И мене ми имаа направено лажен профил, па го адднав и оттогаш го немам видено. А и ми го имаа хакнато првиот фб ама со помош на безбедносното прашање со е влегов, сменав име, изброшав слики, се оттагнав од колку слики што можев, го менав емејлот и ставив друг и го сменав пасвордот. И кога пробав да влезам пак, неможев, па претпоставувам ми го имаат хакнато пак или го имам заборавено како беше пасвордот точно од нервите и стресот. Фејсбукот е навистина опасна и воедно непотребна работа. Не спречува да го живееме животот. Но па некои животот го префрлија на фејсбук, и станува секој ден понеизбежно да отвориш профил. Наместо телефонот, сега луѓето си пишуваат по фб, мсн, зборуваат на скајп и така. Тажно е тоа што животот пополека се префрла на социјалните страни.
Немам направено лажен профил и не ни сакам да имам, едноставно не ми треба и сметам дека луѓето кои имаат лажни профили се стварно за жалење. Фејсбук е место каде што треба да се дружиш, да запознаваш луѓе и да си дискутираш на различни теми, а не за правење лажни профили и трошење време на тоа.
Немам направено лажен профил и незнам стварно за што ќе ми користи? Да си губам време со непотребни ствари Не благодарам.
Немам направено лажен профил и да имам направено но не го користам веќе помина 7-8 месеци Што ќе ми е ..не ми треби ај чао
Темава ме потсети на едни луди млади денови. Пред едно 3-4 години направив лажен профил со цел да шпионирам една личност преку неговите другари/ки но за брзо време ми помина лудоста па го деактивирав... Ццц не ми се верува што памет сум имала...
Е многу се одвратни,многу .Јас никогаш немам направено лажен профил и затоа не ни прифаќам понуди за пријателства од луќе кои не ги знам.
Немам лажен профил (имав еден за да си праќам на игри ама го деактивирав ) иам 3 мои ! На 1-от и основниот си го забораив пасвордот , другиот некој ми го имаше хакнато или пак и на тој сум си го забораила пасвордот , ама мноогу ми е криво за него и многу се нервирав . Сеа имам еден и не планирам да го заборавам пасвордот ако го забораам не правам друг
Немам правено лажен за шпиунирање луѓе, туку имав два за праќање на игри, и имав на нив само 3 пријатели за праќање поклони на игри, ама оддамна ги немам приклучено. А, што имам една на фб, си има направено лажен профил на едно машко, па дури си коментира на сликите и на линковите нејзини од кај него, а апла се гледа дека е лажен. Која глупача еј.
Јас си направив еднаш лажен профил за да ја "шпионирам" бившата на дечко ми. Но одкако сватив дека таа е ништо во неговиот живот го избришав и повеќе не сум се уклучувала од него.
незнам зашосе грижиш, ќе му кажиш на сегашниот дечко дека некој типрљави профили, дека тоа не си ти и готово
Мислам дека имаше опција да им се обратиш на администраторите со порака, ако не се лажам, ама незнам како беше. И јас сакав да им се обратам пред некој ден, ама не најдов решение. Ако најдеш како да им се обратиш, пиши тука.
Брииј, решивте случај стар две години. Имавме пред некое време еден заеднички со другарка, слика од Анџелина Џоли ставивме и така си додававме народ безвезе. Без посебни жртви на нишан или нешто, онака само. Дечишта. Имаше и неколку што мораше да се направат за facebook ads, ама не ги ни памтам. Јас за мојот немам време да го марам и не ми е интересен, не пак со лажни да баратам. Сега од тој „на Џоли“ само енерџи пекс си праќам за Авенџерс и толку. А мене колку што ме додале лажни профили во последниве 10ина месеци, никогаш. Со бедни и смешни камуфлажи, almost made me think they were real. Not. Ама Каљопа све то отера у материне и прифаќа само познати. Мирна глава.
Епа многу ги има такви.Пред некој месец и се има случено на другарка ми ама после она го пријави профилот и сликите ги стави на private
Аххаха имам да Прво јас си го направив само за игри, да си праќам подароци на Мал Врлд, и имав едно 50 пријатела. Не ми беа потребни де. И им кажав на 2 другарки и тие ме натераа да го дотерам малку профилот, ставивме слика и се, аднувавме рандом фацки, некои со интересни слики Сега ретко одам на тој профил...
. .....имам лажњак ама чисто онака да си ги искажам она моето,,второ,јас,, на вистинскиот профил си ја имам цела фамилија и сега нормално пред нив не можам се да си кажам и да поделам некоја песна,слика,порака и сл.... а тука на лажњакот си имам пријатели кои и лично не го познавам,и не е ни важно ама можам и да си ставам песни,слики да си го искажам скриеното јас ...... искрено сите сме личности од крв и од месо и имаме потреба да сме диви и млади,да ги искажиме страстите,а тоа не можиме пред секој,посебно мажена жена...знаам праам криминално дело,ама јас пак сум среќна и задоволна....