Не колку шо памтам, ама можно е и да имам изумено. Иако би требало многу за да речам, оти деца ми се слабост, ама би кон родителот. Да не се дума зошто неќам контакт со него.
Не се работи за твое дете туку за туѓо. Не се сите деца исти и не треба да им се дава слобода многу. Така да, ти си може таква по природа и мислам дека треба да се прифатат туѓите мислења. Јас до сега не сум рекла некому така, не дека не ми се јавило прилика туку не сум обрнала внимание,а свесна сум дека секој родител тоа го гледа и си трае. Знаат ама си молчат, ретки се тие што се трудат да го научат правилно и културно да се однесува некое дете. Така на роденден пред некој ден, во тоалет ми влезе една мала душичка и ме гледаше дека ставам кармин. Јас ја зедов во раце и таа почна да плаче и да ме кубе за коса, па ја спуштив доле. Не знаев што сакав да ми каже па не обрнав внимание и отворив врата излезе, јас ја затворив вратата. После некое време ја видов си играше и ме виде ме фати за рака и си игравме заедно, имаше нешто како мини мејк ап катче и имаше кармин и јас импровизирав дека ја шминкам и таа почна да вришти не сакала таков, го сакала мојот. И ете јас не можам да и го дадам мојот ама мајката на славеничката среќа имаше детски кармин и и даде и доаѓа мајка и и ни вика "Не и давајте ништо, многу ја разгаливме, се што имаат другите и она сака,на се е љубоморна." Значи ете некад не е потребно да се каже ете и некоја постапка има удел. Ако братчето пие кока кола и она сака. Пак ќе кажам свесно им дозволуваат се и последиците отпосле ја покажуваат невоспитаноста.
@theowndemon @buba4e89 Мене само ми потврдивте дека не сте рекле дека нечие дете е невоспитано директно на родителот. Тоа не се изумува, едноставно сметаш дека е такво и кажуваш директно. А очигледно сте имале такви искуства. Јас можам на мм да му кажам дека детето на Трајанка е невоспитано, а ако ми сметаат Трајанка и нејзиното дете, нема да се дружам, ќе ги одбегнувам итн. Не навлегувам во генерализации какви се денешните деца. И ние некогаш сме биле катастрофа генерација за постарите.
Мислам дека е апсурд да не другарувам со Трајанка поради детето. Ако јас ја ценам и почитувам Трајанка сметам дека е фер да кажам што не е во ред, а како таа ќе го прифати дали како критика која ќе ја поправи или како навреда зависи од нејзиното гледиште. @NarCis@
Детето е огледало на Трајанка, таа така го воспитала и одгледала. Јас не се дружам со такви, па можеби и затоа немам проблем. Ако Трајанка не ви се налути откако ќе ѝ кажете дека детето ѝ е невоспитано, конкретно со тој збор, тогаш само напред.
Мразам лажен позитивизам ( вака беше или погрешив? ). Јас сум позитивец и гледам во секоја ситуација да го извадам она убавото, но ако веќе нешто не е ок навистина, го кажувам тоа .
Па баш дека ја почитуваш не е вкусно да и плеснеш дека детето и е невоспитано. Еве јас имам пример, пријатели мои кога доаѓаат со синот на гости дома ми се дешава катаклизма од светски размери. Гледам дека родителите не се замараат па кој сум јас да го карам детето и да го нарекувам невоспитано. Ама така еднаш два пати е веќе третиот пат кога ќе ми се канат да дојдат,мене магично ќе ме снема тој ден од дома
Јас имам внука 4 години и е страшно немирна и невоспитана, кога и да дојдат на гости се хаос прави по дома неколку пати поќутував за да не се замериме со братучедка ми, ама еднаш и реков дирекно воспитај си го детето на што личи ова, и нормално следеше "па дете е" ама не значи дека ако е дете и се треба да му се простува и дозволува. Неколку пати сум пробувала и јас да помогнам околу воспитувањето, ама џабе е чим родителот не се заангажира околу тоа.
Може за тебе е невкусно. За мене не е. Почитта нема врска со тоа. Почитта значи дека не сме лицемерни меѓу себе.
Вака како што сте сите брутално искрени, се прашувам дали на пријателката би ѝ рекле дека мажот ѝ/ дечко ѝ е грд, или можеби детето ѝ е грдо
Да! Ниту едно дете не е грдо, за маж ќе кажам дека нема убаво лице според мене. Сепак таа си го бирала, си го зела, убавината е пролазна, него она внатре цел живот е труло. Луѓе со високи самодоверби нема да ги навредуваат коментарите од другите луѓе.
Ако не те праша, ќе кажеш дека нема убаво лице, или ако те праша ќе кажеш? За болдов, што да кажам? Сам по себе е навреда
Детето можеби има адхд а не дека е невоспитано. Со вашиот морален крусејдинг има шанса гадно да згрешите. Плус дружење заедно со дете кое бара внимание и му е досадно или изреметен ред, секој родител знае дека понекогаш е тешко. Сами договарање ако станот ви е со кршливи спомени е пофино. Нека платат еднаш месечно беби ситер, или тоа во игротека, вие во кафичот до игротеката, боље тоа него детето ти е вакво такво , не се дружам повеќе со тебе, не ми иди дома... А искреност која нема поента, не е побарана( прашана) и нема добра намера, или е за нешто што не се поправа- во стил---- кога почнавме веќе за деца "детето ти е многу чудно, не знае да се дружи" , а тоа на пример има аутизам ,чиста демек искреност истресена ради као моќ на забележување, а има уште милион примери неповрзани со деца и нивни состојби, е одвратна, иритантна и шо викаат србите " можете окачити мачку о реп".
Цело време сакам ова да го истакнам, ама ти успеа подобро од мене. Тенка е линијата помеѓу брутална искреност и општа некултура.
Не сум рекла на родител директно дека детето му е невоспитано, и тешко дека би рекла баш со овие зборови, треба ептен да ме изнервира не само детето туку и родителот со дрска реакција на првично културна примедба, па можеби да речам така. Ама да, би изреагирала смирено кај родител ако ептен немирно дете оштети нешто мое што ми значи или треба да одговарам за него, или пак, уште полошо - малтретира друго дете пред мене. И не би се преправала дека ми е скроз мило и кјут како што ми се мирни и културни деца, е тоа би било лажен позитивизам во ваква ситуација според мене. А за ова „јас сум брутално искрена“, ве молам воздржувајте се од филмов, воопшто не звучи јако ко што мислите. Обично повеќето што во секоја прилика самите се опишуваат вака, се само невоспитани и дрски индивидуи. Невоспитани возрасни, на 25-30+ години. И тоа е доста полошо и посериозно од исто такви деца.
Дали тогаш ако на некој во лице му кажеш дека е некултурен и дека не сакаш да ти се мота во близина си ти безобразен или брутално искрен? Зборам кон луѓе кои навистина се такви, дури искористувачи и алчни. Едит - за грд е веќе друго, не ми пречи мене ништо ако некој е грд.
Ако не ме праша нема да и кажам ништо нормално. А ако ми рече "Убав е маж ми нели", ќе и речам "Не е убав за мене, а и што е важно моето мислење ако ти си сигурна во неговата убавина, нема да те интересира мислењето на другите" На крај таа ќе легне во кревет со него, со него ќе формира семејство па најмалку е битно моето мислење.
Ќе и кажам доколку забележам некоја постапка која укажува на тоа. Тоа не е навреда,пошто подобро јас да кажам отколку некој рандом што не го познава. Се вртиме во круг, ти објаснав погоре.
Па да, се вртиме. Членката првично кажа дека би укажала на некој ако детето му е невоспитано, а не кажа дали би се работело за блиска личност или рандом на улица видена. Исто и за стилот. Побогу зошто јас би кажала некому дека не ми се свиѓа неговиот стил, а не сум прашана? Мене тоа едноставно ми е недолично, а не искрено.