Еден работник во поранешна фирма каде што работев така почна доста често да зема боледувања, де за една работа де за друга. После извесен период беше фатен на лице место како додека е на боледување тој менува приватно покрив на некоја куќа. Ајде пак за приватен сектор, точно е тоа дека има газди кои треба да се замараат. Ама проблем е кога на нив им е битно работата да им тече па подебелиот крај го влечат оние кои чесно работат и на кои им ја додаваат и работата од оние кои одсуствуваат. Не ретко поради недостиг на кадар и во приватниот сектор толерираат и не бркаат туку-така се додека има други во фирма кои остануваат и соработуваат за двајца.
Во приватните фирми ќе земеш два пати боледување, ама на третиот пат газдата ако те осети може и да те отпушти. Во државните фирми повеќе се случуваат вакви работи. Еве актуелно е сега да се ослободени трудни жени, над 60 години и хронично болни. Да видите како веднаш од фиока се извадоа разни астми, ХОБС-ови, стентови.... ...паралелно со ова, на секои две години се прават систематски прегледи на сите вработени (задолжително е нели) и на ниту еден вработен на извештајот не му пушува дека има хронична болест. Нека пробаат вака во приватен сектор.
Да има и такви. Кога има препорака за хроничните болни како што имаше заради ковид излегоа сите со било каква дијагноза дека се хроничари, па потоа ги набројаа дијагнозите кои се сметаат за ризични од ковид. И сега ако забележавте се смени за викендов препораката на владата. Прво беше за хроничните болни и бремените потоа сменија дека е за старите над 60 и бремените.
Познавам една ваква што цело соседство ја знае дека оди на лажни боледувања (неколку пати од по 2 месеци), а и иронијата е поголема што и објавува и споделува на fb статуси пр., самошто имаше споделено објава од страна на фб: Само македонец може да се врати катран исончан од боледување. И да, поради ваквите мака си имаат некои што стварно се болни и на кои им треба боледување.
Еден виц има за ова.. Се враќа "болната" од боледување и шефот и вика-болна беше?? -Даааа...многу. -Ами оти си вака изгорена,црна.. -Изгорев шефе од температура
Јас незнам како им дава душата така да прават.Бившата колешка си извади "патолошка бременост" а секаде шеташе и пешачеше секоја вечер.Кога се врати од боледување на глава и се качија и затоа напушти
Ќе му го побара падошот на увид Ако нема упат за лечење во странство, рогаш нае*ал. Ама работодавецот формира комисија (така е законски) и таа си ги тера работите.
Само со судски налог полиција може да му бара пасош, ако има еу документи може со лична карта да ја помине границата
Има механизам за тоа. И тоа за брзо време да те откријат. Ама ти нема спас - ти следи бркање од работа.
Не ни прва ни последна работа ако ме избркаат, до сеа немам користено боловање ти кажувам пример за еден колега нова година 2020/21 си извади боловање 2 недели 1 пред нова година и една по нова година и отиде за Германија на гости, па знаеа и не го избркаа од работа
Има член во законот и лесно се докажува, ич не се секирај. Отказ без отказен рок. Најслатки откази ми се овие да ти кажам. Безобразие. Затоа што е незаконски?! Ако и е тешка работата, ќе ја прераспределат на нешто друго, а не да зима патолошка. Патолошка се знае за што е...
Сега секој си има СВОЈ близок како матичен.БО се отвараат по телефон. Фрчат дијагнози од ракав. Доволно е крвна слика за да докторот го поткрепи БО. Како се претера равотава, ќе дојде момент да ги пресечат и нив.
Пасош му бараат. Ако има печат од граница и ако нема упат за лекување во странство, тогаш од која причина патува??? Нели е болен и на БО
Треба да има судски налог за да му бара пасош, второ може со лична од еу да мине граница и на пасош е чист