1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажни верници

Дискусија во 'Религија' започната од girl.23, 19 септември 2012.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Прва од се е вистинската и силна вера. Па, прашањето е дали ја имаме?
    За себе лично би рекла дека искрено ја немам таа силна вера. Не би се ставила во класификацијата на верници.
    За човек да биде верник потребно е многу, многу повеќе. Не само верувањето, не само почитувањето, не само исполнувањето... туку вистинското. Поимот Вера.
    Искрено за нас, како таков и останува, поим. Додека да бидеш верник е сосем нешто друго :!:

    А Господ Исус Христос уште рече:
    - А знаците на оние што ќе поверуваат ќе им бидат овие: Со Моето име ќе истеруваат бесови, ќе говорат нови јазици, ќе фаќаат змии и ако нешто смртоносно испијат нема да ги повреди, на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат. (Марко 16,17-18)
    За крај останува само едно. Секој сам да процени до каде стигнал со својата вера.
    Дали можеби се удостоил да направи нешто од горенаведеното?!
    Јас искрено не :tmi: .

    Единствено ќе се навратам на првиот мој пост во темава, за да не бидам погрешно сфатена како нечиј судија.
    Ги жалам оние личности кои го познале патот, зачекориле на него дури се удостоиле со добивањето на Божјата благодат да прават и многу повеќе чуда, но сепак паднале заради својата гордост.
    А ние денес што сме во светот и што живееме световен живот, многу ретко некој од нас може да ја допре таа небесна височина. Честопати Господ дозволува да паднеме, со со цел да се смириме и да ја сфатме Неговата помош. Во тој случај, ние не би требало да судиме за верата на ближниот, туку да се молиме за ближниот, за тој повторно да се исправи и зачекори по оној пат по кој одел.
    Тоа ми беше мислата што сакав да кажам.
    Преостананува само, сами да прецение колкави верници сме?
    Дали можеби не ја чувствуваме гредата во нашето око, туку сме ја виделе раската во окото на ближниот :worried: ?!

    п.с. потпис на постот на bittersweet и Abeja :clap: .
     
    На Confucius, Dinnna, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Незнам од каде поделбата на вистински и лажни верници, кој може со сигурност да каже за некого дека вистински или лажен верник.
    Всушност секој сам е слободен во својата волја да одлучува за себе и за своите постапки , па затоа и самиот е одговорен за последиците од своето слободно постапување.
    Значи според облеката, однесување, одењето во во храм, постот, молитвата не се показатели дали некој е вистински верник или лажен, па според тоа немаме право според наведените показатели ние да оценуваме дали некој е лажен или вистински верник, зошто можеме да погрешиме.

    Да се биде верник е нешто многу повеќе од тоа да кажуваме дека веруваме во бог.
    Мое мислење е дека никој не заслужува да биде наречен лажен верник, всушност тоа е многу навредливо и премногу дрско да му се каже на некој, и ваква поделба не поддржувам.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Епа ја чист пример ке дадам за една личност која навидум е верник.

    Женава е стара може 60 и нешто години, се пресели кај мене у зграда пред една година и све е ок, не обрнувам внимание никому, што ми падна в очи при само отварање на нејзината влезната врата на самиот ѕид стои сликата од Исус.
    Се тоа во ред, арно ама таа да ви била една од оние жени што прават нелегален абортус. Кај неа доаѓаат девојки од 15години за абортирање, ги чува неколку дена додека не ги исчисти и ги пушта....

    Nuff' said !
     
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Иако сум атеист за мене е многу ступидно некој за некого да каже дека е лажен верник или лажен атеист.Според мене верата е интимно чувство кое секој различно го доживува.Познавањето на релегиските текстови и одењето во религиозните храмови не е мерило за тоа колку некој е вистински или лажен верник,исто како што одењето еднаш годишно во црква не е мерило дали таа личност е верник во права смисла на зборот или не.Еве јас дома имам Библија која од радозналост имам почнато да ја читам.Дали тоа ме прави мене лажен атеист бидејки се декларирам дека не верувам во духовното и религијата,или само ме прави љубопитна личност која сака да има познавања од повеке области?Исто така на памет знам да ја кажам цела молитва Оче Наш , па тоа не ме прави верник.Едноставно премногу често ја имам слушано таа молитва па зборовите ми останале врежани во памет.Во мојата фамилија има и православни има и католици а има и атести па според измешаноста на религиските определби можам да кажам дека од моите не ми е наметнато ништо,но морам да кажам дека ги осудувам оние родитили кои му наметнуваат на своето дете определено верување.
    Така да според мене нема лажни верници и лажни неверници.Има само луге кои ги судат другите ,а не се погледнуваат себе си.Луге кои ги критикуваат другите ,но не сакаат да бидат критикувани.И луге кои лажно наметнуваат некои морални правила и вредности,но се први да ги прекршат истите.
     
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Извини, кому му судам јас? :^)

    Осудив некој верник, осудив некој во што верува, нападнав некоја религија? НЕ !!! :!:

    Јас само коментирам за лажните верници. Значи, не осудувам некој што верува, туку некој кој не верува, а се прави дека верува.

    Да не сум офф, луѓето честопати се прават тоа што не се. Глумат за да бидат што подобро прифатени и да имаат поголем углед кај останатите. Дел од таа глума е да се правиш и верник. Жално, ама ги има премногу такви луѓе.
     
    На Miamigirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Како не судиш кога се ставаш во улога на некој судија кој проценува дали некој е вистински верник или лажен, тоа што е ако не е судење?

    А чисто информативно како проценуваш некој дали е вистински или лажен верник :^)

    Освен бебињата сите имаме гревови така да според ово сите сме, влучувајќи ме и мене и тебе до некаде лажни верници, ретко има човек кој се придржува според зборот на Бог, затоа мене ми апсурдна оваа поделба на вистинкси и лажни верници.

    А за угледот стварно немам зборови, кој углед жити се ќе добиеш затоа што ќе одиш во црква, ќе те прогласаат за светица/светец ????
    Јас одам од дете во црква а углед дали имам или немам не е затоа што одам или не одам во црква туку според делата кој што ги правам.

    Ово не е 1903 година па тие што одат во црква да ги стават за даскали, екими итн

    Кој е вистински или лажен илиштотијазнам верник си е негов и само негов проблем, бесполезно ми е да се занимавам со вакви апсурдности.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Очигледно немаш голем увид во темата Религија и не си запознаена со многу работи, па напразно зборуваш.

    На секоја лага и се кратки нозете, ништо не останало несокриено, така и овде. Се што е лажно може да се увиди и открие. :)
     
  8. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    кога ке размислам и видете сите ние сме на некој начин лажни верници.Зошто? затоа што сме грешници невидени.За мене верник е човек кој прво и основно ги почитува основните 10 божји заповеди.Да нес е лажеме...секој од нас ги прекршил повеќето.
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Единствената работа што ме иритира тука на форумот е кога ќе почнете вака да пишувате во загонетки, па ако си немаме другите попаметна работа ќе дешифрираме што сака да каже авторот :doh:
    Кажи си јасно и гласно кој ти пречи, кој се прави според тебе верник а не е, форумот е анонимен, не мора да се криеш позади замислена завеса на мистерија.

    Ти ја постави темата затоа те прашав (нормално не мораш да одговориш) како распознаваш вистински верник од лажен верник?

    А дали си зборам напразно и колкав увид имам во темата на религија, јас си знам, ама сигурно не седам да анализирам кој колку верува или не верува, ниту во реалниот а уште помалку во виртуелниот свет.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Во библијата пишува откако ќе се посее семето,ќе даде кај некој 20,кај некој 60 итн.Тоа значи и верата ќе биде кај некој 20,кај некој 60 итн.,но според мене битно е семето (христијанската вера) да биде посеано,да фати корен,а плод поголем/помал ако не веднаш,можеби ќе даде подоцна.
    Зависи колку има од верата 10,20 или помалку т.е дали воопшто жената знае дека тоа е голем грев,како и тие што абортираат.Ако видиме дека некој греши добро е да му укажеме на тоа,а ако продолжи самиот си е одговорен за тоа.
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Темава е општа, а не за форумџиите кој е лажен верник, а кој не.... ;)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Многу, многу верско образување, она вистинското, ни треба за да станеме вистински верници. Не е верата само да се крстиш, да си посакуваш желби исл. Читање на БИБЛИЈА, ЖИТИЈА НА СВЕТЦИ , ВОДСТВО ОД ДУХОВЕН ОТЕЦ И МНОГУ, МНОГУ ДРУГИ РАБОТИ ВОДАТ КОН ВИСТИНСКАТА ВЕРА. иТОГАШ КОЛКУ ПОВЕЌЕ ќЕ НИ СЕ ИСПОЛНУВА ДУШАТА СО ВИСТИНСКА ЉУБОВ, КОЛКУ ПОВЕЌЕ ЌЕ НИ ГИ ОТВОРИ Господ портите кон спознавање на верата, толку ќе добиваме и искушенија. но човечки е да се падне, а уште почовечки да се стане.Вистинската вера е борба со самиот себе, да победи сеопштата љубов во тебе.Јас се рачунам за верник, но понизно да си признам понекогаш толку паѓам.Сепак со напорна ИСКРА на ВЕРА Господ секогаш наоѓа начин некако или преку нешто или преку некого ИЛИ ПРЕКУ ЧУДО ДА НИ ПОКАЖЕ КОЛКУ Е МИЛОСТИВ, САМО ДА НЕ ГО НАПУШТАМЕ. Па и на монасите им е тешко. Да не се гордееме туку со цело срце, да се трудиме и да „вкусиме колку е благ Господ„.Имам една колешка верничка и се ословуваме со сестро. кога че паднам јас таа ме потсеќа на правилата, се моли за мене, веднаш на компјутерот отвараме нешто за верата, ми кажува за Исус колку страдал, а ние што да речеме и така си даваме воља, како тогаш да е ГОСПОД СО НАС. И ОБРАТНО кога таа ќе падне во верата, јас ја тешам на истиот начин и така сами си помагаме, си даваме сила, како сега што јас ви пишувам, затоа што вчера прогледав. Цела недела бев во гнев, бев премногу разочарана од животот и да не ја опишувам мојата духовна состојба. Само имав сила да ја кажам исусовата молитва, значи не се откажав до крај.Пред да легнам прочитав на ПРЕМИН ПОРТАЛ ЗА ЧУДАТА НА ЕДЕН ПОЗНАТ РУСКИ МОНАХ. И се случи ноќта мало чудо.
     
    На innamylove и Makide им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Лажни верници колку сакаш... (и општо лажни луѓе со маски во различни сфери од животот...)

    Пред Велигден постат, ќе појдат в Црква (дека е празник, има гужва, не за друго...), а истата вечер скокнале во првата дискотека со алкохол го слават воскресението, а ако имаат среќа и ќе завршат со некој в кревет.

    Се колнат и молат во Господ, напразно го користат неговото име, само пред други. Иначе се молат исклучиво по потреба, ако им треба нешто, здравје, пари, некој испит за полагање и сл.

    И да не раскажувам примери, воглавно поим немаат од Црква, празници, икони, Исус... не дека јас многу знам, ама има луѓе кои 1% немаат појма за Христијанството, а се прават некои верници и поштени луѓе.

    Ама, се што прават за нив си прават. Пред нас колку сака нека глумат, мене тоа не ме засега. Господ се гледа, пред него не можат да се сокријат.
     
    На barbyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Има едни кај пазарче у Сингелиќ (пред школото), менаџерот е пицнат во одело и има асистент со него. Имаат мал рафт со брошури со инструкции и скромна литература, нема да ги промашите, локацијата им е далеку од пристапна, на тротоарче до пазарче, а секој има потреба дневно од пиперче, јаболче и сл... Знаат тие што е јака локација. :rofl:
    Сега ќе речете секташи дека се, што и да се лажни се :rofl: :rofl:
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Абеја, два пати досега имам завидено Јеховини сведоци таму, даваа книги нешто...
    Не знам дали се работи за истите... :?:

    Ако се тие, за мене не се лажни сведоци. Имам другарка Јеховин сведок, многу е добра, побожна, се труди да живее морален живот, да ги почитува Божјите правила, и камо повеќево луѓе да беа како неа.
    Во друштво е супер, знае понекогаш да кажи некој цитат, ама не е напорна.
    Јас се дружев со неа, ама покасно разбрав дека е Јеховин сведок, но не ми пречеше тоа.
    Повеќе се плашам од лажни Христијани, кои демек веруваат во Исус, одат по Цркви, а се спремни се да ви направат, да ви наштетат.
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.278
    Пол:
    Женски
    Cакам да сум искрена ,се во 21 век е вештачко,па така и верниците,сите мислиме којзнае кои и што сме,битно омраза и завист владее -кој го интересира за вистински вредности,се кладам 2 посто дали од цело човештво :!:
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Ајде вака сега...ако грешам,ве молам исправете ме...
    Мислам дека верник не е оној кој секој петок пости и притоа ги опоменува другите кои не постат дека тоа не им е убаво,дека он секој петок пости и дека бил поголем верник од мене (јас за жал постот во петок не го сметам за доближување до Бога и искрено не постам,освен за Божиќ,Велигден и семејната слава)
    Истиот тој ,кој во петок пости,на ист тој ден во неделата-петок,знае да колне,да прети,да оговара да сплеткари....и ред други работи кои се косат со моралот и божјите заповеди.
    И кој е сега поблиску до Бога-оној кој пости и прислушкува по врати на туѓи канцеларии или оној кој не пости,а се држи до етичките норми?
    Не постам во петок...сметам дека чистата мисла ,неправење на злобни и лицемерни работи ќе ме одведе поблиску до Господ,отколку јадење сув геврек и прислушкување на туѓи врати.
     
    На karenin, barbyyy и hermosa им се допаѓа ова.
  18. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Оваа е нешто најточно! Значи нив не им е за да ни проповедаат за Исус, нив им е за парите! Затоа кога и да идам на црква, пари на поп НЕ ДАВАМ!
    Во времето на Исус,и после неговото воскреснување, луѓето не биле богати и тогаш всушност немале пари уште измислено,уште се служеле со разменувањето на еден продукт со друг, и пак биле среќни, пак биле големи верници.. А сега? Не си голем верник ако дадеш под 100 ден... Логика? |( И тоа е мислењето на попот :)
    Ми иде у куќа да крштева вода, и сега овие моите му даваат по 50, 100.. јас само му бакнав рака и си отидов у собата, и попов се налути.. Чекај дали се налутиради моите 50 денари? што е работата? нели тој треба да ја проповеда религијата и да небара пари за возврат? што им е на сите? |( Абре луѓе, тој дошол да ми крсти вода, а јас ке му го полнам џебот? НЕ! Тој доволно пари си зима од црквата,т.е платата, нема што да го “цица“ народот!
    Што прави поп во црква во 3 саат навечер? Се моли? Спие во црква? Не, дошол да земе пари, дека цел ден луѓето се внатре, оставаат дарови и пари и неможе да земе нешто кога има луѓе, сепак тој треба да биде пред нив поштен човек :) Еве имав можност да видам како попот фино лепо си влезе во црквата и за 10-тина минути си сикочи со нешто во раце.. |(
    Еднаш со мајка ми одиме на црква, нз што точно празник беше, пред околу 8 години но се сеќавам дека пред колата попот си прави муабет на тел и си збори како да имало пилешко,како да имало вино како да имало она, ова, т.е гозба, вечер ќе оделе некаде на прослава од црквата.. :x
    И сеа кој е лажниот верник тука? :fubar: :swear:
     
  19. Betty*

    Betty* Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Е тука не се согласувам со тебе дека немаш силна вера,јас мислам дека имаш многу силна вера,за жал не сме ние совршени и Бог го знае тоа,секојдевно грешиме.Јас мислам дека веќе ти го имаш своето место во рајот :) затоа што веќе ја имаш сфатено библијата,си сфатила кој е Бог и што бара од нас,си го прифатила,а тоа е најбитно за Бог да го прифатиме како наш спасител и да го сакаме,јас мислам ти веќе го имаш сето тоа,можеби не си совршена,грешиш како и сите луѓе,но штом знаеш да се покаеш и да се извиниш пред Бога ондак тоа е супер .Стварно ми е мило што на светов може уште вакви верници да се најде.Ти си добар пример на луѓето како христијанка.Ќе се молам за тебе :)
     
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Доказ дека Македонија врие од лажни или поточно номинални верници е тоа дека кога беше комунизам, 75% од луѓето се изјаснуваа како атеисти. Кога излеговме од комунизам и кога стана популарно да си православен верник или муслиман кај албанците, одеднашсите станаа верници, преку ноќ што се вели.
    Имам еден другар што не верува во Господ и го прашувам...

    - Дали си атеист?
    - Да, ама православен
    - Е како може да се православен, кога си атеист?
    - Епа не сум шиптар за да бидам муслиман!

    Е тоа ми е муабетот :)
     
    На daylight и Betty* им се допаѓа ова.