до некаде и ти си во право ама па и мајка и фб има и плус она на кам шо се гледаше малце тоа ме збунува мене
не напротив има и докази дека е лажен едно девојче за да му се потсмеваат го направило но со какво размислувањенеможам да верувам
Е де де де ко да незнај да направи 2 -3 фејка за да замати мозок... А тоа за камерите се преземени слики (човекот што се гледаше со вистинската личност која ние ја знаеме како Благодушка)
А, која е девојката чии слики се на профилот? Мене искрено ми е греота така и се чудам како доколку е лажен, профилот се' уште постои :/
има многу со му е интересна иако викаат дека досадува нив да и беше досадна немаше да и коментираат ке ја блокираја фино лепо али ете некој сеуште не му иди памет за да го избриши
Не дека нас ние гајле дали е фејк или не али да се најди некоја занимација... Ако таа личност е неписмена па како се уклучува на фб,мислам како го пишува пасвордо? ма дај девојки малце логика...знае да прави скрен шот да постира песни и 300 чуда а незнае да напише срце ? Од Пелистер се гледа дека е фејк али кој да свати....
Еве не знам, но мене воопшто ова не ми е интересно... зарем толку немаме занимација во животов, па ќе ја зезаме ,,Благодушка"? Многу се чудам.
Остави то сега сите почнаја да и прават лажни профили на девојката изгледа таа не е од Македонија па за тоа нема забележано,што знам...
Немав слушнато за девојчето, се дури не почнаа да се пресликуваат и објабуваат нејзини објави. Ама ајде како и да е, знаеме за нашето малограѓанство, не дај Боже човек да напише нешто смешно и веднаш ќе се појават безгрешните за да го сликаат тоа и објават на своите профили, па тука следат коментари од га*олижачи, блиски, помалку блиски итн со коментари од типот: хаха, проста, глупава, неписмана, итн. Или пак ќе се појави еден таков профил и сите веднаш за тоа ќе се фатат и ќе почнат со навреди по коментари, мислам идиотизам на ниво. Не верувам дека некој до толку би паднал ниско и покрај сите тие навреди и понижувања да продолжи да пишува. А во врска со сликите може се симнати од друг профил, од каде да знаеме.
Sersinja moi Лажен е профилот не е нејзин и име како Благодушка Марулова викаат дека не постои во статистиката на Македонија. Тој што е зад профилот е машко 100% И тој си поигрува така а колку сакам да се дознае кој е. Ама тоа што се гледаше на скајп со некој тип,и мајка и што и честита роденден ме подзамисли малце Или може намерно напраил и друг фејс па како мајка и демек, а она со скајпот? Еднаш прочитав во коментари,некој имаше пишано дека девојчето е од Бугарија. Ама не верувам дека долго ќе трае кога и да е ќе се дознае Машала голема слава си стекна за неполни 2 месеца.
Толку се замараат шо и инстаграм и твитер и направиле....е баш сакам девојкава да ги пријави да биди виновникот јавно објавен пред сите и да добие забрана за користење на фб па малку и него да го хејтаат да биди и тој популарен на таков начин
На еден нејзин пост има над 150 коментари, незнам дали луѓетво немаат попаметна работа или што е работата. Се дури има овци, ќе има и кој да ги стржи.
@eloves јас да ти кажам,немаат попаметна работа. Коментираат за да соберат лајкови на коментарите што е многу бедно,повеќе они се брукаат него "Благодушка"