Туѓиот лажен морал не може да не’ затупува. Едноставно ако е лажен, порано или подоцна се препознава, а може да го затупува тој што се лаже сам себе си. Секој си одлучува за себе кој систем на вредности ќе го прифати и по кои норми и правила ќе се однесува, па според тоа си поставува некој сопствен морал, кој може да има влијание врз околината, но не мора да значи, зашто ќе има влијание само ако тоа го дозволиме и прифатиме.
И мене ме нервира кога читам и по форумов и по фејсбук како некои луѓе се прават морални, а нивните постапки покажуваат нешто сосема поинакво. На фејсбук кога ќе видам како споделуваат некои работи од Семе синапово или што знам кои други страници, слики и текстови со кои они се прави светци, статуси во кои делат памет дека живееме во затуцано општество, а тие самите го прават она за кое пишуваат дека е неморално. Смешни ми се некогаш кога ќе споделат нешто за заштита на животни или за состојбите на кучињата скитници. Буквално плукаат по неморалните луѓе, измислуваат решенија на проблемите, а самите тие ништо не преземаат. Буквално мои другарки велат дека е греота кучињата скитници да живеат по улици и да бидат малтретирани, а ни една од нив не сака да вдоми едно такво напатено животно, туку трчаат да купат хаска или самојед од 700 евра.