Денеска го отворам својот втор мејл и гледам дека пред месец дена ми стигнал на мејлот код за верификација на фб профил. Значи мејлот неотворен. Јас со тој мејл никогаш не сум правела фејсбук профил. Отидов на линкот да го внесам кодот да ресетирам лозинка, но пак не ми даваше да влезам на тој профил. Значи некој со мојот втор мејл си направил лажен фб кој има исто презиме како моето и слично име. Не успеав да влезам преку кодот, да видам кој што правел таму. Одам на мој фб, го барам профилот и сфаќам дека со тоа име и презиме има 3 лажни профили, слика нема, ништо нема. Како е можно некој со мојот мејл да си правел профил или евентуално ако мојот мејл го ставиле како втора опција за верификација? Има ли причина да бидам загрижена?
Можда имате слични емаили, и по грешка го има напишано твојот. Може да пробаш да го "хакнеш", ресетирај ја лозинката на фб преку маил.
Пробав така, не ми успеа. Мислев ќе влезам со кодот во тој профил, баш да видам што е работата. Сега од мејлот вратив им пишав на фејсбук дека немам профил со тој мејл. А може и да е грешка, ако некоја се обидувала да си врати хакиран профил, па утнала нешто во мејлот и кодот стигнал кај мене, не знам дали е тоа па можно.