Работодавецот има право да го пријави вработениот дека злоупотребува боледување. Од тука натака е процедура.
Ако докаже дека злоупотребено но ако не докаже ќе се соочи контра тужба за лажно обвинување може да иде во странство по лекови да купе препишани од специјалист
Ич не се грижи ти како. Со изјава од сведоци, пасош, дисциплинска и ајт. Па уште и како...? Аха, да, така е тоа. Контра тужба на лепе очи. Кога ќе почне да се тресе случајот, ќе бара и судот докази. Оди најди ги после да те видам, па дебело ќе си го кркаш уште повеќе. Ај те молам. Не знаеш како лесно се докажува. Прелесно. Срамно е да се злоупотребува боледување бре.
Мора да може. Законот е јасен. Толку е приказната. Туку што не им се работи, па во државава бременоста ја сметаат за болест. Тие во потреба не можат да користат од тие што злоупотребуваат. Бедно е за ваква работа.
На што би ја распределиле ако нема избор? Јас сум со ризична бременост па едвај ми дадоа патолошка. Кај мене немаше избор да бидам распределена.
Срамно е да си на боледување, всушност да се шеташ. И да, треба да има казни за вакви "боледувања". Всушност мислам директно отказ следи. Па уште и ќе се дискутира дали може да се докаже ако преминал граница или не. Убаво кажаа членките, освен за лекување во странство, нема друго оправдување за ова.
Не е проблем отказот нека го даде работодавецот он и се во зор за работници, за добар работник секаде има работа
Еве мене ме расределија кога останав бремена, ама од што многу време работев на нозе, многу беше напорно тој период почнав да осеќам болки во стомакот и половината. Нормално отидов на лекар и побарав боледување, замисли само 1 недела, што тој не ми го даде со изговор дека имало многу боледувања и толку дозволувал системот. А само една недела побарав и тоа дури во 8ми месец. Во ред ли е тоа?
Таков "добар" работник е забушант и верувај ми дека во приватен сектпр никој не сака такви во своите редови. Ќе земеш еднаш БО 15 дена, ама наредниот пат ќе ти ја покаже вратата зашто си му терет. Таквите БО само во државниот сектор врват, зашто таму и онака не се знае кој пие а кој плаќа. И да знаеш едно- со лажни БО ја оштетуваш државата т.е. ФЗО, па не само работодавачот туку и пошироко следи тужба. Да не зборам за матичниот кој издал такво БО...му следи одземање лиценца за работа. Еден да го изгорат, нема да е вака - растур систем, како што е во моментот.
Не е во ред, но заради злоупотреба од некоја која барала болование а немала потреба затоа и нема да ти дадат. И лекарите се плашат да ги делат како од ракав, т.е одобрува онаму каде што навистина треба, со наоди.
Само кај нас секоја втора е со патолошка. Некои дури и дали знаат што значи дијагнозата, ама важно се трудат да издејствуваат да останат на такво боледување оти слушнале од други дека користат.
Зошто толку ги браните работодавците? Тие можат да го заебаваат работникот за 18000 плата, да го малтретира психички а работникот да не може? Е затоа сега нема персонал нигде да најдат и никој не им оди
Не ги браниме, зборувам за закон. А што треба, да поддржуваме злоупотреби ли? Во ред е. Сериозно, во ред е. Физиолошка состојба е, не е болест. И тој со болест има потрешкотии, па оди на работа. Фирмата и државата не се социјално. Разбирам ризични бремености, со компликации, ама вака? Дај ве молам соземете се. Заради вакви глупости, тие со потреба не можат да добијат тоа што треба.
Добрите вработени се и тоа како почитувани, што нема потреба да злоупотреби боледување туку да побара ќе добие и дупло ако треба кога се знае дека е човек.
Ти живееш во странство или во Македонија? 95% не се почитувани и не добиваат никакво унапредување заради..... Да не бидам вулгарна