Да, според тебе јас нарушив приватност и интима која ја нема воопшто?Лагата нема приватност, а јас не сакам да бидам во друштво на луѓе кои лажат на секои 2 минути и се демантираат. И форум е ова, за различни мислења е, а не за едноумие.
Да, обид за нарушување приватност е примерот кој го даде. Таа ти кажала дека била на одмор, толку. Кој фактор си ти во нејзиниот живот за да видиш слики од неа и нејзиниот партнер и детален опис за нивниот одмор? Ако сакала, ќе ти кажела од прва, безразлика дали таа прва ти пишала и ти се "пофалила". И уште еднаш, и да излажала, што ти менува тебе? Ти ќе бидеш "уморна" и "ненашетана" наместо нејзе? Ти ќе бидеш онаа што "лаже"? Каде виде "едноумие"? Јас пишав свое мислење, истото како и сите други пред мене. Во постот пишав дека сите примери се од лажни животи на социјалните мрежи, и го пишав заклучокот. Ти ме цитираше затоа што си се почуствувала засегната и потреба да го одбраниш ставот, иако не посочив никој конкретно. Па како тоа сега јас ти наметнувам мое мислење не оставајќи простор за друго, поразлично? Да, се прави есап на туѓа сметка. Парадоксално и апсурдно е.
Па и твојот пример е туѓ есап. Гајле ми е мене за туѓ есап и за хејтери, само што ова лажирање на живот зема замав и јас нема да го сменам, ама не можам да кажам дека не го гледам. Тоа што го нема, не постои, не е приватност. Која приватност, ако лаже?Ако ми каже дека имало туристи во Охрид нема да и нарушам приватност. Мешате поими и хејтате. Мене ништо нема да ми смени, таа сама себе се лаже. И да, не сум фактор никаков и не можам да видам фотографии кои не постојат, ни сама нема да ги види. Не сум јас крива што луѓето имаат болна фантазија.
Не, не е, затоа што нема мој пример. Има мои коментари на твојот цитат и пример кој ти го даде. И едно е да гледаш, сосема друго да правиш филм во глава и да мислиш дали лаже или не после една објава, или по твојот пример порака пишана за да се пофали. Па затоа ниту мешам поими, ниту хејтам. И кога веќе лаже според вас, се лаже самата себе, не вас. Затоа не знам зошто толку ви значат доживувањата на другите, реални или измислени. И доколку има фотографии кои постојат, јас не би ги покажала. Дека имам болна фантазија затоа. И само се врти во круг со коментариве, а иста е поентата.
Тања, многу размислуваш за туѓите животи, кој што прави и како живее не треба да те интересира. Прво велеше немало среќни бракови, па луѓето лажеле за висината на платите, сега пак целиот живот им бил лага.... Почни да гледаш малку во својот двор, посреќна ќе бидеш така.
Не е ниту до времето, ниту до сегашното општество, туку е до човекот. Тоа е во неговата природа. Од секогаш мнозинството луѓе се труделе да изгледаат подобро/поубаво/попаметно од тоа што се, од секогаш се труделе да го претстават својот живот перфектен пред другите. Мнозинството, не сите. Не знам, еве замисли си... ренесанса, бал, луѓе дотерани се трудат да им покажат на останатите колку се подобри и колку нивниот живот е поинтересен, а зад затворени врати секој прави што сака, примитивизмот излегува на виделина, манирите се заменети со неморал, итн. Цели кралства лажно се претставувале пред луѓето, глумеле нешто што не се, не дај боже другиот да помисли дека тој не е убав или интелигентен. Или пак, 50-тите од 20-тиот век во Америка кога "американскиот сон" претставувал шема на перфектна фамилија, маж, жена, убаво воспитани деца, работа, кола и слично, а зад затворени врати, мажот ја тепа жената или жената има афера со комшијата, или едниот се дрогира, или децата прават секакви бељи, итн. Истото сценарио во истиот период само во Југославија. Има милиони примероци низ историјата, што само не' доведува да заклучиме дека од секогаш постоело лажното претставување пред другите на некој измислен совршен живот. Во природата на човекот е тој да сака да биде подобар од другиот, а бидејќи тоа тешко се постигнува (поготово во сите области во животот), мора повремено да се одглуми за да делува така. Во природата на човекот е да сака да му завидуваат другите, без разлика дали тоа го посакува свесно или несвесно. Во природата на човекот е да го натера другиот да си помисли "посакувам да го имам неговиот живот", бидејќи на тој начин неговиот живот има вредност за него. Секако, има луѓе кои преку лажно претставување си надокнадуваат за сето она што го немаат, а посакуваат да го имаат. Мислам дека дури и на повеќето луѓе им е важно туѓото мислење и сакаат да ги задоволат другите со цел да стекнат подобро мислење за нив, па поради тоа лажно се претставуваат. Колку и да е грдо, мислам дека за жал за мнозинството е така. Работата е што денес преку социјалните мрежи сето тоа е засилено и позастапено. Па има ли полесен начин за лажно преставување од социјалните мрежи? Можеш да се наоѓаш било каде и никој тоа да не го знае и да правиш било што, а преку фотографии и искуцани статуси да прикажеш дека си на сосема друго место и дека правиш сосема друго нешто. Еве едно видео кое перфектно го прикажува тоа: Најлошо од сегашната ситуација е тоа што луѓето прикажувајќи се на лажен начин, едни со други си го поттикнуваат тоа што е во нивната природа што ги тера лажно да се претставуваат и на тој начин, сето тоа само се влошува се повеќе и повеќе. За среќа, има луѓе кои имаат повеќе разум и сето тоа им е смешно и глупаво и под нив. Треба да имаш многу силни принципи за да сфатиш дека нема потреба и корист од лажно претставување и дека тоа апсолутно ништо не ти менува во животот.
Интересни се сите теми да се дискутираат. Тоа е реалноста. Ако не ве прашуваат за плата темата ќе отидеше во канта.
Значи ме отрувте. Форумот е за да дискутираме. Не знам ако се напињате ќе докажете некому нешто или?Сега јас сум несреќна затоа што некој ме лаже и ми измислува, иако добро го знам. Ако се дружам со некој 7 години секако дека го знам, и забележувам кога лаже. И аман веќе, темава не ја отворив јас. Ако дадам некој пример, одма скокате сите на мене и сега мораме да се цитираме за да се докажуваме така? Да ви дадам број што сте толку па идете прашајте ја дали била или не била?Аман веќе. И не ме интересира, само пример ви кажувам. Затоа што тука глумите некое ниво, а сите дремете на фемина, читате туѓи искуства и приказни, јас сум таа што гледала во туѓи животи. Гледам, затоа што не сум слепа, глува, проценувам и тоа е тоа.
Едни те лaжaт зa брaкoт, други зa плaти, трети зa шетaње...или имaш еднa oсoбa тaквa кoјa лaже зa се' пa сегa милиoн теми вo нејзинa чест. Утре темa -зoштo луѓетo лaжaт зa ценaтa нa oблекaтa штo јa нoсaт? Кoјa е тaa лaжливкa штo те инспирирa тoлку, или твoјoт ум сaмo лaги бaрa вo туѓите живoти?
Не бе мила, не те труеме ние, ти си затруена со негативни мисли. Нема потреба да ми докажуваш било што, мене апсолутно не ме интересира животот на дотичната за која пишуваш. Твоите мислења не ни кажуваат ништо за неа, а кажуваат многу за тебе. Ако те нервира толку што те лаже престани да се дружиш до неа и решен проблем.
Уууууу значи баш сте хејтери. Убаво е да дискутираме, и зошто да не дискутираме. Ако не се интересни темите, зошто ги полните со статуси? Ќе го бојкотирам формот затоа што и така не е како порано. Порано имаше убави ставови, сега да ти е страв да споделиш искуство, веднаш лажга ме направивте. Знам и со среќни бракови луѓе, ама се помалку. Знам и луѓе кои не прашуваат за плата ама малку се. Знам и луѓе кои не лажат, ама пак се тие помалку од оние што лажат. И сега задоволни од одговорот? Ако нема теми и форумот не би постоел. Сакам дискусија, да слушнам различни мислења, а не хејтери кои од инат пишуваат нешто.
Ако не те интересира ничиј живот како не ти е срам воопшто да коментираш? Што ти е гајле дали таа мене ме лаже? Крајно мене ме лаже, а не тебе. Не те интересира туѓ живот, не ти е гајле за она, за ова, де бре, и пак читаш. Кој не сака да знае за други, нека не отвара по теми. Се се тоа туѓи искуства. Едно ваше во 10 туѓи. Зошто читаш туѓи мислења ако не ти е гајле?
Мила моја, не се деранжирај толку, гледаш дека на тие хејтерките не им кликнува ниедна тема да отворат, па вака за да се најдат во моабет и да пишат два три збора, да не им биде узалудно висењето на форумов...хаха...Нажалост, форумите одамна кренаа нозе у вис, потрошени се сите теми, се вергла една тема у илјада нијанси....тоа е...
Ti zboruvam za tvoe dobro, se gleda deka bas se zamaras so tugite zivoti i toa mnogu vlijae na tvojata psiha. Nezadovolna si i nervozna, po mislenjata ti se poznava. Ama ti kako sakas, od mene tolku.
Претерувате. Сега се направивте и психолози, и психијатри, а само сте хејтери без став. Најлесно е да кажеш „ти се замараш со туѓи животи“. Не бе, јас не се замарам со нивните животи, јас ли некого ќе оправам, си има има психолози, ама детско лажење на возрасни години не оди. И да, отварам теми затоа што мислев искрени сте барем тука, под псевдоним, па ќе си ја отворите душата. Човек и на анонимен форум да не може да се искаже од вас. И да ви укажам, оваа тема на е моја, друг ја отворил, јас само мислење пишав. А за парите и лошите бракови, или било која друга тема, јас ниту разведов некого, ниту на некого парите од џеб ќе му ги земам. Ниту бракот нечиј ќе го направам среќен, ниту несреќен. Ниту пари ќе му дадам на некој, ниту ќе му земам. Поената е да се ДИСКУТИРА, а не да се хејта на нечија туѓа сметка. И само кланови правите, никаква корист нема од форумот.
Читате ама не дочитувате. За браковите јас прашав што вие мислите и никој не ме лаже. Јас не сум стара баба од 80 години па да прашувам „ Ејејј бракот среќен ти е“. За платите лажат, и тоа е факт непобитен и не гледам што е спорно. Ај врати се назад во сите кои дале примери дека луѓето лажат и се претствуваат лажно, па цитирај ти. Гледаш колку постови има во темата? А и не е моја темата, не ја отворив оваа јас ако не е јасно?Мојот ум не барa лаги во туѓи животи, туку имам поширок круг на луѓе, многу поширок од тоа што мислиш. Пишав неколку пати дека се занимавам со јавна професија, значи знам познаници многу, пријатели доста, многу јавни личности, така да со 30 години веќе знам да проценам. Сум сретнала од најпростори до најписмени и угледни луѓе. Не сум на 18 години и фб не ми е најголемо животно достигнување.
Мислам дека насловот е пресилна и несоодветна дефиниција за тоа што е факт дека се случува во глобала на социјалните мрежи. Тоа за што повеќето зборуваме и често забележуваме е претерано споделување на секој чекор од животот, и тоа споделување само на она позитивното, забавата – чекирање при излегувања, патувања итн, додека негативното и тешкотиите што ги носиме со себе никој не би можел да ги претпостави од еден поглед на нашиот фб/инста профил. При ова претераното одбележување на секое излегување, точно е дека многу од времето во друштво значи се со телефонот, ама се таму каде што се тагнале, значи не лажат. Исто и за врските гледаме само заеднички насмеани слики, но и нормално е дека нема кавгите и недоразбирањата ама баш никој да ги споделува на фб, нели? Имаме и многу извештачување на надворешниот изглед со ефекти... Сето она горенаведено се негативни појави, но сепак не може да се нарече во права смисла лажење, а уште помалку лажирање на живот. Лажирање би подразбирало лажни тагови со кои сите познаници што ги имаат луѓето ги лажат за да мислат дека се на некое место, лажни врски, преземање туѓи слики... А такви случаи фала Богу далеку е од тоа да ги има на секој чекор, бидејќи претставуваат сериозен проблем на личноста.