1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажирање на сопствениот живот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Feminka192, 8 септември 2017.

  1. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Се повеќе и повеќе имам чувство дека сите луѓе околу мене си го лажираат животот. Се обидуваат да го прикажат пред другите во некое многу добро светло. Лажни насмевки, лажни пријателства, лажни врски. Како да живееме во една голема лага.
    Желбата да ги импресионираат другите им е толку голем приоритет што забораваат да живеат за себе.
    Пример по социјалните мрежи често забележувам од луѓе кои ми се поблиски лажни чекирања со цел да се прикаже дека им е многу убаво во моментот а не се никаде излезени или пак објавување на стари слики со цел да се стави маска дека биле некаде овој викенд.
    Лаги од типот бевме 10 дена на одмор а тие едвај викенд истерале некаде.
    Лаги од типот леле овој/оваа лудува по мене, ме моли, си играм со него/со неа како сакам и сл. а дечкото/девојката само најкултурно комуницира или се обидува да воспостави некој контакт.
    Па глумење некоја зафатеност од луѓе кои воопшто и не се вработени.
    Па прикажување дека се купува многу а едвај се има за основни потреби.
    Мене никогаш ми немало поента да измислувам дека некаде сум била, дека сум купила нешто или пак да глумам зафатеност посебно пред блиски луѓе.
    Познавате ли вакви личности?
    Зошто според вас луѓето се повеќе се одлучуват за ваков начин на живот?
    Го лажирате ли вие сопствениот живот?
     
    На Јаневски, Aquamarine93, strawberry06 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Исто чувство имам и јас. Како се да е некоја голема лага, и меур од сапуница што ќе пукне. Сум била сведок на постови „Жената на мојот живот кажа да“, а тој цело време љубовница имал и се разделија по извесно време. Татко кој на детето не му купува ни основно, става фотки по фб и се фали како е добар татко. Не земале плата со месеци, а само се чекираат како што кажуваш демек се некаде. Дома сметки неплатени, а тие се сликаат по кафиња. Лажат, многу лажат луѓето. Пред некој ден една „другарка“ ме прашува каде сум шетала, гледа фотки нови 3-4, и ми вика „ еехххх јас колку фотки имам, ама не ставам, не живеам на фб“. Демек. Не бе човек ми кажува била ваму таму, а дома е цело време, инаку да била не како мене 3, 30 фотки ќе стави. Лажење на ниво. Луѓето како да живеат во некој с
    вој замислен свет. Ми кажува нешто, па за 5 минути сама себе се демантира.
     
    На Stephen Amell, Jane.Birkin, Feminka192 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Every body lies....да, да...сите лажеме на жалост...Изреката дека на лагата и се кратки нозете со која не плашеа и подучуваа родителите, знаеме сите дека не функционира.
    Направени биле некои си анализи во кои пишува дека 60% од луѓето, барем три пати ќе излажат во рок од 10 мин. ..добро, ова е за безазлени лажги, безопасни или куртоазни, на пр.....неможам да го изедам колачето, на диета сум и др.

    Лажеме сите, стари и млади, па и дечиња..лажираме во реалниот и дури во виртуелниот живот.
    Потребата за вакви лажирања веројатно е некаков вид храна на другата човекова природа, илузија, да бидеме прифатени во средината, да се чувствуваме пидобро...многу причини има.
    Лажирам и јас, не сум имуна на таа особина...некогаш повеќе, некогаш помалку...хаха...само да не се забегува многу:D
     
    На La.loca, Anacid и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Не лажирам. Штом не се чекирам лажно не лажирам. Можам некои детали за мојот живот да не ги кажам веднаш затоа што некого не го знам доволно, но не лажам. Моментално не кажувам, чекам вистински момент, ама тоа е различно од лажење.
     
  5. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Зошто да го лажитам својот живот ако веќе знам што сум, која сум и што сакам? Кој лаже не ги лаже другите туку самиот се лаже бидејќи нели на крајот се се дознава. Ова со социјалните мрежи и лажниот приказ на совршен живот е уствари последица од болеста "што ќе кажат другите?" !
     
    На PaLaVa, Stephen Amell, VictoriaSan и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Искрено мислев само јас ова сум го приметила :rofl:

    Ако збориме за фб и инста , јас не ни паметам од кога слики не сум ставила, чекирала , објавила и слично .... Не се експонирам по социјалниве мрежи .

    Но сум забележала Ши сед јес , а вчера сум го видела со друга , па она узбуџена постира слики Ужас

    Сум забележала девојка да постира некои си слики да докаже дека има дечко а всушност нема

    Сум забележала како некоја постира слики со маж и , па срциња фрчат на сите страни , а затоа си има двајца колеги швалери

    Некои и без социјалните мрежи си го лажираат животот , па ке ти дојде комшивката па ке ти каже како шетала низ Анталија со дечкото , а пред тоа извршител и отишол дома и ..|(

    Има секакви , али најбитно е да ги игнорирате овие ствари , и да ги оставитее да си маштАат во нивните фантазии8)
     
    На nena2010, PaLaVa, Stephen Amell и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    @Feminka192 со голем дел од напишаното се согласувам.
    Јас лично, навистина не гледам кое е задоволството некој да ми завидува за нешто што го немам.|(
    Познавате ли вакви личности?
    Мислам да.Не ги анализарам премногу, само им давам лајкови бидејќи знам тоа ги прави среќни :sun:
    Зошто според вас луѓето се повеќе се одлучуват за ваков начин на живот?
    Мислам дека страдат од некои комплекси и вака најлесно се ослободуваат од истите. Собираат лајкови, коментари и си го билдат егото.
    Го лажирате ли вие сопствениот живот?
    Се трудам да бидам искрена. Знам дека тоа ме прави во исто време глупава, ама ако јбг. :wasntme:
     
    На Anacid, Stephen Amell, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.580
    Допаѓања:
    155.739
    Пол:
    Женски
    Јас неможам да се согласам целосно. СИТЕ лажиме зошто ајде најсериозно, кој кога е тажен му текнува на фб слики да става? Или слика со слаба шминка или без воопшто? Слика по пижами или никаква облека за низ дома? Слика каде не се смееме? Поентата ми е, ги споделуваме среќните моменти и со криење на несреќните изгледа како да лажиме, кога реално не лажиме. Профилот ни е отворен за пријатели ама и самите знаеме дека неможиме со сите ист степен на информации да споделуваме сем ако не се оние невините и среќните моменти. Да беше ова се во живо - немаше да биди забележано, зошто е на фејс и се "останува", се забележува оваа лажна среќа. А лажење до степен "имам пари и ќе јадам во скап ресторан иако сврзвам месец за месец едвај" или "бев на викенд Охрид ама ќе сликам езерото и ќе речам дека сум бил Грција една недела" е апсурдно. Вистински апсурдно. Сем тин деца не вервам дека некој возрасен има време да го прави ова. Особено со апликации како снепчет и инстаграм каде сите во денот бар пет пати кажуваат што прават - се сомневам дека одговорот е дека лажат за места каде одат и колку време се задржуваат. И да лажат - не ми менува зошто луѓе кои ми се блики и во интерес - си знам како им е.
    Гледам имате пишано и за вас лично. Да речам последните година дена фејбук не ми е интересен. Ако одам некаде и ми се допадни слика од мене - ќе ја ставам. Ако се сликам со дечко ми в парк и ми се допадни сликата - ќе ја ставам. Значи пресуден фактор е да ми се допадни зошто неможам да ставам слика свесно на која се перцепирам како грда. После фејс отворам пак по неколку дена и не ради сликата туку некоја другарка да не има ставено нешто па да ми се лути како обично зошто лајк не сум ставила, ама јас за сигурно во блиски ја имам стуткано.
     
    На BloodElf, Someonespecial, Stephen Amell и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Eве јас знам возрасна личност која кажува бев ваму, таму, а всушност не била никаде и седела дома.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.580
    Допаѓања:
    155.739
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm во тој случај таа личност веројатно е фрустрирана и незадоволна од себе и од она што го има постигнато, особено во споредба со други луѓе. Исто така оваа фрустрација можи да излези од тоа што гледа совршени животи на социјалните мрежи и само среќни лица без да сфати дека истото го прави таа и дека на никој не му е совршено. Неможам да сфатам зошто возрасна личност, сем ова што напишав, би лажирала идентитет на интернет. За тин деца сфаќам. Ја сфаќам потребата за популарност и внимание зошто за тоа се тие години, но не и кај возрасна личност.
     
    На Someonespecial и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Во врска со темава има многу да се пишува. Факт е дека 95% од корисниците на социјалните мрежи го лажираат својот живот, и имам такво чувство дека животот го живеат само за на ФБ. Излегуваат на кафе за да се чекираат, одат на концерти за да се чекираат , одат по одмори за да се чекираат, уште кога одат во тоалет не споделуваат на ФБ и на Инста, едноставно премногу се експонираат на ФБ мислејќи дека со тоа ќе ги фасцинираат своите пријатели и роднини, а реалноста е далку поинаква прекажаното. Немам ништо против да споделиш слика, да споделиш некоја корисна информција, да споделиш некое прекрасно место што си го посетил, некоја песна навистина што ти се допаѓа или добар филм. Со обидите да го прикажат својот живот како совршен, излегуваат доста смешни и незнаам како не се свесни дека и преку социјалните мрежи се забележуваа колку се всушност несреќни и несовршени.
     
    На IM.TMKQ, Victorian, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Тоа е. Во прашање е некаква фрустрација. Бев во оној ресторан, бев во Охрид, бев во Кичево, а за никаде ништо повеќе не кажува. Дури и да ја потпрашам нешто, нема да знае што да каже. Не била ама се прикажува демек ете бев, прошетав, јас нешто ууаауауу, а нема врска. За жалење се тие што лажат. На крајот самите себе си се лажат, не мене, јас не им верувам.
     
  13. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Лажат корнат.. не се нормални. Не можам да ги разберам не ни сакам а бегам од фејк луѓе.
    %туално што ги знам 90% од луѓево се фејкери, чекорат по земјава како паразити и далеку од луѓе се.
    Човек по дефиниција треба да биде реален, приземен и свесно да чекори на планетава наша.
    Секој може да лаже али не може секој вистина да збори...
     
    На IM.TMKQ, PaLaVa, Stephen Amell и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Само ќе надополнам.
    Секој може да лаже, но секој не знае да излаже :D
     
    На L-a-r-a22, stetoskop, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Социјалните мрежи земаат се поголем замав во секојдневието, а пола од тие што имаат акаунти на нив не знаат како да ги користат. Фејсбук и Инстаграм се претворија во циркус, и Снепчат до некаде. Никој не ја знае вистинската намена повеќе на истите. А размислувањата да мора сѐ да се стави на тапет за секој да види и да знае, во спротивно исто како да не се случило, се шират како зараза. Трагично е што се уште има безрбетни суштества кои сметаат дека се што ќе видат објавено на интернет е нормално, го прифаќаат и самите стануваат дел. Еден профил на личност од запад или Америка нема никакви содржини како чекирање на секој чекор и слики за да ги евидентира глупостите во текот на денот на цела фамилија. Борбата кај нас е да собереш минимум 300 лајка на слика, затоа што лајкот стана мерило за успешност на некои.
    Затоа Македонија допринесува за профитот на Марк, факт е, не обична статија или истражување.

    Ова е едната страна од приказната. Другата е оние личности кои ги следат првите, и главна окупација им е што тие објавиле. Не знам, нема ниту една обврска кој чека и треба да се заврши? Или нешто друго кое бара внимание? Изгледа постои суфицит на слободно време. Затоа сите постови од погоре се упатени за личности кои лажно се прикажувале на Фејсбук. Сериозно? Ќе потрошам скапоцено време за да видам што објавила Трајанка и после ќе мислам дали цело време лаже или не?

    Па не знам што претставува поголем апсурд/ парадокс. Првите "лажираат" живот, вторите немаат. Преокупирани се со лажираниот живот на првите. Така ќе му дојде некако, а?

    Не разбирам. А мислев дека толерирам глупавост.
     
    На poker_face, bittersweet, Anacid и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Мене не ми треба саати да гледам што објавува Трајанка, но ако Трајанка сама ми пише здраво, како си, бев во Охрид, а гледам дека ниту цени спомнува, ниту капење, ниту како ило, што било, имало ли туристи, а при тоа и нејзиниот „Ромео“ нема слики на фб, ни таа нема, а раскажува ова, она, значи не се замарам јас со Трајанка, туку Трајанка мене ме убедува дека е среќна и нашетана и полна со пари, а јас сфаќам дека е лага тоа. Значи не е до тоа дека немаме животи, ама еднаш во ден на фб и за 5 минути гледаш кој што објавил. Едноставно не сме глуви и слепи, и плус размислуваме.
     
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    А што е толку битно дали била или измислува? Океј, била, супер за неа, одморила. Какви слики, какви цени, какви туристи.
    Или па не била. Лаже. Како тебе те допира дали Трајанка вистински била на одмор или прикаски кажува? Што ти менува тебе? Дека не успеала да те излаже? Дека не е реално среќна, нашетана и нема пари?

    Па тоа ми беше поената, размислувате за животот на другите. Трајанка ти кажала била во Охрид, ти филм си направила како те лаже од тоа што ти го кажала т.е. од тоа што не ти го кажала. И не се 5 минути во прашање, самото куцање на постот ти било повеќе од 5 минути додека смислиш за да го опишеш нејзиниот лажен одмор. Тоа е тоа. Ти кажала била на одмор, ти сакаш да видиш фотографии од неа и нејзиниот Ромео и рапорт како и било. Тоа се вика нарушување на приватност.

    За тоа пишувам цело време.
     
    На Annath, sjdgo, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.939
    Пол:
    Женски
    Ехе такво дојде времето сега. Ама јас пак мислам дека не е до времето или до личностите туку до нашево опшество. Луѓето се незадоволни од плати, од сексуален живот, од физички изглед, од животот воопшто во Македонија.
    Сведоци сме како еден куп женски ставаат слики на социјалните мрежи иако на сликите не изгледаат на самите себе, а во живо самодоверба рамно на 0. Со такви слики си лечат комплекси и ако има пример девојката 300+ лајкови и се крева самодовербата, ама потсвесно знае дека не ја бива.
    Друг случај се тие што нон стоп објавуват слики од тоа каде одат или слики од јадење и кафиња и насмеани до некоја личност што ја мразат, знаеме дека животот не им иде баш од рака :)
    Заљубени парови кои објавуваат слики како се среќни и заљубени, а имаат швалери и швалерки или пишуваат на секој на фб. Ги убедуваат другите дека им оди во врската.
    Некои пак објавуваат слики од нивните деца 24/7 од типот, сеа со малиот/малата ќе јадеме, сеа ќе какаме итн. а знаеме дека на тоа дете не можат да му овозможат некои посебни услови, секако не сите, ама има и вакви :)
    Некои машки пак објавуваат слики од автомобили и пари, а во живо немаат пари за кафе.
    Секако тука се и женските што секогаш се сингл, а се пердаше со цел град. Важно објавува слики од типот, No boyfriend, no problems :clap:
    Има и од типот што кога ќе отидат на една журка и ќе објават 1000 слики, 10 видеа или 20 стори на Инстаграм.
    Не генерализирам дека кај сите случаеви што напишав е 100% така ама од некои мои забелешки и искуства кажувам. Субјективно мислење:)
    Не е така како што е на социјалните мрежи. Луѓето си лечат комплекси и си го лажираат животот. Доколку би се прифатиле какви што се и каков им е животот реално, мислам дека ќе се посреќни:!:
     
    На aleks blond, Dark artist, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  19. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Не е баш така едноставно. Најнормално секој сака да се прикажува во своето најдобро издание, во својата најдобра верзија. Нема никаква поента во тоа да се покажуваме кога се осеќаме мизерно. Никој не сака такви луѓе (тоа е така денес, наместо да се помогне, повеќе се радува на нечија болка или промашувања). животот е доволно стресен и безтоа се одбегнува поглед од вакви лица. Можеби тоа е причината за сите оние насмевки на слики. Има феномен денес - да се носи маска, не е неопходно да се нарече лажирање. Секако, има луѓе какошто кажавте, со лажни означувања и такви ствари, но ете тоа им е за утеха, ако е така, па и не ме засега мене ниту ме повредува.
     
    На Dark artist и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Еднa сликa е еднa сликa, мoмент. Тoa штo вие си прaвите цел филм oд сликите е другa рaбoтa. Прoшетaл, се сликaл нaсмеaн, тoлку. Не знaчи декa е смешкo кoј пoстoјaнo некaде шетa. Или убaви слики oд хрaнa, не знaчи декa секoгaш тaкa дoмa пoстaвувa и јaди. Се сликaле сo пaртнерoт зaљубени a ти знaеш декa се изневерувaaт? Oни сaми себе се лaжaт или пaртнерoт, пa сегa ти нaвреден ќе си oти тебе те лaжaт сo сликa, кao мнoгу битен фaктoр вo нивниoт живoт. Oстaјте ги луѓетo дa пoстирaaт штo сaкaaт, oти некoгaш пa и сликите се oнa штo им е вo душaтa, иaкo (нa жaлoст) не и вo реaлнoстa.
     
    На Annath, Dark artist, Selest и 9 други им се допаѓа ова.