прај безобразна гајле ме, ама да ми уништва нешто мое и значајно и родителот со прст да не мрда, ме тера да се запрашам кој е безобразен. А, на работа идат деца, пофаќаат и оставаат работи, ич ама баш ич не ми смета, ако немам други луѓе дур ги занимавам децата и им кажвам шо е то шо пофаќат. Не прат штета. Ама ако прат штета ќе му кажам на родителот зошто ме става во лоша позиција на работа да мора јас да плаќам оштетени производи. Детето не е криво, родителот е ако не го боли шо му прај детето.
Те разбирам, ама не си им рекла дека детето е невоспитано, нели? Баш со тие зборови да кажеш. Едно е да кажеш дека ти смета нешто и да дадеш забрана дека тоа и тоа не е убаво и ти смета, а друго дрско да настапиш со таква навреда.
@NarCis@ зошто толку те погодува тој збор "невоспитано"? Знаеш ли дека тоа дете кај тебе на работа крши ама крши и на друго место? Не им се посветува доволно внимание што може а што не може да се допре, направи и затоа е невоспитано. И треба да се каже дека е такво,и тоа не е навреда тоа чиста реалност. Зависи кој е спремен да ја прифати. Лично мене како дете ме учеа да не допирам ништо на гости, ни вазна, ни статуетка. Но сум гледала деца како кршеле и допирале се живо и диво, и место домаќинката да ужива таа трчаше по децата и собираше. Воопшто ни мене не би ми било драго да ми скршат нешто важно и значајно. Многу е поубаво кога ќе се прифати реалноста и истата се примени во подобрување отколку да се остави да тапка во место и да се влоши. И во иднина тоа ќе се одразува лошо врз развојот на детето.
Ме погодува, дека е директен атак врз детето, а не е тоа виновно. По таа логика треба да кажам дека детето им е глупаво и не разбира, и нели, да бидам брутално искрена. Можеби јас сум толерантна, или можеби само ги бирам зборовите со кои ќе го потенцирам проблемот без да навредам, а пак не сум лажно позитивна.
Како шо кажав погоре, ако речам нешто дека не ми се допаѓа, пристапвам со следна карактеристика шо ми се допаѓа. Ако почнам да велам шо не ми се допаѓа или дека нешто не ме прај среќна, и сум игнорирана, можда и да речам дека е невоспитано. Или пак да кажам зошто ги избегнувам поканите за идење кај мене. Неќам да се думат зошто, нека знат.
Ама досега не си рекла, така? А претпоставувам дека си била во таква ситуација како што ја опиша погоре.