same here.. јас еве полудувам пишувам по сите теми тука.. не знам што да правам... во принцип имам редовна менструација, секој месец ми доаѓа... но, варира датумот.. не е постојано истиот, а ова од што зависи, тоа не знам. инаку еве скренувам веќе зошто ми касни 6 дена.... дечко ми е сто посто сигурен дека не напраил ништо, и веќе 2 години го практикуваме сексот на овој начин.. но не знам што да речам... пукнав од секирации..
до сеганеколку пати ми се има случено сексуален однос без презерватив(кога имав момче) и голема паничарка сум по природа, и незнаев што да правам, еднаш купив тест за бременост од аптека(рацете ми се тресеа па не го направив) и неколку пати се тестирав прегу урината кај мојата матична докторка за срека сите тестови беа негативни едно искуство плус памет во глава за друг пат
Штом ти касни, незнам како си издржала до сега да не направиш тест ( јас правам тест ако ми закасни само еден ден ) Тркни до аптека купи си тест и мирна глава
Минатиот месец имав на 17, секогаш ми доаѓа 2-3 дена порано, правев 2 теста и позитивни, сега незнам дали е лажна паника или навистина треба да кренам паника?
навистина треба да кренеШ паника со тоа Што ке си направиШ тест преку крв а инаку како се вика тестот ?
од мое искуство тестовите обично се точни ако има поминато седум дена од денот кога си можела да забремениш . консултирај се во брзо време со гинеколог
Мене во моментот ми доцни. Требаше на 5 да добијам ама сеуште немам. Минатиот месец ми доцнеше 10 дена. Во последно некако помалку паничам. Изгледа отрпнав Имав многу стресни ситуации во последниве месеци па затоа ми е се измешано. Инаку порано редовно си купував тестови. Најстресно ми беше доцнењето после првиот сексуален однос. Ми се чинеше цел свет ми се срушил. Бев прва година на факултет и јас и дечкото. Какви паники кренавме тогаш За среќа беше само лажна тревога.
мислам дека тестовите се обично точни мене бар ми се нема случено да имам лажни резултати,така да не верувам дека е лажна паника.Најдобро веднаш оди на вагинален преглед кај твојот гинеколог и резултатите ќе ги дознаеш веднаш,посигурни неможат да бидат
Не сакам да те плашам, ама како што знам тестот може да погреши само ако покажува негативен резултат.
И јас мислев дека неможе да се добие лажен позитивен, но овде прочитав па затоа малку се смирив. Инаку како и да е утре ке одам на гинеколог, па ке видам што е....
Ми се има случено еднаш во живот и искрено мислам дека никогаш не сум била понапната. Цело време во исчекување, нервозна... Сите ме приметија и прашуваа што е, јас се вадев на тоа дека имам некои проблеми дома. Само што почнавме со дечко ми да имаме незаштитени односи. Јас не мислев на бременост, и тој ми кажа дека ќе внимава и се ќе биде во ред. Малку ми беше страв ама се согласив. Помина некое време и мене ми дојде датумот за добивање. И почна да ми касни. Додуша, не ми каснеше многу, ама јас уште од првиот ден ептен испаничив. Само на тоа мислев по цел ден, па што ќе правам, како ќе кажам дома итн. Паника невидена! Правев муабет со дечко ми и тој ми кажа дека не свршил во мене, тоа суигурно, да не се секирам. Мене и понатаму ме јадеше психата, ама ете никако да добијам, и немав никакви симптоми. После некој ден направив тест и излезе негативен. Незнаете колку ми олесна кога видов една цртка! После тоа за среќа добив. Ми падна камен од срце, и јасно ми беше дека ми каснело од преголема нервоза, од што цело време мислев на тоа.
порано си паничев секој месец, но веќе се навикнав, секогаш ми доцни многу ретко да ми дојде на време, сум забележала дека кога почнам да паничам да се нервирам ми доцни и по еден месец, во последно време не обрнувам многу внимание на тоа ако сум бремена ке се изнаиграме на свадбата па после ке си чуваме бебенце.
Само еднаш до сега се испаничив на почетокот од мојата сексуална кариера-ми каснеше 5 дена и така се туфкав некое време, ме фати страв, ама пресеков и си реков-нема нервирање и мислење, што биде тоа и оттогаш па до денес секогаш сум останувала присебна кога ми каснело. И да напоменам, за разлика од многу девојки никогаш не сум го оптеретувала дечко ми, еј ми касни еден ден, ја трудна да не сум, многу ми е тоа глупаво, а многу мои другарки им цимолат на телефон на секои 5 минути Да му се одмили после да има секс со тебе.
Не ѕа џабе сум потпишана Паничарка.. многу кревам паника но се надевам дека и овој пат е само паника....ми касни вејке 5/6 дена..а последно имав односи пред скоро 3 недели.... ама сменив повејќе пати клима... во две држави ...ама пак ми е мисла...а градите ме болат...а други симптоми немам.... Благодарам
После матура мене почна да ми касни и тоа повеќе од 1 месец (а само што бев почетник после 2-3 месеци од првиот секс со дечко ми). Спојлер Е од ова каснење до ден денес не ми иде редовно и уште одам по лекари и се трудам да регулирам Ама замислете ние имавме односи со кондом, а и покрај тоа свршуваше надвор и после доцнењето на менструацијата и после 2 негативни тестови јас миле паника се уфилмав дека сум бремена абе детиште Сега кога ќе се сетам ми е смешно, ама тогаш тоа беа плачки невидени плус одев и во црква да се молам да биде се во ред и да не сум трудна дека уште сум мала дека сакам да одам на факултет. Ден денес немам редовен циклус па и да остана трудна според циклусот нема да се раководам
и мене ми се има десено да ми касни па со дечко ми се зезаме абе ај ке биде тапанар на тато и сл. значи не паничам затоа што размислувам дали негде сум згрешила
ve molam za sovet i pomos vcera imav odnos i svrse vo mene a deneska dobiv menstruacija , ali sega me faka strav panika nesto slucajno mada ne veruvam da ne doj do bremenost ve molam brz odgovorrrrr ... sega se osekam vo neizvesnost se grizam
Со оглед на фактот дека и во период на менструалниот циклус може да се забремени, се е можно, незнам, најдобро да си се напиеш Норлево, да не му ја мислиш, тоа е мое мислење... Доколку свршил во тебе се е можно...
Многу тешко, според мене, да дојде до несакана бременост иако свршил во тебе! Значи твојата јајце клетка пукнала и уште не е започната кај тебе лутеонската фаза (онаа фаза кога младата јајце клетка преминува во зрела и способна за оплодување). Во истиот момент кога постоечката јајце клетка пука ние добиваме менструација, а кај тебе тоа веќе се случило, со што лично се надевам дека не дошло до никакво оплодување! Но ќе биде тешко тоа што ќе се измачуваш себеси додека не добиеш пак менстуација, а ако ти е редовна тоа ќе се случи дури другиот месец. Незнам што да ти препорачам, искрено, Норлево не сум пиела, ама мислам дека се најефикасни ако се сипијат најкасно после 24 часа после ризичниот сексуален однос! Се надевам дека се е во ред, пошто шансите да останеш бремена ми се некако минимални ! Позздрав!