Феминки СТРОГО ВИ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМ СЕРИЈАВА! Далеку подобра од GG, башка и во понеделник излегува. Па си имам маратон вечерва! PLL, GG и ТLG
Јас последните три епизоди не ми беа гледани, па ги изгледав вчера наеднаш. Добро е, малку доби некаков тек на настаните и почна да се случува нешто, на пример Спојлер со Ребека се разјасни нешто и со татко и на Сатн...само ме нервира што сто пати тргна Ема да си оди, т.е. Сатн ја шутна, сто пати излезе безвезна причина да остани не сакам да тапка в место. ајде нека им кажат на родителите и нека се случува нешто друго па ....И фала богу оној Џастин (лиглето) од Лорел не го видов во овие епизоди, ама ми беше за грев хехе. Најинтересен лик ми е таа и мн е слатка, супер и е улогата
Утре нова? Т.е. вечерва по нивно, утре avalivable for download.. Нема информација на википедија, се надевам дека нема да чекаме многу до следната епизода... Спојлер Со Ребека беше и преочигледно... а она со Итан баш непотребно -.-
Заврши да. И тоа многу интересно. Кој ќе чека сега нова сезонаааа... Читав нешто на нет дека од куни ќе почне да се снима нова сезона, па веројатно дури до август-септември ќе чекаме да почне
Ова тупа беше ама после 10тава ептен интересна стана. Јас имам уште 3 епизоди до крај ќе ги догледам викендов. Јас не свакам малку што има Ребека со Ани Хол а па уште помалку со Ален и таткото на Сатн. И Сатн ми е отвратна, глумица, никого не сака ниту се грижи за било кој, па ни за мајка и, само сака да прави сплетки и да биде центар на светот.
останав збунета, ептен ја замрсија серијава, ама фала богу, барем е интригантна за гледање.. Мене Ема/Сатн ми е преслатка, на глумицата мислев а и добар стјалинг фурааат сите во серијава. А од муживе и двајцата ми се cute така да немам фаворит. Најсмешно ми беше кога Ема се опијани се на се мене супер ми е серијава, океј апла тинејџ е, али онака лајт да исплакнеш очи и да тепаш време, супер е. Втора сезона којзнае кога ќе даваат, ако го следат примерот на првата тогаш тек во август. Порчитав ќе почнела да се снима на 15 мај втора.
Втора сезона и официјално обновена, Јануари 1, 2013 година. http://www.youtube.com/watch?v=NwcNZzVPkEc А требаше летово да почне, ама дури сега почнале да ја снимаат. Барем ќе има втора сезона.
Сега брзо започнав да ја гледам серијава и искрено, мене ми е интересна. Почетокот ми беше, иако беше маааааааалку предвидлив, и скоро сите потези се предвидливи. Имаат идеи поткраднато од Убави мали лажливки. Убава е колку да се тепа досада, но сметам дека има навистина други поубави и покорисни серии за гледање, како што е Lie to me или слични. Како и да е, еве мои впечатоци од првите 11 епизоди кои ги имам изгледано : - Шпицата им е ужасна, со душеци бре. Ништо посебно, дете мало поинтересно ќе смислело. Ништо не те предизвикува, не ти станува мистериозно. - Кога се објаснува што се случило во другите епизоди, нели зборува Ема, како со пола уста да зборува. "A few months ago i discovered i had a twin sister, and then she asked me to take her place" - Мислам дека Emma/ Thayer би биле најдобар пар во целава серија. Thayer ми е крајно симпатичен и паметен, многу подобар од Ethan. - Најубава ми е Mads, најприземна и секогаш е средена. Char ја имам по филмови забележано, многу ме нервира како зборува, а и фацката и некако отепана. - Emma/Sutton - преубав стајлинг. Многу ми се допаѓа што секогаш е средена за пригодата, а изборот на гардероба е на газ да паднеш. Кога ќе се насмее ми е срцкаста, како мало детенце ми е. - Оваа Ребека 100% им е мајка на девојчињава, се издава со се што прави. Зашто би се појавила така наеднаш ако не им е, а таа Ани Хобс каде отиде, ја снема типката. Ова серииве последно време се се копираат. The Vampire Diaries, Pretty Little Liars и The Lying Game - една идеја - близначки, од кои или 1 мора да е лоша и да се обидува да и наштети на другата. Уште недостасува Gossip Girl да најдат близначка, и така отидоа тие во неповрат..
Денеска и јас се решив да ја гледа серијава... Само што ја изгледав 1вата епизода и не беше нешто посебна, но арна е за да се утепа распустов . Само ме интересира колку епизоди има излезено до сега да знам дали да си барам нова серија ако има малку епизоди
Денес, после цела година а можеби и повеќе, излегува првата епизода од новата втора сезона, едвај чекам да ги видам новите расплети и заплети од серијава.
Ако продожат вака на добар пат се да ја оправат серијата. Спојлер Се вжештија работите, се закомплицираа со фактот дека Ребека им е мајка, па уште поише сеа со нејзиниов син што се појави. Само кој им е татко не се дознам, дали Тед или некој друг. А која беша пак таа типката во менталната болница што ја криеше Алек? Интересно се заплеткаа работиве, мене не ми е толку лоша серијава, далеку е од сјајна, ама мислам дека имат потенцијал да ја опраат. Али па затоа беспрекорни се во стајлинг сите глумици, и Ребека има одличен стил. Тејер ми е ептен кјут, само незнам кој ми е поубав Етан или Тејер? Која сестра со кој ќе остане? Останува да видиме
Серијава почнав да ја гледам од досада и затоа што сите викаа дека била копија од ПЛЛ...Првите епизоди беа онака лабави колку да утепаш време ама затоа од 10та епизода кога почнаа да се заплеткуваат работиве ми стана една од омилените, ја изгледав во 1 здив. Инаку искрено се повеќе ми заликува на The Vampire Diaries одколку на ПЛЛ затоа што Ема беше со Итан исто како што Елена беше со Стефан, а сега ми се чини дека Ема ќе биде со Тејр, како што Елена е со Дејмон, некако ми се поврзани овие 2 серии. Не викам не има некоја поврзаност со ПЛЛ ама не е тоа тоа