Ова е многу битно. Проблемот настанува кога се сведува перцепцијата само на позитивното, а се игнорира негативното. Потоа и се бара(пак читај пасивно-агресивно наметнува) од други исто, во спротивно им се прилепуваат етикети на "негативни". Не, токсична лажна позитивност апсолутно постои, и понекогаш можда и другите се во право, и не се другите негативни, туку можда баш навистина се живее во бабл.
Секако дека постои лажна позитивност. Но не секој е со лажна позитивност, а тоа многу не можат да укапираат, па лепат етикети дека станува збор за бабл.
Ова се сложувам апсолутно, дека постои и огромна доза на негативност денес и се прилепуваат вакви етикети на "бабл позитивност" а да се работи за нормална позитивност. Ваков тип на "бабл" е во ред, и јас го имам лично. Значи мерата како и секогаш е битна.
Мислам дека повеќе луѓе има на кои им смета позитивност отколку такви со токсична позитивност. Не постои човек што е позитивен 24/7, ама па затоа колку има такви што се негативни, песимисти, вечито се жалат од нешто, само нив не им е ништо погодено. Да, сфаќам што е токсична позитивност, невалидирање на негативни чувства. Бидејќи да, срања се дешаваат и имаме право да сме тажни за тоа. Ако морам да бирам радо би одбрала човек кој е скоро секогаш позитивен него некој што не знае да се израдува на убави работи и ти „врни на парадата“ постојано. Таква „токсична негативност“ па ич не сакам во близина.
Мене ми пречи. Подобро издржана критика/коментар/мислење отколку лажни експресии (се осеќа, посебно неискреното). Од друга страна секогаш гледам да го кажам тоа што го мислам и изнајдам соодветен пристап. Инаку општо земено луѓето се лажни во целост само зашто мислат дека со тоа би се протнале полесно, би биле прифатени подобро или само зашто мнозинството прави така.
Ништо полошо од токцична позитивност, полошо е и од најлошиот песимист. Еве најпрост пример, се мачам да ослабнам со години. Вежбам, одам на нутриционист, пешачам, се' правам за 3 кила на 6 месеци. Кога ќе се пожалам на Х особи дека ми е смачено од моето здравје и тело што не ми дава да се доведам во фит кондиција, добивам стандард "ајде ајде, некој болен лежи ти за тоа се секираш. Мисли позитивно, не јади, ќе ослабнеш". Аха океј, важи. Некогаш доволно е човек да ислуша и да молчи после тоа, не мора да се обесува со што би било ако би било, ружи цветаат, врапчиња летаат. Не, с*ање е некогаш.