ми имале њаправено повеќе од 3 лажни профили од мене до сега и баш то знам девојчето што ми ги правеше ама пак ништо не му викав и една ден ми дојде се преку глава од лажните статуси и слики и и се развикав и таа ги избриша .. најлошиот дел беше дека таа ги имаше додаено на фб сите наставници и пишуваше срамотни статуси во мое име кога тие се онлајн .. којзнае тие што прочитале и мислеле дека е мене а иначе и ние како група деца имаме правено лажни профили за едно девојче кое го мразевме
па такво дојде времето на фб лажен профил на тел #31# на аск анонимен во живо дволична личност добредојдвте во 21век
Изгледа ти мала во јак филм си влезена. Јас не сум до толку популарна па да некој прави лажни профили со мое име. Внимавам кого додавам на фб, имам максимално ограничена приватност, само пријателите и никој друг. Нормално е доколку сакааш да се правиш важна, а тоа се случува најчесто кај дечурланава, кои со 14-15 години имаат над 1000 пријатели и отворени профили да секој може да ги види нивните напучени усни, да дојде до злоупотреба на слики, но за сето тоа самите си се криви. Профилот го користам за нормална комуникација и имам нормални слики кои би ги покажала секому. Ништо купаки, ништо разголени, читај провокативни слики и нешто што не би сакала другите да го видат. Не се оптоварувам со тоа дали некој има лажен прифил или не, тоа е негов проблем ако сака да живее некои друг живот поразличен од неговиот слободно нека го прави тоа, јас сум задоволна од мојот. Јас имам 1 профил, околу 40 пријатели, и тоа ми е сосема доволно. Голема штета е што родителите поима немаат од компјутери па на децата им купуваат дури и камери, што е многу опасно. Можеби некој ќе рече децата се попаметни од возрасните но не е така, бргу се лажат и прават разни глупости а потоа гаволот им е крив. ФБ, е многу опасна работа посебно во рацете на деца, иако од страна гледано се изгледа наивно и безопасно.
Читам и не ми се верува- да правам лажни профил на некое девојче со цел јавно да ја ругам? Каков е тој mean girls менталитет? Еден ден јас да ја фатам ќерка ми како прави лажен профил на некоја другарка, без разлика колку се скарале, следен пат ќе седне на компјутер кога ќе докаже дека е способна рационално да расудува и дека е свесна за одговорностите и последиците од нејзините постапки. Мислам, вчера се договоривме со Трпана да пиеме кафе ама таа ме зае*а и ми откажа, останав дома во сабота навечер поради неа и сега јас ќе и направам лажен профил, ќе го додадам за френд нејзиниот директор и ќе му пишам на вол дека е дебела неписмена свиња. И да ја избрка од работа, па што? Толку да не се размислувало за последниците, немам зборови.
Јас лажен имав за игри. Сега веќе не ни играм така да не го ни користам. А мене ми имаше направено мој бивши. Бевме раскинале и најверојатно за да ме нервира ги беше додал моите колеги од факултет, школските.. а знам беше некаде околу мојот роденден, па сите што ми честитале ги канел на торта..
За ова има предвидено казна. Ако го знаеш девојчето, можеш да ја пријавиш. Пријави до МВР единицата за компјутерски криминал, за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Иако сте можеби малолетници, за ова казна ке си фатите. Или најдобро е да се јавите во Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП). Тие ќе можат да го контактираат Facebook и да спречат несакани активности.ДЗЛП може да помогне доколку некој отворил профил во ваше име без ваша дозвола и се претставува како вас.Доколку злоупотребите продолжуваат, пример, се појавуваат повторно лажни профили, пријавете го случајот во МВР и кај Јавниот обвинител. Девијчето кое го мразевте и му правевте лажни профили имате среќа што не сум и мајка јас. Да беше така, сега ке бевте на суд, и ке добиевте казна. Не затвор, не се плашете, ама зголемен надзор од родител и социјален работник ке бидат доволни за да имате засекогаш белег во животот и досието. Лошо е што вашите родители не се замараат со вашите животи, и не знаат да ви укажат на вашите грешки, па затоа и ке патите од вакви глупости. И од одење во суд и објасување на судијата за малолетници зошто сте правеле глупости. Досега во Дирекција има пријавено над 100тина вакви случаи.
Имав мој профил направен уште во 2010 ако не се лажам го користев до полани но тогаш бев помала и прифаќав секакви ( освен некои со кинески имиња . И имам околу 3500 пријатели па ме мрзеше да бришам затоа избришав повеќето од сликите. Ми беше деактивиран некое време сега е отворен ама со исклучен разговор и го користам ептен ретко за некоја игра. Сега си имам нов профил каде што имам околу 200 пријатели само школските други од моето школо што ги познавам лично и роднините некои не сите. Инаку во 8 одделение девоучиња што учеа со мене ми бра направиле лажен профил и на мој 1 братучед му се удварале арно ама возрасен е човекот сега и детенце има сфатил дека не сум јас сфатил дека е лежан профилот и ги излажал дека ќе ги пријави во полиција затоа што го направиле тоа и овие веднаш го деактивирале профилот хаха. Потоа кажале на еднод руго девојче дека биле тие и тоа друго девојче ми кажа мене. Инаку многу ниска работа според мене е тоа. Некој ме изнервирал и ајде ќе му направам лажен профил мислам чисти глупости.
Здраво девојки потребна ми е вашата помош ! Едно девојче ми прави проблеми во врската со лажни профили тие профили не се користат секојдневно туку по потреба дали доколку го пријавам профилот дека е лажен ќе биде избришан,дали треба да го пријавам од повеќе профили бидејки од мојов го пријавив и ми пишува дека е поднесен извештај до FACEBOOK и ќе биде прегледан,колку време се чека и дали воопшто ќе го избришат ? :/ некое искуство мислење ве молам? :/
читам и неможам да верувам...До каде им е развиен мозокот на помалите .... Дефинитивно сум за секој родител чие дете нема 18год. да се казнува парично доколку поседува фејсбук профил, па како тогаш ке ги интерсира што им прават децата на интернет . и онака сите поседуваат мобилни нека се договараат преку нив , како можевме ние , така можат и тие Спојлер Прво помислив да ставам 16год ама од читаново ...се гледа дека некои многу побавно созреват па подобро 18г.
пратив пријава неколку пати и од други профили ми пратија порака го разгледале профилов и според нивните стандарди.. ако нешто се променело ќе ми пратат известување .. незнам што да правам веќе лажниот профил има над 60 пријатели ве молам ако знаете помогнете ми..
И повеќе од познат. Искрено на почеток не знаев дека е лажен сеедно, повеќе ги жалам тие што и коментираат на објавите, па сликаат, па споделуваат како кој знае што е отколку тој што го направил профилот. Се додека има такви што придаваат значење, ќе има и такви профили.
јас сепак мислам дека не е лажен туку дека тоа девојче е со некаква мана и дека сите што коментираат само му се потсмеваат !
@stronGgirl66 јас мислам сепак дека е лажен, не верувам дека некој до тој степен би се избламирал на фејсбук. Можеби Благодушка постои како личност, но не ми се верува таа да стои зад тој профил.