Мене ме интересира порано кога немаше инста и фејс како луѓево си го лажираа животот? Ова сакам да ми одговорат оние кои гледаат низ призма на завист. Пошто на форумов врие од завидливи фацки (се гледа од приложените коментари) Или тогаш никој не лажираше? Еве јас би отворила тема за оние од спротива што се воајери па сакаат да посматраат што прави другиот додека да размислат им поминало нивното време размислувајќи дали некој лажирал или не, само да не иде темава у канта? Пострашен е фактот дека стануваме робови и зависници од социјалниве мрежи, за разлика од порано. Порано бар луѓе наоѓаа време да се видат на кафе, ручече да си кажат по некој збор кој кај бил,како врви животов сега се отиде во спротивен правец. А ова околу ставањево слики, воопшто не го сметам за самопромовирање. Кое достигнуче е да се фалиш кај си бил и што си купил и дали си во љубов или си самец?! Нормално дека убавите моменити се тие кои сакаме да ги промовираме а кој има време нека анализира дали се фејк, поставени со цел да се лечат комплекси или се реални.
Тебе не те знам и не можам да кажам. Јас не зборам за чекирање, јас зборувам за личност која добро ја знам и ја фаќам на лажење, бев ваму, таму, онаму, а тоа не е вистина. не е до чекирање, туку дека не била. И јас не се чекирам, многу ретко ако некој ме чекира. Не е пикање во туѓ живот, јас не ја прашувам па да речеш се пикам, туку таа се фали, а всушност лаже. Ако е еднаш ќе се посомневам, а ако е десет пати се едно исто лаење веќе е очигледно. Не сме деца од 15 години, имаме дупло повеќе и јасно е како ден кога некој лаже. Ако ова е пикање во туѓ живот, што е цел форум? Што е со приказните што ти ги раскажуваш туку или некој друг?Исто е. Не се пикам во ничиј живот повеќе од вас сите, ама форум е и сум искрена, немам причина на форум да лажам како што некои прават. Не барам да се сложиш со мене, ама па не ми лепи дијганози кога не ме ни знаеш лично. Овде сите сме поеденакво важни, а тоа што некои девојки прават кланови не сум јас крива. Не мора да сум битна за да ме омаловажуваш.
Еве и јас ќе дадам пример за персона што лажно се претставува токму преку социјални мрежи. Не сум воајер, ниту пак ме интересира нејзиниот живот, не сме пријатели, само едно време бевме колеги. Но, ете сосема случајно знам пар факти за таа личност, а тоа е баш различно од она што го прикажува (не ја пратам таа личност намерно, отварам фб и ете лага на newsfeed). Пример, станува апсолвент, става слика на фб (што е се' океј) и пишува нешто во стилот на: "како идат работите, и 3 факултет ќе завршам". Тоа што сака да го прикаже: еве ме мене, едуцирана личност, интелигентна, ретко кој ми е рамен. Реалност: имам започнато 2 факултети, стигнато до апсолвент, а земени дипломи 0. Друг пример, работи на најниската позиција во компанијата (што се разбира дека не е проблем, сосема во ред е всушност), од рендом причина мора да помине одредено време во канцеларија, каде што се фотка и постира на фб и инста повеќе од еднаш со captions во стилот на: "work, work, work", "monday work day" и слично (иако навидум не кажува многу со тоа). Тоа што сака да го прикаже: еве ме мене се утепав од работа во канцеларија, уште малце шеф ќе станам, кој е како мене. Реалност: ја троши смената таму зошто у меѓувреме се реновира местото каде што вистински работи. Имам еден куп слични примери од истата таа личност. Е сега, можеби звучам како да се мешам во туѓ живот, но не е така, зошто стварно не ми е гајле, туку неизбежно е да не налетам на статусите и фотките од таа персона, а со тек на време се повеќе гледам колку лажно се претставува себе си. Негова/нејзина работа. Мој заклучок кој никој не ми брани да го донесам. На крајот на денот, неописливо смешна ми е таа личност. Буквално ме орасположува со лажните прикази, секој пат успева да ме натера да се насмеам. Во принцип, го разбирам карактерот на таа персона. Сака да биде успешна личност, а не успеала. За жал, не може да го прифати фактот дека не успеала или да се потруди повеќе за да успее. Изгледа за некои луѓе полесно е да глумат живот отколку да се погледнат убаво себе си и да вложат повеќе во својот живот.
Не мора да си воајер или љубопитен, или скраја да е како што ми залепија етикета се мешам во туѓи животи, туку се забележува тоа веднаш.
Напишаново е буквално по теркот на она што и јас одамна го имам забележано, па затоа и решив да не бидам толку активна на социјалните мрежи. Многу фејк луѓе има и тоа е факт, неприкосновен. Но, она што најмногу го имам забележано е тоа дека се лажи колку биле социјални, колку многу другари/ки имале. Најлошо ми е тоа лажење, затоа што со два клика се открива вистината. Во многу турбулентен период живееме и сите сме свесни колку е тешко да се одржат старите пријателства од средно, а може истото и да се каже после дипломирање на факултет. Затоа, треба приземјеност и да не се препуштаме кон масовно глумење лудило. Општо земено, откако ќе запознаам некоја личност. Па после тоа ме додадава на фејс, некогаш сум просто разочарана од глупостите што ги читам, а се објавени секојдневно. Си се прашувам, како оваа личност која беше толку кул во живо, може да биде таков фрик на социјални мрежи. Да не зборувам за овие што се опседнати со твитер, а ги познавам во живо. Ако правам детална психолошка анализа, кој знае колку реферати ќе бидат потребни. И за крај, мислам дека сме нација која пати од многу комплекси, фрустрации и животни разочарувања. Затоа и се посегнува по фејс или инста, очајно да се докаже дека и тие имаат исполнет живот. А далеку е од реалноста, за жал.
Во минатото, пред дигиталната ера - лагите биле аналогни Пример некој лик дави друг лик со причи колку женски исексал, ако пројде некоја по улица во минич ликот праи гримаса и со свечен тон соопштува "ja iam ebeno ovaja brat hhehe" а најблиску што бил до неа во реалноста е коа чекале заедно во ред пред банкомат и се ѕверел во задникот нејзин ко нездрав, муабети за вожњи од 256 км на час со Пежо 206 кое другарот на баџанакот го прочепкал троа и му уградил Нитро, нормално наместо слики на Инста тука биле менталните слики како на одмор во грчка или бугарска селендра или чак и Охрид се растурало со германки и холанџанки. На тоа се надоврзувале прикаски за издржливост во пиење, како литро Чивас се пиело за пола саат, понатаму колку е поштован во чаршијата, сите го поздравуваат, сите му завидуваат, сите се за никаде... Денес со дигиталната технологија човек не мора да биде во физичка близина на лик кој лаже туку ничим изазвани статуси, слики и постови, според недофатливата логика на софтверот на ФБ може да му се појават на тајмлајн. Може ама би било реалити чек пошто не знам колку раја би се појавила на лажниот погреб, старата поговорка кажува дека најдобар тест за тоа колку вистински пријатели има човек било да се замисли кој би му дошол на погреб ако скраја да е, чукне часот. Морбидно но има нешто во тоа
Каква врска има дали некој лажи по социјалните мрежи или не? Зошто ве интересира дали навистина бил некој некаде или не? Што ве интересира дали некој бил Англија, а дома имал извршител? Од каде знаете кои насмевки се искрени, а кои не? Ако вие бевте толку многу задоволни од сопствениот живот немаше да го пикате носот во на оние лажниот. И после вие сте тие шо се жалите од комшите или остали дека ви се мешат сегде. Ах бе... Трагикомична иронија.
Дали ,, сопствениот ,, ,, живот ,, е твој, па уште помалце и живот, ако го лажираш..? П.С Да не не интересираше кој ,каде и зашто бил , луѓето немаше ни да лажат за тие работи...Али јбг, психологија...
Каде виде во моето мислење омаловажување? Самата напиша дека знаеш дека имаат некој личности купови неплатени сметки а ставале слики од не знам каде, од каде знаеш колку неплатени сметки имаат луѓето, сигурно сами не ти ги прикажале, освен ако си пишуваш за домашните, се друго е пикање на носот каде не му е местото. Хејтери имаат Лејди Гага, Бибер, оттаму коментарот за битна личност а не твое омаловажување. И ниеднаш не одговори што ти менува тебе во животот дали некој лаже или не.... Дијагноза исто не ти дадов а компетента сум, имам диплома.за тоа, искрено во сите постови и теми оставаш впечаток на многу незадоволна личност треба да си проработиш на тоа како да ти е на тебе поубаво а не да се замараш со другите, ово што те читам, не би да те анализирам не ми е тоа од работа.
Да сакав сите да ме сакаат немаше да бидам искрен. Очекував фалсификување на изводи на родени, лични карти и слично на темава. Туку, ваљда постои начин умреница да се извади некако... Мислам, прво треба потврда за смрт од здравствена организација, потоа со неа може да се извади умреница од матично и дозвола за закоп од погребално. Среќа овие документи не мора лично да се вадат.
Изгледам како незадоволна затоа што сум реална и не лажам. Не знам кој колку сметки има неплатено, не им ги бројам нели, не прашувам, ама знам дека во Македонија 30% население е на праг на сиромаштија, извршители ги дерат, а кафичите се полни. Ти ако живееш во земјава тоа треба да го знаеш. Тоа ми е доволен и непобитен факт. Немам потреба да се мешам во туѓ живот, писмена сум па читам на интернет. Мене ништо нема да ми смени дали некој лаже или не. Само ми е грдо кога знам дека многу луѓе ЛАЖАТ. Да, јас изгледам незадоволна, и не сум задоволна во држава со плати од 200 евра, со партизација, и со еден куп квази вредности и личности, но тоа не ме прави полоша од сите вас тука. Ако ми влезеш во психоанализа ќе докажеш дека си оспедната со мене. Има повеќе тролови на форум, па не им правиш психоанализа? Јас и во реалноста не лажам, а не па на форум, а тие што се прават еве што сум, не знам да не сте некаква буржозија со сина крв што дреме на форум, а ВООПШТО не се интересира за туѓи животи? Читате милион сексуални интимни искуства, во туѓ кревет ѕиркате што се вели и држите предавања како тоа вас не ве засега ништо. Патем не мора да читаш мои мислења, скокај ги, што се замараш со несреќни, незадоволни, озборувачи како мене според тебе? Јас не се зачленив на форум за да се допаднам на некој, да лажам тука, туку да читам корисни информации, почни од патувања па се до здравје.
За да знаеш нешто во денешно време не треба да се распрашуваш. Тоа бабите од 80 години се распрашуваат, а младите перцепираат, сфаќаат, разбираат, читаат, сумираат, проценуваат. Убаво си дала пример девојката која ја отвори темата дека ако сосетката ја гледа постојано, ја сретнува, а таа вели била на одмор 10 дена, односно била само викенд, јасно е дека лаже. Често собираш два и два и сфаќаш колку е часот, не мора да прашуваш.
Го прочитав само воведното мислење и неколку после тоа... Добро, што толку ве засегаат туѓите животи? Немате свој за живеење? Разбирам, ако лично ве засега нечиј туѓ живот и лаги, ама вака, гајлето му го берете некому... зошто?
Темите за секс воопшто не ги отварам, ниту читам туѓи, ниту сервирам сопствени сексуални искуства. Ово сериозна си дека сум "опседната' со тебе? Аман бре научете се како се дискутира на форум доста се сфаќате како некој напад и слични глупости и алал да ми е покрај три деца, маж, куќа и работа само во трета смена како успевам и да дремам на форумов и да сум опседната со тебе. Не знам каква индикација се полни кафичи о купови неплатени сметки, струја ако не платиш две сметки ти ја исклучуваат, имам стан во Скопје и за 140 денари неплатена сметка ја исклучуваат, парно на втора сметка на извршител те даваат, исто и водата, ако не плаќаш сметки имотот ти го продаваат. Толку знам од таму, порано плаќавме на година, две кога ќе отидеше некој таму сега мора да префрламе постојано пари да не плаќаме камати, извршители за сметки од 50 ден што стануваат 5000- 6000. Лажеле не лажеле мојот живот не го менуваат, јас мојот си го живеам онака како што си сакам, за другите ич не ми е гајле.
Темава е реална, допира до сржта, затоа може и некој случајно да се најде повреден. Освен тоа, сосема го отсликува секојдневието. Се нема ни за леб ама се купува скупо, се задолжува по роднини и пријатели, по банки на кредити, за што? Да се докаже дека се има, а се нема, страшно е колку е осиромашена Македонија. Браво за девојчето што ја отворило темата. А ти @Tanjamm не се замарај, нема потреба да се објаснуваш.
Мој роднина ми кажува дека кога оди на кафе, а го честат обично, оти знаат дека финансиите не му се нај, нај, едно исто кафе го слика повеќе пати и од различни агли, така што после некое време секој ден се чекира на Фејсбук во различни кафичи, а кафето е исто, плус друг го платил. Ова сам ми го кажува, се фали, не го прашувам „еејјј кафето истото е “ затоа што не сум ни забележала. На крај тоа не води никаде, ама ете човекот тоа го пратикува. Дури и ми кажуваше дека се чекира во соседна земја само за да му завидуваат соседите, е сега колку му веруваат тоа е друго. Темата е реална. Македонија е Македонија и со плата од 250 евра не се стига се, практично се покрива само најнеопходното. И јас сакам Македонија да биде понапредна, ама тоа е.