Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажен позитивизам

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од referentka, 20 јули 2018.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Јас зборував за луѓе што ги знам лично.
    За непознати не знам како би постапила, кога би имала ситуација тогаш би ти дала одговор.

    Тоа е твој начин и јас го почитувам тоа, но возвратете со иста мера некогаш а не веднаш контрање и докажување. Не може сите да се согласиме, ретко кој си ја прифаќа вистината а и луѓето со различни гледишта.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.359
    Допаѓања:
    126.228
    Пол:
    Женски
    Исто сум рекла и за дете на близок и за дете на друг.
    И во 2-та случаи мислењето ми беше прифатено.
    Не очекувам на сите да им се допаднат моите мислења за тие теми.
    И јас имам со исти личности исти мислења за едни,а различни мислења за други теми.
    Тоа е нормално.
    Не им се испонашав на децата,туку им се обратив на родителите.
    Не ги отерав луѓето кај што не треба,ама им реков дека не е во ред нивните деца да викаат прегласно во туѓа куќа,да фаќаат и да кршат туѓи работи без дозвола и дека треба да ги воспитаат.
     
    На buba4e89 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.952
    Јас дојдов да пишам на темава дека сум брутално искрена макар сите да ме мразите поради тоа

    Фала многу пријатно (hollest)
     
    На Justicija, buba4e89, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.771
    Допаѓања:
    169.383
    Пол:
    Женски
    И да немам речено, то не е некое мерило. То не значи дека ако некој речи ќе го плукнам, напротив.

    Е сега знајш, има ситуации кога го велиш нешто и си прајш од после "заебав" и пробваш да заборајш. Имаш ситуации каде велиш и не ти е гајле па забораваш. Ама секогаш можиш да бараш игла во сено.

    "Ми смета."
    "Хехе дете е хехе."
    "Невоспитано дете."
     
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    181.465
    Пол:
    Женски
    И не се налути на кажаното? :o
     
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.771
    Допаѓања:
    169.383
    Пол:
    Женски
    Не секој се лути. Колку луѓе, толку табиети, како велат ...
     
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    181.465
    Пол:
    Женски
    Можно е. Иако јас не познавам родител што му е сеедно за било каква негативна критика за детето, ама мене може такви ми се погодиле.
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.359
    Допаѓања:
    126.228
    Пол:
    Женски
    Има родители што прифаќаат критика.
    Никој не би кажал нешто негативно без причина.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Пред се, туѓо дете во раце не се зема без дозвола на родител. Нормално е да се исплаши детето. Тоа е баш воспитано. Не невоспитано. Тукутака кај секоја ли ќе оди.. Има бог да чува луѓе.
    А од друга страна мене да ми рече некоја детето какво ми е без разлика мајка или не, знам што ќе и одговорам. И јас знам да сум 'брутално искрена' под брутално искрена стои огорченост која те тера да кажеш нешто одвратно и негативно. Да не беше тоа така ќе велевме брутално искрена за нешто од типот - Леле што ти е слатко детето.
    Воспитана културна и образована личност никогаш нема да рече дека некое дете е невоспитано на мајката. Не се лажете дека тоа е искрено.
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.771
    Допаѓања:
    169.383
    Пол:
    Женски
    Ако негативната критика е "заслужена" најмалку шо можи да напрат е да ја прифатат.
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Луѓето со висока самодоверба и самокритичност на тенденциозно негативните коментари не трошат ни малку време а не да се навредуваат:)
    На пример знам дека личност х не ме цени и почитува и сигурно нема да го сфатам лично коментарот дали детето ми е слатко и мирно или не е слатко и е немирно. Сечиј коментар не ми значи, но коментарите на личности во кои имам доверба и ги почитувам и тоа како ми значат и кога се негативни критики и кога се позитивни коментари затоа што знам дека се реални а не со лажен позитивизам.
     
    На theowndemon, nextredstyle и diskreten32 им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.491
    Кога велите невоспитано дете дирекно целите на способностите на родителот да воспита. У стилу- можел ама не воспитал. Сеа за следниот пат кога ќе ве види, супер ќе го воспита:D
    Плус, му го критикувате најомиленото суштество, по дефиниција отпор создава...
    Пофер е да си кажите на кој начин ви наштетува детето- многу чистите после , трошите пари за нова стакларија, сакате родителот да ви исчисти ил да плати скршеното, отколку да речите не си го воспитал детето, воспитај го.
    Шо знам, мож илузии имам ама мислам поише бенефит има така да се заштитите себе од штета, одколку мрчење без цел. Плус дискретно подвреѓување и после вриење од нервоза дур се сеќавате.
    А за изглед искреност, дебелите знаат дека се дебели,не им требам јас да ум потврдам и тако даље. Оние со за мене грди фустани не ме прашуваат за мислење откако веќе го купиле,туку бараат потврда дека океј е чим го купиле. А може и грд за мене фустан убаво да им стои. А ако сум била со нив дури купувале ќе кажам мислење за како стои оти и најубав фустан не стои на сечие тело.
    Само деца откачуваат- еј види дебела тетка, еј види изгорено лице. Не е неискреност ако премолчиш очигледно. Си знаат тие.
     
    На Avery, Someonespecial и NarCis@ им се допаѓа ова.
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Не ја разбирам темата, за мене лажен позитивизам значи некој кој е осамен, тажен да се преправа дека е среќен. А ова за што вие зборите е искреност. Темата би требала да биде, дали/колку сте искрени.
    Е сега ако ме прашувате дали ја кажувам вистината без разлика дали ќе навредам некој, се зависи од количината на болка која би можела да ја предизвикам. Ако болката е преголема за соговорникот тогаш одлучувам да ги заташкам работите. Ако се работи за мала болка си зборувам дирекно без многу размислување.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.287
    Се што ве кошта пари и ви ветува некаква промена и позитивизам, а при тоа не го испорачува психолог - ВЕ МОЛАМ НЕ СИ ГИ ТРОШЕТЕ ПАРИТЕ.
    Тој што ви зборува за позитивни работи, а нема средем живот нема право вас да ви го средува
    Се плашам колку луѓе посетуваат непроверени програми и паѓаат во транс на некои модерни гуруа кои врска немаат. Не дозволувајте на никого да ви чепка по психата, а да не е психолог.
    Често луѓето се лажат со коучинг. Коучинг не е психотерапија! Нема за цел да се бави со сериозни проблеми.
     
    На referentka, LiliBoz, faye и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    19.568
    Пол:
    Женски
    Не свакај лично , но сепак мора да им се каже на родителите за нивните деца... На пр :Сега бев на роденден кај малата од сестра ми и таму имаше мн деца од роднини и пријатели , ај што урлаа и кршеа како да се во планина , дури додека бев во тоалет со туркање го скршија тоа желевцето на вратата и ми влегоа внатре а јас седната на шоља и онака они си ја оставија вратата отворена а мене ми вриеше и на секоја мајка ја тргнав на страна и им кажував , не им се дерев ниту им реков дека им се невистини туку им се бељаџии и не смеат така да прават .... Ова со децава треба драстични мерки да си превземаат родителите ... Ние не растевме вака , бевме воспитани !
     
    На Herrera и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Се слагам комплетно.
    Дури сега кружат некои предавања кои ги држи некојс женска личност (НМ) ода која имам видено само слики на кои е неприродно оѕарена и под секоја слика има мудра мисла која таа ја донела во етерот.
    Незнам која е улогата на таа жена и дали е квалификувана.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Лажниот позитивизам и не може да се нарече позитивизам, туку одредена глума дека личноста е ок, позитивна, задоволна, но што би била поентата во тоа? Може да презентираат лажен позитивизам и глумат личности што комерцијално се занимаваат со психо-терапија, па да привлечат интересенти/клиентела или личности кои сакаат пред светот да изгледаат така, иако всушност тоа е далеку од реалната состојба во која се наоѓаат. Ова ми се граничи и со малограѓанштина, провинцијалистичко размислување и однесување (од типот: што ќе речат комшиите, околината и сл.), но можам да генерализирам дека ако навистина станува збор за лажен позитивизам, воопшто не е добра страна. Тоа е лажење и сам себе, и околината, а и премногу замарање со туѓото мислење.

    Но, суштината и целта за отворање на темава мислам дека е друга, во смисла дали гласно го искажуваме своето мислење, поразлично од мислењето на другите?
    Да, слободно го изразувам и застапувам својот став и мислење, ако е потребно и го образложувам.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.560
    Пол:
    Женски
    Одлична тема, огромен проблем на денешницата, односно на оние кои го преферираат розе "позитивниот" бабл.

    Постои време за позитива, и постои време за реалност.
    Живеење во делириумски розе бабл на "позитива" е ништо помалку од "непозитивно", непродуктивно, незрело и токсично.
    Поготово кога пробува да се наметне (читај политичка "коректност" ).
    И тригнатоста кога ќе се спомне нешто што укажува на/ го докажува ова(дека розевиот бабл не е толкку розев ко што се мисли) баш и ја докажува поентата.
    Не е тоа здрава и позитивна позитива, токсична и лажна е.

    Ете нека го цел пост во розе/ред флег алерт.
     
    Последна измена: 28 февруари 2024
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.787
    Пол:
    Женски
    Ако нешто позитивно ви е трн во око и го сметате за лажно, можам да ви кажам само дека многу се замарате. Наместо да гледате да уживате во нешта во кои можете, да прифаќате убави гестови, комплименти, нечие фино однесување и да гледате на она најдоброто што е околу вас... Како да ви кажам, ако ви смета нешто позитивно, тогаш сте вие страшно негативни, а не реални. :) И комплицирате без потреба. Опуштете се, не бидете како на игли цело време. :)
     
    На Snowflake97 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Мене ми се случува да ми наметнат дека сум лажно позитивна, само затоа што сум постојано позитивна.
    Едноставно се наоѓам во период во животот кој за моја среќа трае веќе подолго време, кога сите коцки ми се супер наредени, и просто и едноставно немам причина да бидам негативна. И поради тоа друг тврди дека сум лажно позитивна, делулу, живеам со розеви наочари - ми наредуваат да сум ги тргнала розевети наочари, итн, итн. Тогаш добивам впечаток дека на некои луѓе - самите они си знаат зошто - им смета кога некој е позитивен, добро расположен и насмеан. А што треба да правам јас поради таквите? Намерно да бидам негативна? За подобро друг да се осеќа? Треба да се смалувам и пикам во туѓ модел, само затоа што живееме различен живот, имаме различна перспектива и мајндсет?

    И ќе нагласам, зборувам за искрена позитивност која природно спонтано доаѓа. Е сеа има многу што се убедени дека таква позитивност не постои, но тоа е само: нивно мислење. Мојата реалност не иста како твојата - на ова се сведува.
     
    На Srckata28, do-re-mi, Sweetymk и 2 други им се допаѓа ова.