серискиов филм си го гледам уште од првата епизода , ми е интересен, и пред се релаксирачки а Керем е со еден збор маз која секоја зена би го посакала покрај неа
Да да, ја гледам редовно. Интересна ми е, невообичаена, барем така наликува и искрено не ми изгледа на некоја долга серија, + зошто ги најавуваат Лисјата и Долина на волците, па ќе видиме, како и да е, што и да даваат јас ќе гледам, а бидејќи нема да можам на време ќе ги гледам снимани Керем е океј, и принцезата е убава иако не ми се свиѓаат веѓите нејзини многу се долги и однатре може да ги скрати малце, мислам не и е правилна формата и ме иритира тоа секогаш кога ќе ја видам така. Емине и Ѓулнур ми се врв, особено Емине многу ми е смешна, а Ѓулнур дека е нели лоша ме иритира понекад со понашањето кон Али, кој е фино дете онака пријатен за гледање. Виџдан ми е многу грда и одвратна, гломазна е, огромни очи, уста, фаца се и е големо. Жена му на Туфан ми е најгрда, дефинитивно, особено косана.
Турските серии не ми се нешто многу интересни, но оваа серија ја ставам дефинитивно меѓу поинтересните. А и се надевам на среќен крај
Поразлична ми е од другите турски серии,поинтересна,нема патетики, плачења ,цмиздрења ко луди .И исто многу се добри гласовите што ја синхронизираат,скоро секоја епизода ја гледам
Керем и Еге не е е истата личност Прво логички според филмовите ако е така Џејлан требаше да биде баба http://www.diziler.com/kisi/cem-aktas http://www.diziler.com/kisi/haluk-piyes Погледнете ги и имината и годините и се ќе стане јасно
Значи Керем ми е совршенство од маж ! Ова е доказ дека не се успешни и прифатливи кај сите жени оние кои се прават фраерчиња,и кои мислат дека со топло-ладно ќе успеат да ги освојат.. Прикажан е како добар,нежен,романтичен,грижлив,искрен,убав...шо обично и не е карактеристично за глумци (или луѓе од реалноста) кои се толку убави. Сакам да кажам не мора да значи дека и во реалноста е тој таков,поентата ми е дека мене ми е премногу привлечен иако нема карактер на типичен фраер на кој "паѓаат" женските...И не зборувам дека ме привлекува само заради изгледот ,туку баш напротив сакам да кажам дека тие негови особини го прават поразличен од мажите во реалноста,кои постојано сакаат да се докажат во нешто и кои единствена работа шо знат да ја направат -е да те изневерат и излажат . Камо на момент да можев да бидам на местото на Џејлан. Ах Керем ,Керем...шо ти мислам
Spoiler Па овој бизнисменот (Орхан или како се вика точно , не знам), му стави некои апчиња во пијалокот, па овој во болница го однесоа, и беше на интензивна некој ден. Се разбуди и беше се ок демек, али кога се јави во Египет за да ја донесе принцезата, некоја лоша вест му кажаа изгледа, и овој го фати срцето и си умре во истиот момент .
Серијава ја имам гледано само еднаш, и тоа епизодата кога една девојка, како се викаше не запамтив и снема бензин во кола, и поминаа едни моторџии, и еден и застана, грдосија жива, косиштето за никаде е сега имаше еден многу убав, ама на Сител синхронизацијата не ми е нешто нај нај и не ја гледам