Да, да кога имаше цели, редици на боледување фирмата реагира, што значи касно. И пак, ни криви ни должни подебелиот крај го извлекоа најнедолжните (што зедоа по неколку дена, а бараа одмор и не им даваа). Па, работнициве видоа како треба, надлежниве дури тогаш ко забележаа цели списоци на боледување реагираа, но на најнедолжните. Е сега, некој ќе каже не се и тие недолжни, и тие злоупотребиле, ама и овие кои ги експлоатираа ги злоупотребиле тие работници на некој начин, а некои се шлепале така. И да, не е должен никој никому да објаснува за свои здравствени проблеми, ама ако е така воопшто не требаше да навлегуваат во ситуации и за овие што ги најдоја "криви". Така и нив да не ги спомнуваа пред сите, како сомнителни случаи за злоупотреба на боледувања. И да, за здравствената состојба не треба пред никого да се правдаш, ама има право работодавецот на негов трошок да те упати на комисиски преглед (доколку има сомнеж), и ако се докажи дека си злоупотребил да те избркаат. А, како што кажав темата е да се согледаат работите од сите аспекти, како што некој пиша погоре неретко се бара во такви случаи одредени луѓе да работат за двајца.
@Y Grint и јас сум одела на боледувања, ама сум работела и за тројца не само за двајца па ете ме жива сум. Ама некој да ми спомне зашто сум била на боледување има флека на зид да го оставам. Кој сака бе да е болен и да има проблем? Сум била на боледување кога сум имала проблем за кој ми било кажувано да излегувам, значи по препорака на психијатар. И после некоја како тебе овде ќе ме види како сум седната некаде надвор и ќе јаде трици по форуми.
Ако има проблем нема да се сонча по плажи. И тоа 15 дена БО па прекин со ден одмор па пак 15 дена БО....
Можеш да знаеш, за тоа си постојат комисии и инспекции. Пратија еднаш на една наша колешка заради повреда на раката, 3 недели на боледување а таа цел двор си го средувала па ја видел некој.
Знам дека има комисии. Ама колешка или колега да се расправа дали и зашто е некој на боледување .. Па уште и на форуми бе да пишува за дешавка во бивша фирма. @referentka тоа само во државна администрација. Јас сум приватен сектор, немам искуство со такви дешавки.
Приватен сектор, приватна фирма не државна администрација. Никој не се расправа, само се споделуваат искуства.
Оваа тераше, по верувале или не 2 месеци во просек слики по кафиња, слики од плажи каде ја истакнуваше убавата фигура. Кажуваа колеги дека во еден познат ноќен клуб малку поодалечен од градот ко ја виделе и овие мислеле дека не работи поќе дека баш долги отсуства правеше, им велела да не ме кажите негде дека ме видовте, на боледување сум уште.
Освен државно ако работат, не гледам како некој би толерирал толку боледување. До 15 дена работодавецот исплаќа 70% од платата, до месец ако е боледувањето исплаќа 90%, а над месец ако помине исплаќа Фондот. Во секој случај, потребно е уверение од лекар. Па нека почнат од таму да прочешлаат, како лекарите издаваат уверенија неосновано. Ако сакаат да го средат ова, навистина лесно се средува.
Лекарите потпишуваат а за подолгото боледување мислам дека комисија одредува. Имам познаник што е 4 месеци на боледување
До 2 недели матичен, после тоа комисија, која комисија како и матичните е корумпирана. Односно, си имаат докторите дај ми-на ти, вие двајца ќе ми потпишите за мој пациент, па и јас ќе ви потпишам потоа како контра услуга за некој ваш.
А што се замарате вие кој зимал боледување? На крај краева си има газда на фирмата кој е во загуба од тоа, он треба да му ја мисли. Ако е така лесно ко што зборите што не зимате и вие секој ден боледување, или многу ви се работи? Ако вие сте оштетени лично од ламбото боледување на некој, соберете докази, разговарајте со шефот. Ако не направи ништо, дајте си отказ од фирма кај што не ве почитуваат. Ако не ви даваат годишен одмор а ви следува, пријавете кај што треба. Толку е едноставно.
Лично сум сведок како блиска роднина зема боледување за да оди на одмор бидејќи не им се поклопуваше одморот заедно со маж и.. И си отиде на одмор, па таму само под сенка седела, само да не изгори од сонце, некој да познае дека била на одмор..
Претежно ваквите се во државна администрација. Земаат боледување, за да цепаат дрва или да прават зимница. Ги знам еден куп.