Лажни боледувања, злоупотреба на боледувања

Дискусија во 'На работното место' започната од Y Grint, 17 април 2022.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.305
    Пол:
    Женски
    Точно е ова што го кажува @nena2010 за квотата.

    Ми се има случено и мене да не ми даде боледување матичен тогаш кога ми требало и сум горела од температура заради тоа што ја исполнил квотата, па си правеше свои калкулации кому да даде а на кој пациент да не даде боледување, и ме тераше да барам боледување заради грижа за дете или да си пишам денови од одмор.
    Деновите од одмор се за одмор, не за боледување. Стварно не би ги користела тие денови кога е јасно дека нема да ти пројде за ден - два.
    За грижа за дете кое веќе не е мало (под 3 години) повеќе се крати од платата, да не зборувам што треба да мамиш за неговото здравје, што неговата матична мами и ти ја тераш на тоа, што утре може да ти се искомплицира состојбата и да ти треба продолжено лекување...значи да се заштити твојот матичен, по секоја цена, па и по цена тебе и на сите други околу тебе. Не е фер.

    Се консултирав со фондот и ми рекоа дека како здраствен осигуреник имам право на боледувањето кога сум болна и матичниот е обврзан да ми го даде.
    А неговата квота мене како негов пациент не треба да ме интересира! Нема потреба ни да ми објаснува за тие нешта. Не треба да ме замара со тоа колку пациенти многу имал, колку од нив побарале месецот боледувања и за што..

    Конечно рекоа ако него не му е битно дали ќе изгуби пациенти или не, заради квотата, тоа е негов проблем.

    Тој матичен лекар тогаш го напуштив и отидов кај друг.
    Зошто ми е таков лекар воопшто?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Машки
    Жално е што не ни функционира системот, инаку вака двајца, тројца за почеток да изгориш, во смисла работодавецот да поведе постапка за злоупотреба на боледување, па и освен отказ да враќаат и средства, тие 70% од плата што ги земале па да се замислат малку и останатите што прават вака. Инаку, постојат и индиферентни и корумпирани луѓе во менаџментот на одредени приватни фирми, (во државна адм. полошо е), па така ако имаш некој што ти го чува грбот немаш гајле, а на некој што нема некој поглавен во администрација одма со докази ќе обелоденат дека злоупотребувал боледување.
     
  3. BambyLove

    BambyLove Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Како ќе докажеш?
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.624
    Допаѓања:
    273.221
    Лесно, со комисија.
     
  5. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    Како се регулира исплата на боледување кај вработен кој нема стаж од 6 месеци, а во фирмата е 4 месеци. Дали е поразлично или се третира исто?
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.624
    Допаѓања:
    273.221
    https://www.pravdiko.mk/uslovi-za-ostvaruvane-na-pravoto-na-boleduvane/
    Според ова изгледа нема право на надоместок, уствари зависи од болеста, колку што јас разбирам.

    Ќе го тагнам @Forca можеби подобро знае.
     
    На Mari-Li и Forca им се допаѓа ова.
  7. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Се третира исто.
     
    На cresa-jagoda, Mari-Li и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    значи после 30 дена иде под фонд?
     
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Да, така е во пракса, инаку тоа што беше пишано во статијата на правдико е точно, така е законски, но во пракса вообичаено не го земаат предвид стажот дека е под 6 месеци важно е да моментално да е здравствено осигуран вработениот.
    Барем така беше сега ако нешто затегнале да е ептен до точка по закон не знам, сум немал одамна вакви предмети за да кажам со сигурност.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda и Mari-Li им се допаѓа ова.
  10. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    За право на породилно важи, сигурно. За друго значи е така, ко што е за сите. Фала фала(y)
     
    На CameliaMiller и Forca им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.624
    Допаѓања:
    273.221
    Еј за ова ми е важно, за другарка ми. Ако се породи пред тие 6м стаж ќе и' следува породилно?

    Пошто баш на граница и' е краен термин и 6м.

    Ја отпуштија кога дознаа дека е бремена па дур се снајде поминаа месец и кусур...
     
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.956
    Допаѓања:
    48.245
    Пол:
    Женски
    А не, за да и следи породилно мора 6м да е во фирмата, во спротивно не и следува
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.624
    Допаѓања:
    273.221
    Така и јас знам, 6м без прекин во стаж, не мора да е една фирма важно е да нема прекин.
    Тој мисирот ја отпушти бе, а му рече, дај јас сама ќе си плаќам придонеси... не и не.
    Сега ќе се молиме терминот да си го дочека бебево.
     
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.956
    Допаѓања:
    48.245
    Пол:
    Женски
    не смее работодавач да избрка бремена жена, казливо е со закон, јас не знам ни еден таков случај, може да ја избрка тек првиот ден откако ќе и заврши породилното, освен ако била на договор на определно време па по истекот на договорот не и го продолжил, сепак нефер од негова страна, породилното е на терет на државата, а не на работодавачот
     
    Последна измена: 21 јули 2023
    На Gosh, Осе и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    ццц како ја отпуштил:envy: безобразно скроз
     
    На CameliaMiller и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.624
    Допаѓања:
    273.221
    Е така... а он си е чист пред закон, затоа што матичната ја заеба највеќе.
    Заборавила да ѝ го отвори боледувањето 2 недели, а крвареше другаркава.
    Он само си искористи дека она нема реално боледување отворено, ако немаш, а не си бил на работа 2 недели, добиваш отказ без збор.
    Можеше да се тужи и куди со матичната, ама што фајде... и онака ризична бременост, уште тоа. Си има извештаи од специјалисти, препорака и за патолошка, што она не ни сакаше да оди на патолошка, ама на крај испадна секако да седи дома.
    Објаснив погоре.
    Она крвареше и затоа на ГАК заврши, од таму ѝ дадоа и терапија и мирување строго, ама матичната не го отворила боледувањето врз основа на специјалистички извештај. А наназад боледување не се отвора.

    Бремена или не, ако не се појавиш 3 дена на работа, или во случајов 2 недели без боледување, има право да те отпушти. Е он можеше да биде човек, ок задржи ме барем дур сум бремена, сама ќе си плаќам придонеси, после породилно отказ ќе си дадам ич не мораш да ме отпушташ... ама ете.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  17. redmama

    redmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    Сигурно не се исплаќа над 30 дена, доколку нема 6 месеци стаж. решение од фзо.jpg
     
  18. TamaraSJ

    TamaraSJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller моја претпоставка е дека на дел од работодавците не и се плаќа 70% од породилно за првиот месец, зашо да плаќа кога работникот не е на работа 1 месец. После тоа, работодавецот нема никакви парични обврски ниту спрема државата, ниту на работникот кој што продолжува со боледувањето на терет на фондот. Ама тие 70% од плата шо треба да ги платат, big problem! :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.624
    Допаѓања:
    273.221
    Она секако ќе си платеше сама, не беше тоа спорно, и сега си плаќа сама затоа што е доста безобразно, двете од многу млади работиме, 32 години има колку и јас, цело време вработена е. Не е дека сака преку леб погача, ама преку 10 години стаж има, а сега пошто матичнава заборавила, јебига.
     
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.956
    Допаѓања:
    48.245
    Пол:
    Женски
    Како бе забораила господ боже што све нема по државава, таа две недели не се појавила на работа, работодавачот како ќе и го покрие тие денови? Не сака да и плаќа сака да си е чист и тоа е тоа пошо ризик е и за него, инспекции…

    крива е матична а и другарка ти што не се заинтересирала, нели одиш кај матичната се договараш пред тебе на лице место ти отвара боледување… тие може и телефонски па изумила…
     
    На baby-star, H.VAGA, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.