Кога љубовта е вистинска, фантазијата станува реалност во која слепо веруваме. Нејзината судбина е сурова, самохрана мајка која живее за својот син се соочува со потешкотии за да го одгледа на правилен начин. Но понекогаш и тоа не е доволно. Во моментот кога таа сонува за подобар живот, една спречена несреќа започнува нова приказна во нејзиниот живот, приказна за лажната принцеза. Тој, е млад и успешен бизнисмен кој е несреќен во љубовта. Заслепени еден од друг, двајцата веруваат во лагата која несакано се стори. Од сурова реалност, нејзиниот живот се претвора во преубав сон од кој тешко ќе се разбуди. Вистинска љубов родена преку лажен идентитет. Наскоро на телевизија Сител, "Лажната принцеза".
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] Серијава ми изгледа интересна ќе почнам да ја гледам. Глумицава е од Време на дождови а бизнисменов секси ми делува на почетоков за понатаму ќе видиме
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] Филмов е само бледа,многу продолжена копија на Собарката во Менхетн. own: own:
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] Изгледа интересен ама веке ми е преку глава од овие турскиве серии,поминаа шпанските од мода сега турскиве
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] Знаев! Таа што сакаше да се омажи за тој главниот, 5 дена и го зборувам тоа на мајка ми, она вика не е! Мене за фаци она Иначе, ќе ја ѕирнам првата епизода, сигурно и втората, ако има шмек, ок, ако не, уште една турска глупост што нема да ми тепа време
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] Пак турска серија Дома сигурно ќе ја гледаат, а јас не верувам, изгледа интересна ама веќе аман од турски серии па уште и сихронизирани . А од кога почнува или веќе е почната? онака од радозналост
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] Само да не е синхронизирана. Таман си реков и турскиот јазик ке го научам од филмовиве ко шпанскиот ама ме зезнаа со синхронизацииве
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] во право си копија е од филмот но ја сепак ќе ја гледам затоашто ја гледав првата епизода на интернет и ми се допадна иначе серијава почнува од вторник и ќе ја има само вторник и четврток во 18 и 50
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] Баш ме интересира какво ќе е филмчево, убаво или некое безвеза Патем, додека го рекламираа филмов на Сител ми остана в ум онаа мелодијана што е додека танцуваат двајцата главни ликови (така барем ми се чини ).Цело време низ главава ми се врти. На јутуб се отепав од барање ама ништо не најдов Ај ве молам ако ја најдете мелодијата да го пишите линкот.
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] http://www.youtube.com/watch?v=5D9AV41zMFY мислам дека е ова мелодијата
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] Мора ли бе за секоја глупа турска серија што ја даваат на сител или а1 да има тема? НЕ,нема да ја гледам.
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] Ке ја гледам првата епизода па ке видиме.Кога за прв пат ја видов рекамата за филмот кога таа беше облечена како слугинка веднаш се потсетив на оној филмот со Џенифер Лопез
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] хаха погледав малку како се растрчаа уште на почетокот сите негде трчаат и да ги хејтам овие од сител со таа синхронизација
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] Првата епизода ја изгледав. Слично (читај: исто) како „Собарката од Менхетн“ - филмот со Џенифер Лопез. Спојлер Е, не ми се гледа веќе се’ исто, пак исто... Дајте нешто ново, поразлично!
Лажната принцеза(Sahte Prenses) [Сител] и јас се потсетив на тој филм кога вчера ја гледав првата епизода,ама сепак не е се исто како во филмот има и некои поинтересни делови од филмот,иначе серијава ми се допадна и ќе продолжам да ја гледам,иначе серијава мислам дека има само 11 епизоди
Ја гледав првата епизода и дел од втората и толку крај. Ич не ми се допадна ептен е нереална, ептен предвидлива баш како шпанските серии ( знам дека е турска )
Ја гледам но поради глумецот инаку онака малку е глупа бидејки ептен е нереална но ајде се смејам на глупости