Лажни верници

Дискусија во 'Религија' започната од girl.23, 19 септември 2012.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Владиката Петар во Велигденското послание говори 20 мин. за Христовото воскресение, но во наслов се става дека има нешто против феминизмот.....сензационализам пред се.....а всушност го интерпретира учењето на Црквата....никаде омраза кон луѓе нема, напротив ги повикува сите да и пристапат на Црквата...

    Зошто сте засегнати и згрозени не ми е јасно....ако Црквата не ви е блиска, како вас ве ремети мислењето на Владиката? Зарем тој нема право да каже дека во современиот свет царува нихилизмот како главна идеологија...им се обраќа на православните верници, нема потреба да се возбудени останатите ....
     
    На Wideperpetual, Mic18, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.038
    Допаѓања:
    17.234
    Пол:
    Машки
    Класика замарање од страна на хардкор атеистиве.
    Премногу непотребно внимание им се дава.
     
    На Rama, Just.do.it, Shalitra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.797
    Пол:
    Женски
    Не, превише земање за право е да каже дека родовата еднаквост е нихилизам.

    од не хардкор атеист и не нихилист*
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е лицемерно да се преќути...улогата му е гласно да го каже она што го проповеда..
     
  5. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    5.779
    Пол:
    Женски
    Уште повеќе што зад сето ова стои тешко суеверие, па ако не ја споедлиш сликата или пишеш амин ќе те следи несреќа, децата че ти останат незаштитени и слично. Истото и кога се споедлува поука од свет отец! Не велам дека треба да се развие дискусија, ама па се прашувам и колку навистина го читаат, разбираат пишаното...
     
  6. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Јас навистина не можам да ги разберам и секој дневно се чудам до кој степен стигнавме.
     
    На Just.do.it и BlackNight им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    25.096
    Еве една класика.
    Ситење на туѓа несреќа (според членката, иако не знае како и' е на жената, можеби е среќна и исполнета) и посакување да и' биде лошо.
    Убедена дека Господ ќе и' ја послуша и исполни желбата.
     
    На Wideperpetual и BlackNight им се допаѓа ова.
  8. ...andre

    ...andre Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Не знам како да кажам вака ја верувам во Господ одам во црква, ама некако не можам да верувам со срце душа, коа ќе видам некој што верува со срце ми паѓа криво верувам онака, не е од љубов некој совет.
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.624
    Допаѓања:
    40.113
    Пол:
    Женски
    Па совет не може никој да ти даде или да те убеди да веруваш.
    Можеш да читаш повеќе, самата Библија, како и литература поврзана со тоа, па на крај да си одлучиш
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.646
    Пол:
    Женски
    Прво одговори си на прашањето зошто веруваш. Ако постои верба, треба само повеќе да се запознаеш со она во што веруваш. Од искуство, пробај да го читаш Новиот завет (ако не си читал) па види дали ќе се пронајдеш во верата.
     
    Последна измена: 24 мај 2023
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    27.464
    Пол:
    Женски
    За кои лажни верници се зборува? За тие шо се прават пред цел свет домаќини ( верници) а во себе не веруваат или за тие што праат се најлошо и се убедени дека тоа им е патот кон Господ?
    Оти има разлика од едните до другите. Јас да ви кажам за вториве еден пример. Познавав порано еден маж шо се коцкаше, пиеше, тепаше жени, се дрогираше, мајкаму и татко му ги тепаше, крадеше, од неговата уста само злоба излегуваше, љубомора, завидување, никогаш на никој не дал ништо а се сакаше да земе, дури и кога на комшиите негови им пуштија пари од едно место, тој се јавил на тоа место за да ги руга комшииве и да каже да не им пуштат пари. Ако прашувате како знам за ова, тој сам ми кажа. Насекаде зборуваше лошо за сите, многу оговараше. Ме беше прашал дали верувам во бог, му реков да, и ми вика бравооо ти си мој човек, и откако му кажав дека ја имам прочитано библијата ми се смееше ми рече дека сум глупа, дека само глупавите читале книги, вербата било од душа, тој бил многу јак верник оти ги почитувал сите празници ( а не знае ни на која дата се) , оти редовно се молел на господ и оти тоа неговото е патот кон бога и оти господ него многу го сакал. :worried::worried: . Немаше леб да јаде, чекаше од мајкаму 100 ден за ракија али викаше дека на него Господ му дава и пак ќе му даде.


    Незнам дали ова е некоја болест или е типичен нарцис, али после тој еден муабет , прекинав контакт.
     
  12. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Машки
    ,,Не судете, за да не бидете судени! Оти со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери''. Матеј 7:1-5

    Треба секој за себе да си гледа оти еден ден секој за себе ќе си одговара за своите дела, да не бидеме како параболата за митарот и фарисејот.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    27.464
    Пол:
    Женски
    Не ја знам таа, де просветли ме
     
  14. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Машки
    Па нели велиш дека ја имаш прочитано Библијата, а не ја знаеш таа парабола баш чудно!
     
  15. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    27.464
    Пол:
    Женски
    Ја имам читено кога бев 9 или 10г , и не ги разбирав половината работи, а и не сум религиозен фанатик
     
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.797
    Пол:
    Женски
    (1 Јован 3:7) Дечиња, никој да не ве заблудува. Кој врши правда праведен е, како што е Тој (Христос) праведен.

    (1 Јован 1:6) Ако речеме дека имаме заедништво со Него, а одиме во темнина, лажеме и не ја вршиме вистината.

    (3 Јован 1:11) Возљубен мој, не угледувај се на злото, туку на доброто. Кој прави добро од Бога е; кој прави зло, не Го видел Бога..

    Исус (Матеј 7;20) Ќе ги препознаете по нивните плодови.
    7 17 Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошото дрво дава лоши плодови.
    7 18 не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови.

    Исус (Лука 6:45) Добриот човек, од доброто сокровиште на своето срце, изнесува добро; а лошиот човек, од лошото сокровиште изнесува зло
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    9.757
    Пол:
    Женски
    Се шо се рекламира колкав верник е или колку добар човек, e најпокварено суштество, од искуство. Не лажи, не кради, не осудувај, прави добри дела, сврти друг образ, сакај ги непријателите, не пикај нос во туѓи работи - сето тоа e за нив лицемерите како тенекија да тропа.
     
    На GirlLove и Angelllla им се допаѓа ова.
  18. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    741
    Пол:
    Женски
    Лажни верници се сите оние коишто на фејзбук или пак на Инстаграм профилите се претставуваат како,, верници'' со тоа што пишуваат цитати од Библијата и уште го ставаат Светиот крст |(а од друга толку одвратни коментари . Ако си ти верник зошто си дозволуваш да си ја гнасиш устата и без срам да ја злоупотребуваш верата?! Не претставува тоа одење во црква, туку воздржување од лоши зборови, етика, морал... А не вака.
    Не сакам никого да судам меѓутоа според мене тие луѓе не се верници што така постапуваат.
     
    На GirlLove, BlackNight и mickey18 им се допаѓа ова.
  19. autumn leaves

    autumn leaves Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2025
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    162
    кога ќе ми каже некој дека е верник не очекувам светец да биде, и они се луѓе, обични смртници :D
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angelllla

    Angelllla Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Би сакала тие што се декларираат религиозни да одговорат на прашањето: Колку често и дали можете да ги препознаете нерелигиозните "лажни верници" во вашето секојдневие?