Религиозна не сум. Не се сметам ни за нешто многу просветлена, но можам да речам дека сум на пат кон духовност и стекнување повисока свест. Препознавам по тоа што гледам како не можат да ја скријат љубомората, не можат да се израдуваат за туѓ успех. По цел ден се лицемерни, ама кога треба да честитаат нечиј успех, достигнување или само ако приметат нешто како нова гардероба, накит и сл. не успеваат да изглумат ни малку. Ги фрустрира се што тие немаат, а некој друг има. Поточно се гушат во некои сопствени фрустрации, кои не мора секогаш да се врзани за материјалните нешта. Завидуваат и на нечие пријателство, познанство.
Религиозноста нема врска со вистинската вера. Човек што не се крсти пред верски објект не значи дека има помала вера од тој што се крсти. Да не одам офф. Накратко, секој што гледа било каква корист од верата надвор од она што треба да е фокус (духовноста) е лажен верник. Ама ако можам да издвојам баш еден тип, тоа ќе бидат протестантите. Бегај колку што те држат нозете, во буквална смисла на зборот (премногу превртливи, се поставуваат така да газот секогаш им е чист - а далеку од тоа е, видени скоро во секакви ситуации, во разни сфери и никнат отсекаде - на места на кои никогаш нема да ти текне). Такво „соживување“ нема да видиш никаде, актери во МНТ не им се рамни.
Ne sum zapoznaena so ucenjata na protestantizmot, mozebi toa doagja od tamu ako taka uci taa vera... mada so vo sekoja vera ima sekakvi luge ne biras kaj ke se rodis
Слободно ќе си кажам, си цитираат од Библијата како што им одговара и на памет си ги знаат за како да се оправдаат. Мене ми пречат зашто погрешно ја пренесуваат суштината на православието и добар дел од изнесеното не е никако во контекстот што треба да биде. Си земаат за право да охрабруваат луѓе во погрешна насока. Има стихови да, ама нека се цитираат и кога ќе утнат и нека си го вагаат и тоа пред луѓето (барем тоа е одлика на прави протестанти, што и ги нема). Нема врска ни местото на раѓање, луѓе од ислам преминуваат преку ноќ во православие и обратно. Секој има слобода и да премине во друго (и така не се малку), ако сака и верува во тоа што ќе го избере. Но и одговорност, а често има и такви што низ годината минимум три-четири пати ќе сменат вера. И ова е безобразно, ако не знаеш каде си - стој си понастрана. Ич не е погрешно човек да не знае каде припаѓа, па и нека си земе време ако му треба. Ама да скока сезонски од едно во друго, малтене е несериозно. Добар дел од разноразните верски учења ги делат луѓето повеќе отколку што ги обединуваат, повеќе се мразат отколку што се сакаат. Делумно вина имаат и претставниците нивни, а добар дел малку отповеќе се вознесуваат откако ќе им се додели некоја таква одговорност. Или кога ќе се меша национализам (а често го внесуваат), па каша попара станува.
Религиозен и просветлен човек кој цитира пасуси од било која света книга треба да е во мир и спокој сам со себе. Не да се гуши во фрустрации.