Ееееее си ја научи другарка ми лекцијата. Иначе е чоек што едвај знаеше која матична и' е, нит боледувања нема земано... итн. Она од ГАК ги донела документите, ги дала, докторката и рекла ок средено... и така. Јас пошто знам дека човечка грешка е можна, се јавувам, ама ете неа на крај памет не и' паднало. Иначе можеа да пишат дека на одмор била итн, не мораше да ја отпушти, ама не му се замараше, патем и' рече - секако дете ќе раѓаш, не ми требаш.
На темата има многу што да се напише и двете страни работодавач ,работник знаат да бидат некоректни и се е реципроцитет , колку се грижиш за работникот толку ке е позадоволен, и нема да искористува, имаш и работодавци кои воопшто не се замараат го експлоатираат работникот до болест, и едвај чекаат да дојде време за отказ, и каде да се пожали таквиот кога системот не е функционилен. Во моментот само фирмите преку колективен договор се штитат и си прават законски рамки во кои они во ниеден случај не се оштетени, а работникот мора да трпи за да преживее. Не ми е јасно како може , жени кои се трудници и се на патолошка од било која причина, да дремат секој месец по ходници и пред врати за некој нив да ги оцени дали боледувањето им е лажно или не знам какво, срамно е , и од тој аспект сфаќам зошто млади парови се повеќе не сакаат да имаат деца, тешко е за една жена од која се очекува да работи, расте дете, и не знам уште што , ограничувања милион, никаков социјален систем и никаква заштита. Се додека и во тој систем се функционира на принципот, перо работи у фондот ке ми заврши работа вака ке ни биде. Сметам дека оваа тема е непотребно отворена, сите ја знаеме која е реалноста тука.
Одговор од фзо(по писмено обраќање до нив да се произнесат) , во кое наведуваат дека немаат законска обврска да исплатат, а се друго е одлука на работодавецот, како ќе одлучи.
Па дур не го пернат и Перо по џеб, ќе крши закони. Може да се бориме за подобри закони, сум за тоа, ама не и да злоупотребуваме. Без оглед кои сме и што сме.
Какви се овие лажни боледувања? Ова мора да е некоја лудост од вработени во државно. Во приватна фирма не сакаа да ми дадат слободен ден (од одмор), а имав реална причина за тоа. Не знам, не ми е јасно.
Ни мене државно не ми даваа денови од одмор, ни денови за испити (што следуваат по закон). Ама не бев "паметна" па на секое боледување да отварам
Ама тоа сакам да кажам, ако не ми одобруваа ден, тогаш ако реално имав причина за боледување веројатно со отказ ќе завршев. Затоа мислам дека нешто не е во ред со темава.
Темава не верувам дека во приватен сектор ја има (или барем не толку изразено), во државен да, реалност се ваквите забушавања.
Ја има и во приватен сектпр и тоа доста. Зошто не им даваат одмори на вработени иако веќе најавиле од по одамна дека имаат уплатено или им го даваат одморот пред датумот или после тоа, знаат многу лајнари да бидат и се од инат. Или за спојување празници земаат боледувања.
На работен стаж од 4 месеци, следува ли боледување од 30 дена за нега на дете под 3 год. (Поради операција)
Само ако здравственото осигурување по основ на работен однос траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на случајот, поради кое се стекнува правото.
Каков е законот за боледување? Дали вработениот мора да го известува работодавецот секој ден за неговата состојба ( иако претходно било најавено колку дена нема да иде пример четири) и најавено е дека на четвртиот ќе биде известен работодавецот за состојбата. Пошо, ми се случи досега само кај еден работодавец, при претходно најавено боледување од 4 дена, дека сигурно не ги одам, ЧР да ми вратат секој ден да ги известувам за мојата состојба или да им кажам до кога не идам. И го кажав ова на матичната, ми рече не затвора таа боледување дур не ме надгледува. Не го разбирам ова, при отворено боледување и најава од дека минимум 4 дена отсуство, треба секој ден да се известува работодавецот?! Си има кој да ме замени, не гледам причина. И нормално предвреме ќе биде известен работодавецот на четвртиот ден....
Nema potreba da go izvestuvas rabotodavecot,edinstveno sto treba e mislam vo rok od tri dena od otvoranjeto na bolovanjeto da dostavis dokument deka si na boleduvanje..Nema sto da me zamaraat sekoj den koga ke se vratam od bolovanje...mehanizam na firmata e da ti isprati komisija doma za da proveri dali vistinski e boleduvanjeto ili lazno.
Е ајде, де. Мене ми се јавуваа, т.е. Шефот ми рече, него требаше секој ден да го известувам за мојата состојба, при отворено и пратено боледување на време истиот ден, како што бараа. И тие не во рок од три дена, одма бараа да се прати истиот ден. Плус, ако не ти е добро, треба максимум 3-4 саати да ги известиш и одма боледување. Или ако ти се снеарни на работа, не ти даваат можност пример да ги вратиш саатите, туку одма ко боледување да извадиш истиот ден. Е сеа, мене ми се слошува, и си заминувам во 18ч од смена, а матичната ми е до 16ч на работа. И, чаре? Е ај псоле, не се буни.
Ако пред тие 4 месеци си работела негде, и немаш прекин, тоа е се на товар на фирмата и тие ќе одлучат дали би ти продолжиле договор или би ти платиле 100% од плата. Ако имаш непрекинат стаж од 6 месеци, не мора во една фирма, тогаш боледувањето за нега на дете до 3 год. е на товар на државата 70%.
Не треба, освен во рок од 3 дена да ги известиш дека си на боледување. За боледување подолго од 2 недели одиш на комисија, исто тоа треба да ги известиш и по затворање на боледувањето да се однесат двата документа. Тоа што ти го прават е малтретирање за побрзо да се вратиш. Одиш на дежурен лекар (подрачна амбуланта, не ургентен центар, ако нема тоа - ургентен центар) со тој документ од денот што малтене си го изработела ти отвараат боледување. Ова е класично малтретирање, кај и да работиш, здраворазумни луѓе не се однесуваат вака.
Мислам дека е време да си смениш работно место, секој ден те читаме со нешто ново од таму, а е ненормално однесување и поставување на барања од претпоставените. Никој никогаш не известува за состојбата, освен ако не е сериозна и те прашуваат од човечки аспект, не за да те проверуваат дали ги лажеш или не.