Да, во реалноста се среќаваат таков тип на луѓе што глумат големи бизнисмени, презафатени, лажат дека нон-стоп патуваат во странство, не креваат на повик, со изговор дека биле на деловен состанок или семинар во некоја од светските метрополи, се’ со цел да привлечат внимание, лажно да си придадат важност и да си направат реноме. Најчесто, многу е провидно и ако не одма, за извесен период се открива нивното лажирање.
Овој тип на луѓе ми се дното. Обично имаат предиспозиции да наметнуваат и свои комплекси на други индивидуи. Се' дури не се во допир со мене не ме засегаат.
Разбирам ако некој крие нешто за кое мисли дека ќе му се потсмеваат,ама не сакам да бидам опкружена со тотални лажговци.
Ги има насекаде такви. На мене еднаш ми се случи еден да ме лаже за неговите години, тој се направи дека има 6 години помалку. Безобразност до крај.
Подобро би измислила милион изговори отколку да гледам некој да ме мота и да не ме почитува. Ако некој сака искреност во ред ќе бидеме искрени до крај, ако гледам дека ми измислува нешто тогаш знам дека нема почит кон мене. Па зашто би го почитувала тогаш јас него? Секако дека не мислам да повредам некој туку од оние површните лаги без да наштетиш нечија душа. А дали ги има и такви? Секако. Нив воопшто неможам да ги разберам што се радуваат на туѓ неуспех, или уште полошо што пробуваат да го влечат удолу. Тоа што го правиш добро сакаат да ти кажат дека всушност не го правиш доволно добро. Ама тогаш знаеш.Од инат има некој да успее