1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажни верници

Дискусија во 'Религија' започната од girl.23, 19 септември 2012.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Постојат различни религии и луѓето веруваат во што сакаат според сопственото или наметнатото убедување. Дебатираат, полемизираат, се караат, се сложуваат.

    Но, што е со лажните верници, кои рака на срце, ама се во огромен број?

    ``....Одат во Црква за празник, за да бидат видени, дотерани, како да одат дискотека или театар, постат, а во приватниот живот прават неморални работи, се молат, а потоа шират злоба, носат крст на златен ланец, а не знаат ништо за Исус, ги осудуваат туѓите религии и атеистите, а не ја ни фатиле Библијата во раце, проповедаат, а не се погледнуваат дека се срам за религијата и општеството.............``

    Јас познавам многу роднини, другари, комшии, кои навистина појма си немаат од религија, не си се погледнуваат во огледало, а се дрзнуваат да осудуваат за сите други !!!

    Какво мислење имате околу ова?
     
    На mintyflowers, okcenzi и Betty* им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Религија пренесена преку семејството, воглавно преку обичаите, а не преку знаење. Не е само случај кај младите, туку и кај доста постарите. Се базира на рекла казала верувањата што се пренесуваат од колено на колено. Децата се крстат како мали во црква, стануваат верници, но во животот не се учат на записите од религијата. Вина можеби и на родителите, зашто и тие во случајот не се запознаени со религијата.
    Сметам сепак, дека никој не оди во црква со цел да биде виден, некако не ми е прифатливо. Од друга страна пак, ми е крајно глупаво да се собира толку народ за Велигден пред црква, па кога ќе отчука 12 трча кон најблиската кафана со месо на скара. Станува збор значи за пренесено, недоречено.
    Истите често се маваат во гради (како и националистите) за својата религија, а не знаат дека тоа во истата религија е погрешно. Побитно изгледа е да се учествува во било што, макар и врска да се нема од истото.
    А што е со оние верници кои пристојно облечени одат во црква, ама наместо да се молат, очите им се свртени кон оние “непристојно“ облечените, а устите им озборуваат?
    Не е облеката ни изгледот олицетворение на нечија вера, туку делата што истиот ги прави. Колку што знам, Господ е тој што треба да суди, а не ние луѓето :)
     
    На eloves, Rama, Betty* и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Би надополнила, дека тие личности искрено од срце ги жалам :worried: .

    Од друг агол погледнато ни тие не се виновни, ако зборуваме за оние кои својата вера ја примиле без надградба и вистинско воспитување од своите родители за неа. Но, сепак не е никакво оправдување, зашто секој е свесен за се. Има слободна волја да се заинтересира и да ја запознае својата вера во нејзиното вистинско светло.

    Додека оние личности кои својата вера ја манифестираат телесно, но не духовно, тука искрено се работи за вистинската тага и жалост. Знаат се и свесно ја отфрлаат вистината, односно би рекла дека работи гордоста во нив :worried: .

    Заклучок...
    Да се молиме за нив да ја сфатат својата грешка!
    Да им помогнеме не со зборови, туку со молитвата од срце.
     
    На Betty*, stylishh и Miamigirl им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со претходните мислења во темава, но и човечки е да се греши, ако човек открие дека не прави нешто како што треба, конкретно за тоа што го наведе како пример во воведот, и поради тоа на некаков начин му е кажано дека така не треба да прави, тогаш би требало знае каде згрешил, да ја поправи грешката.Човек дури и да не ја знае библијата, може преку своите постапки да научи како треба, а како не треба да се однесува.Конкретно се што е напишано во библијата, не е нешто не познато за човекот, за да го знае тоа конкретно од религијата, туку воопшто и од самиот начин на живот.Но, кога човек ќе ја забележи својата грешка и ја поправи, тоа е индивидуално.
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Не ги сфаќам искрено, помодарство ли стана, што им е на луѓето, или пак мислат дека таму е последното прибежиште и надежта... не знам. :|
    Или си религиозен - почитуваш празници, постови, си ја читал библијата, си кажуваш по некоја молитва, запознаен со црковни обичаи, обреди итн., или не си таков.
    Како сега јас да се преправам дека сум во првата група, кога моите родители потекнуваат од времето на комунизмот, не им било дозволено да ме крстат во тоа време, за да татко ми не ја изгуби работата.
    Поим немам пола од празниците што се, не постам (не верувам ни во пост патем), не знам ни дали сакам венчавка во црква, не сум ја читала библијата, не кажувам молитви и не одам во црква, скоро никогаш.

    Не знам зошто луѓето ја имаат таа очајна потреба да се преправаат нешто што не се, од срам ли, од страв ли, дека ќе ги казни виша сила, или да ја исперат гнасната совест, што ќе рече народот, комшијата...

    Не сум атеист (тие па за ништо на светов не можам да ги сфатам), ама не сум претерано религиозна, си верувам во она во што верувам, се имам изјаснето во некоја тема наназад, одамна...
    Чему сега да се з'гнам да одам по цркви и да бакнувам икони, кога не се чувствувам така?
    Нема логика, не знам зошто луѓето го прават тоа, ако вистински не го чувствуваат.
    :^)
     
    На drugarka, La.Reina.Del.Sur и Hipster им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на една другарка.
    Ја прашавме еднаш во што точно верува, и ни вика, не сум ја прочитала баш библијата, не сум сигурна, ама христијанка сум. Ми идеше да најдам библија и да ја мавнам по глава со неа.
    Јас не сум верник, никој не може да ме натера и да ме убеди да почнам да верувам, ама најголема глупост ми е кога некој е верник само зашто од дома му кажале, а не ни знае во што верува. Многу лошо мислење имам за такви луѓе, зашто имам чувство дека не размислуваат со своја глава.
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Најголемите ЛАЖНИ ВЕРНИЦИ во секоја религија се свештените лица кој ја проповедаат таа религија.
     
    На eloves и daylight им се допаѓа ова.
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Во Лажни верници не ги ставам оние кои не се доволно запознати со својата религија во смисол да ја знаат Библијата напамет, сите празници исто напамет, адети во врска со празници, не одат редовно да се молат, палат свеќа и сл...Но живеат духовен живот во склад со сите морални норми, принципи, општо чесен и доблесен живот без разлика што јадат мрсно во петок или не запалиле свеќа во црква на голем празник...
    Но оние кои ги тераат сите марифети по ред, ти зборуваат често за Бога, во црква се редовни, постојано оставаат дарови за здравје и сл. а постапките во животот и она што го носат во душата им е далеку од она што би значело душевен, религиски човек....за мене тие се лажни верници.
     
    На eloves, drugarka, Abeja и 5 други им се допаѓа ова.
  9. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Од горенапишаното, јас би требало да се вбројам во лажен верник или како и да ги нарекувате.
    Но, религијата треба да биде ствар на личен избор, а на сите нас ни е наметната од нашите родители, баби, дедовци итн.
    Исто и на неверниците им е наметнат атеизмот.
    Со години наназад во нивната фамилија не веруваат во ништо, па ете и тие се однесуваат така и имаат слични сфаќања.
    Никој не те прашува дали сакаш да бидеш христијанин, туку ако твоите се, тогаш и ти си.
    Законски сум христијанка и одам во црква и сите тие традиции, почитувам празници и се однесувам морално, но не верувам или со други зборови не сум убедена во постоењето на тој религиски Бог што во секој случај не ме прави атеист.
    Не можам да ја отфрлам оваа религија, бидејќи како и сите „лажни верници“ сум била порасната на тој начин. Да верувам во нешто и да правам нешто не знаејќи зошто.
    Ја немам прочитано цела библија, но многу добро знам што налага таа света книга.
    И не се согласувам со доста работи.
    Можеби и постои Бог, којзнае...
    Морал е интересен термин. Религијата постои поради одредени причини.
    Исто така и тие лажните верници.
    Тие постојат бидејќи некој им ја наметнал религијата.
    Верниците како поим ги има многу на бројка, а во реалноста многу малку.
    Но, треба да се земе в предвид дека религијата се ширела меѓу луѓето во време кога им било потребно да веруваат во нешто...
    Во повеќе теми го цитирам Ниче, бидејќи човекот има добри религиски погледи кои речиси се поклопуваат со моите. Исто така интересно размислува во врска со моралот, но да се задржам на религијата
    There you go mr. Nietzche, I couldn't have said it better myself. :)
     
  10. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Нема врска. Како би го објаснила фактот што потекнувам од семејство верници, а сум атеист?
     
  11. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Има и тоа каква врска. Само што ти си од ретките исклучоци.
    Тие кои се заинтересирале да видат за што станува збор и од непознати причини решиле да им контрираат на останатите, на мнозинството.
    А, јас зборувам во глобала.
    Сепак, ти како атеист, дали си сигирна дека некаде не се водиш како христијанин што би било доста веројатно, бидејќи многу „лажни верници“ тврдат дека се атеисти, а се изјаснати како христијани.
    Се извинувам ако се навреди некој, ама убедените атеисти и заќоравените верници ... грешат.
    Како едните можете со сигурност да го негирате постоењето на некаков си Бог, а другите толку да ги презирате првите, исто одејќи во крајности со претерана верба? Сте виделе чудо? Не сте помислиле дека некогаш сетилата може да ве излажат и дека иако го гледаме небото сино, се во овој свет е еднобојно или безбојно? Не значи дека ако нешто сетилно сме искусиле истото е реално. Се тоа ви се случува во мозокот, а не во срцето, бидејќи во пракса срцето е само еден мускул кој само ја пумпа крвта низ нашето тело.
    Докази и факти.. во спротивно сум скептик.. или лажен верник, како што ги нарекувате.
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Еден познаник ми сврте внимание на видеово, снимка од трибината насловена како
    Ако не сте религиозни , побогу изјаснете се така!„ одржана во Белград во Центарот за културна деконтаминација (ЦЗКД) а во организација на здружението на атеистите. Тие го поставуваат прашањето: како тоа на пописот во Србија 2011 год. парадоксално, околу 90% се изјасниле како религиозни (претежно правиославни и католици но и други вери) а повеќето цркви освен за свадби и можеби Божиќ се речиси празни, иако со години има веронаука низ училиштата, има верска служба во војската, државата од данокот кој гоплаќаат граѓаните огромни суми на пари одвојува за црквата. Се испоставува дека една од причините била што воопшто не постоела графа за нерелигиозните.

    Ова се 3 минутни извадоци од клучните моменти на предавањето:

    http://www.youtube.com/watch?v=ZlFoROhhar4

    Целото видео може да се погледне тука.
     
  13. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Па нај веројатно би ти објаснила дека тебе лукавиот те искушува, а севишниот го дозволува тоа за да види колкава вера има твоето семејство. :)
     
    На Miamigirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Лажен верник за мене е следниов пример.
    ИМАМ познаничка, спие во црква што се вика, на секој збор се моли, сака да се докаже ја видете ме, колку јас многу верувам, ама само да се покаже, а не дека од внатре е добра.
    Баш напротив, ако исфарбала 500 јајца за Велигден,а отрула уз пат без ни најмала грижа на совест 200 кучиња и мачиња, оговара за секој и сешто, зајадливо гледа,и се сити на туѓата несреќа
    Тоа не е некој верник за мене.

    Вистинскиот верник не сака нападно да се покаже пред другите, тоа си го прави сосема дискретно...Мразам вакви луѓе, што сакаат да се покажат. бе ете, јас го сакам Господ, тој е во мене, Вечна му слава, а прават лоши дела наоколу |(
    Јас верувам во Господ, ама не се потресувам многу за религија, не постам, не одам во црква, многу ретко,знам чат пат да се помолам, и тоа е тоа :)
    Да си ВИСТИНСКИ ВЕРНИК, е нешто сосема големо, а и тешко, ретки се денес таквите луѓе, 90% од народов сме грешници :D
     
    На Confucius, MarchelineAmaru, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  15. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Лукавиот, Севишниот, wtf?!
    Смешно е. Значи смешно.
    Ако постои Бог, тоа е енергија, не знам зошто ја олицетворувате и и давате епитети кои одговараат на човек.
    Ако има нешто што не создало сите нас, тоа воопшто не е човек.
    Бидејќи човекот е ограничен и не може да ја разреши таа мистерија за нашето постоење.
    Теории, теории и само теории.
    Некои логички примамливи и веројатни, како на пример религијата.
    Повеќето се согласуваат, а оние што не ги интересира само одат со толпата.
    А, верувајте, повеќе од 80% од светското население на крај памет не им паѓа да се запрашаат што е нивната цел и зошто постојат.
    Ама веруваат во некој Бог, бидејќи таква е традицијата.
    Епа не верувам во добро и зло. Тоа луѓето сами си го создаваат.
    Истото важи и за моралот.
    Иако сум морална во секој поглед, сметам дека моралните вредности треба да се отфрлат.
    Но, така би настанал хаос во светот.
    Некои паметни ја измислиле религијата за да го контролираат тоа.
    А, убаво рекол Ниче дека религијата не би постоела без едните, ниту другите.
    Тие паметни би можеле да бидат само луѓе, со огромен коефициент на интелигенција, а може да биде и некој што сакаме да го нарекуваме Бог.
    Може ние сме само во игра, а некој создава правила за да не дојде крајот на играта, бидејќи секој се забавува кога играта трае подолго и има заплети, загинуваат невини луѓе, има природни катастрофи и слично.
    Да го гледаш тоа од страна и да можеш да го контролираш би било доста забавно, зарем не?
    Ама сите веруваме во привидната слободна волја која не ја поседуваме.
    Немаме слободна волја. Речиси сум убедена во ова.
    Не верувам во судбина, бидејќи дури и да ни зацртал некој нешто, можеме да го измениме дури не се случило.
    Затоа, немојте да употребувате зборови како лукавиот и севишниот бидејќи сето тоа е творба на вашите мозоци во која мислите дека самите верувате, ама ви била наметната и вградена пред да бидете свесни за тоа. Баш како што ги програмираат компјутерите, така сме испрограмирани ние.
    И живееме во заблуда дека имаме право на слободна волја.
    Колку патетично.
    Сепак, не можам да ја изоставам можноста за рај и пекол целосно, бидејќи тоа наметнатото никогаш не може во целост да се искорени.
    Па, не сум атеист.
    Ако постои нешто што не создало сите, универзално се нарекува Бог.
    Секој што е моќен да создаде вакво несовршено совршенство е за нас Бог, како што ние сите сме богови за инсектите на оваа планета и имаме право да одлучуваме за нивните животи.
    Се разбира сето ова е уште една теорија, создадена во потрага по вистината за нашата егзистенција од еден лажен верник, но никако не можам во приказната да ја вклопам црквата и одењето во неа и величењето на Бог.
    Бидејќи тоа што за нас би бил Бог, не мора да биде поим за совршенство.
    Не гледам причина да се величи нешто подолу од совршено.
    Ако ние го гледаме светот како чудесен и волшебен тоа е така поради нашата ограниченост.
    Тој воопшто не е совршен.
    Фала на вниманието. :bow:
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Не се сите исти. Има вистински свештени лица, кои се преретки, скоро и да не познавам такви, ама верувам дека ги има. :!: :)

    А, другите се бизнисмени. :^) 8)
     
    На Miamigirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Не си ми јасна. Никаде законски не си обврзана на таа религија. Ги почитуваш празниците, а не веруваш во постоењето на Исус ете нека биде. Зошто го правиш тоа? Ако не веруваш во таа религија, зошто одиш во црква? Тебе никој не те принудува да празнуваш светци, ниту да одиш да се молиш.
    Ако не веруваш во тој религиски Бог, како што го нарече, тогаш тебе чинот на крштевање нема да ти значи ништо, т.е. би ти било како едно обично бањање нели.
    Луѓе секојдневно низ светот менуваат вера, таа која повеќе им одговара на својот систем на верувања. Ако ти не си религиозна, тогаш апсурдно е да се правиш како таква, со сите постапки согласно со црквата или записите.
    Не веруваш, а постапуваш. Им го заземаш просторот за молење на вистинските верници, додека ти скептично го набљудуваш тој процес. Што всушност правиш кога одиш во црква? Сигурно не се молиш. Тогаш зошто одиш? Со која цел?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Во библијата (за тие што не ја прочитале) пишува дека ние луѓето немаме право никому да судиме, Бог е тој што суди, така да никој нема право да суди дали некој е вистински верник или не, негова работа, си има кој да му суди, моја работа тоа не е.

    Или пак оно најпознатото од Исус, кој е безгрешен прв нека фрли камен.

    Мене лично ово ми ептен малоѓраѓанска работа да му водиш сметка дали некој е вистинки или лажен верник, нонсенс невиден.

    Како проценувате дали некој е вистински или лажен верник?

    Еве јас носам крст на врат од 40 дена, одам во црква кога имам време/желба, поголемите празници ги почитувам, сум ја прочитала библијата, пристојно облечена сум секогаш кога одам во црква, постам, се трудам да бидам добар човек и си ја почитувам верата.
    Од друга страна сум имала предбрачен секс, живеам во грев затоа што брачната заедница не ми е озаконета пред Бога, сигурно имам уште гревови направено според библијата.
    Сега јас сум верник или не, треба некој да ја проценува мојата верба во Бог ???

    Гирл 23 малку си контрадирторна со постовите, ти не сакаш да му објаснуваш никому за својата верба, сметаш дека е интимна работа а си земаш за право да им судиш на други, да им се мешаш во интимноста :^)
     
    На Rama, Hipster, MacenceEna и 5 други им се допаѓа ова.
  19. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Никаде законски не сум обврзана, ама кога сум се родила, не сум можела да изберам, нели?
    Епа уште од раѓање се водам како христијанка, поради фактот што тоа е религијата на моите.
    Ова е погрешно.
    Секој треба да има право на сопствен избор, а тој избор едно бебе не може да го направи.
    Вака само си ги зголемуваат приврзаниците, без да ги запознаат со религијата или да ги прашаат дали веруваат во истата.
    Бојата на очите може да биде наследна од родителите, религиската определба - во никој случај!
    А, одам бидејќи одат моите родители и многу пати сум дискутирала со нив дека не сум убедена во постоењето на тој Бог, но тие не сакаат да слушнат. (Бидејќи најверојатно се.)
    Колку и да сум независна и да имам право да донесувам свои одлуки живеам со нив, а да им речам да менувам регилија.. хм, во која религија спаѓам?
    Во никоја. Може има, може нема Бог. Од каде да знам?
    Ако нема, тогаш никому ништо.
    Ако има и ако е тоа се како што луѓето веруваат, тогаш не сакам да бидам изјаснета како атеист.
    На крај креава јас никогаш не сум направила некој голем грев, бидејќи се однесувам како остатокот од светот.. морално.
    Се уште мислам дека треба да се остави секој човек сам да го дефинира моралот, но така би настанало општ хаос, а јас не би сакала да делам, да ме покажуваат со прст.
    И се уште длабоко во себе верувам дека тој морал иако ни е стекнат, можеби и ни е вграден, бидејќи како и религијава, така и него не можам во целост да го искоренам.
    Никогаш не сум се молела во црква.
    Искрено ни на крај памет не ми паднало тоа.
    Палам свеќи и си одам и тоа кога одат моите за празници. Толку.
    Тоа ми е рутина.
    И не им го заземам просторот на вистинските верници, бидејќи одењето во црква е се уште апсурдно за мене. Ако тие веруваат каде и да се молат ќе им бидат слушнати молитвите.
    Така нешто беше ако не се лажам.
    Одењето во црква не те прави верник.
    Всушност, јас само што почнав да навлегувам во другите можности за нашето постоење бидејќи не сум убедена во религиската теорија на долго и широко прифатена од народот.
    Но, тоа не значи дека во целост ја негирам.
    Да верувам во нешто не потврдено не можам.
    И таа теорија погоре која сама си ја создадов и во неа не верувам.
    Од причина што мислам дека немаме слободна волја да одлучуваме за нашите постапки.
    Ама може и тоа не е така.
    Звучи скептички, ама нема да го негирам тој Бог во кој верува речиси цел свет - никогаш.
    Од друга страна никогаш, ама баш никогаш нема слепо да верувам во него и да бидам убедена во неговото постоење.
    Тоа ми е уште поглупаво.
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Не сум компетентна да кажам кој е лажен кој вистински верник, можеби вистински верник не постои. А и никој не може да каже кој е а кој не е верник.
    Се согласувам, со тоа што останатите 10% проценти ги сочинуваат најмалите дечиња (бебињата)

    Нема да глумам и да зборувам јас колкав верник сум. Верникот се познава по душата, не по зборувањето и солењето памет на другите кој колку е верник.Тоа би било оговарање, и јас ако зборувам за некого лошо, навредливо, се вбројувам себеси во неверник. Живеам со ставот дека- има кој да НИ суди. Само се прашувам, дали ние сме последниот експеримент на Господ, дали постои уште нешто над нас или ние сме му најсовршеното орудие, како што и ние луѓето имаме измислено совршени орудија, лекови, апарати итн. и господариме со нив, одн,тие се наша сопственост. Дали и нашиот Господ живее со некои рамни на него, дали е осамен, дали и тој има свој Господ, каде завршува оваа верига.
    Тие работи повеќе ме интересираат, отколку прашањата од типот кој е верник а кој не е верник, кој колку пости и дали оди во црква.
    Дали ако некој атеист (не зборувам за нашиве модерни тинејџерски атеисти кои мислат дека тоа е модерно или ќе бидат различни од другите), со своето реално и објективно размислување донираат голема сума пари, средства или изградат болница, населба за сиромашните, донираат облека во заводи, сиромашни семејства итн, дали е полош од некој верник кој има пари а не сака да ги подели со оние кои ги немаат, а кој зборува се најдобро за црквата, за Господ, за тоа како треба како не треба?
    Сите ние имаме облека која ни скапува по шифоњери, а не сме се запрашале дали на некого му е потребна, дали некое дете смрзнува дека нема јакна, а мојата малку закината, исфарбана или излезена од мода ми дреме во плакар. Ако се пронајде во претходнава реченица, ти не си вистински верник. Остана да заклучиме дека сите сме лажни верници, кој помалку, кој повеќе лажен.!!
     
    На Confucius, La.Reina.Del.Sur и Serafima им се допаѓа ова.