What? И ова го трпите сите 2000 вработени? Ова е класично вознемирување, немаат право да те испрашуваат секој ден, едноставно можеш и да им го кажеш тоа, дека не сакаш да им даваш извештај секој ден, можат на матичниот твој да му се јават и да го прашаат, тебе не смеат и не требаат да те замараат.
Не знам дали само во мојов сектор се случува ова. Е, да, не треба, а секој ден од шефицата пораки. Ќе идеш, на работа?
Како некој што работи во приватна фирма и периодов изгинавме од работа, бидејќи многу луѓе од сектор избракаа и притоа добивме 80% плус работа а 1% покачување. Моментално сум на "лажно" боледување. Бидејќи реално заслужиле да гинат на работа сега кога бркаат толку луѓе, нека им дојде памет дека не може толку голема фирма да се потпира на 2ца и еден супервизор поготово не во толку густо време. Реално си заслужив малце одмор и ич не се каам што го "злоупотребувам" лажното боледување, бидејќи процветав од кога сум на боледување. Во вакви ситуации мислам дека е убаво да се земе боледување особено ако ти е дојдено преку се
Зошто се случило бркањето ако има мнг работа? Алчност претпоставувам? или да не предвидуваат криза на компанијата после бранов на мнг работење? не ми се логични овие потези....исто така дали се работи за мк газди? слободно уживај си!
Проблемот најмногу го гледам во неколегијалноста (со куп кодоши измеѓу), нездруженоста сите јасно и гласно да си кажат дека се пренатрупени. Кога од десет души, сите десет ќе стојат на истото, да видиш како се менува одма сето. И после толку време, газдите никогаш не сфатија како треба со вработени. Не сфаќаат дека пренатрупаноста го троши кадарот на долг рок и баш тоа е многу честа причина зошто се прават грешки во работењето. Инаку, не оправдувам никакви лажни боледувања. Не сум за тоа да се искористуваат на ваков начин.
Јас не знам како даваат лажни боледувања, искрено. Мојава матична не дава ако нема вистинска причина за спреченост за работа. И зошто боледување, а не одмор, кога веќе не си болен туку само сакаш да одмориш?
Затоа што на одмор не можеш да отидеш од денес за утре, се договара со тимот, на време, за сите да се организираат како сакаат. Боледувањето е најчесто од денес за утре, не можеш да испланираш кога ќе се разболиш. Така што да, мене ми се има случено да земам "лажно" боледување, во договор со матичната, и тоа две недели, едноставно прегорев и тоа беше единствениот начин, докторката не ми направи проблем ич. Фирмата може да ми го "наплати" после, ама во моментот, не може многу да направи. Како во средно што сум се договарала со моите кога не сакам да одам у школо, па наместо да бегам и никој да не ме знае, имам ден-два слободни и оправдани. Колку и да звучи неубаво, тоа се мерки кои мора да се преземат кога ви е загрозено менталното или физичко здравје. Инаку сум многу исполнителна и колегијална, ама кога не се може, не се може. пс. Работев во приватна фирма.
Па добро, ако на некој не му е проблем да му скратат од платата поради боледување и ако дошла толку работата од денес за утре да се земе итно. Јас не би играла така, секогаш одмор сум земала.
Пак да кажам, во повеќето компании дури и моите од странција, не можеш да земеш одмор кога сакаш, таква е природата на работата. Два пати во годината се оди на колективен, во август и за католички Божиќ/Нова Година и не е дека ти остануваат многу денови на располагање. Значи тешко изводливо е да земам одмор наместо боледување. Ако е реално боледување и трае повеќе од еден ден, нема ни да ми дадат одмор, се знае, болен си, си отвараш боледување, небитно дал се крати од плата или не.
Тоа јасно ми е, туку ако работникот сака толку често да отсуствува и кога не може да земе одмор, нека му биде ете лажно боледување.
Фирмите, и те како знаат со вработените. Манипулации, користење на трудот, доведување да прегориш од работа, поставување на правила само за да се доискористи работоспособноста и ограничување на слободата на работникот, доаѓа до прегорување. Се согласувам со тебе,да и нездруженоста да се каже. Некој има страв да не си ја изгуби работата и сл. И како шо пиша боледување, еден погоре, си зел поради ова. И оправдано.
Две недели боледување? Не знам дали има промена во законот ама тогаш (има петнаес години поминато, и повеќе може) матичната ме упатуваше на боледување, иако имав акутна мака со кичмата и имав специјалистички извештај, ама колку што паметам не беше од специјалист, туку со проценка на матичната. Исто како и една недела што ти даваат боледување, за грип, за било која болест. Се надевам ти го разбрав прашањето.
Ако матичниот е специјалист по семејна медицина може да пише 2 недели боледување. Ако е Општ лекар 7 дена. Инаку да, и прегоруваање е здравствен проблем и нема тука што да се прави баук од земање боледувања кога ти треба.
Уф, многу лесно. Ќе си најдеш некоја матична или матичен што е Албанка/Албанец. Кај нас во фирма, сите албанки патолошка си извадија уште во втор месец. И тоа без нешто посебно да се кријат. Слики од одмор си постираат, на кафиња ги сретнуваме.. Така да, ако сакаш да вадиш лажни боледувања, размисли да го промениш матичниот. Е сега, колку е сето тоа во ред, тоа е друга работа.