Лажни верници

Дискусија во 'Религија' започната од girl.23, 19 септември 2012.

  1. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Лажни верници?
    Ако трнеме да оценуваме кој е вистински а кој лажен верник ќе излезе дека сите или огромен број од нас сме лажни верници.
    1. За да некој биде вистински верник не е доволно само да кажеш дека веруваш во бога туку треба да ги почитуваш сите оние правила кои ги наложува верата.

    2. Верата (било која) вели да проштеваме и да немаме лоши мисли кон другите а ние овде очи ќе си повадиме а не се ни познаваме, секоја чест на исклучоци.

    3. Овие справи кои што ѓи држиме во раце дали компјутери, таблети, телефони..... Се ѓаволска работа и спротивно на било која вера.

    Да резимирам, јас за себе не би можела да кажам дека сум верник затоа што сум премногу грешна. Велат бог простува се, но ме е ми е срам да му побарам прошка за се она што сум го правела во животот. Веројатно уште од овој миг да почнам испоснички живот ќе ми требаат барем 2 просечни животи за да се избавам од сите мои гревови.

    За жал многу лесно себеси се прогласуваме себеси за верници и уште полесно го изговараме името божјо што е преголем грев.
    За да некој го изговори името божје треба да има чиста туша и позитовни мисли а не да се изговара секогаш и во секоја прилика..
     
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    3.519
    Под третата точка, што сакаш да кажеш? Негде прочита вака или некој ти кажа?
     
  3. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    А кој треба да ми каже за нешто што е општо познато? Тоа што и поповите користат таблети не значи дека тоа е оправдување и за вистинските верници. Сепак и поповите се само луѓе и они се склони кон правење гревови.
    Твојата реакција е баш она што јас го реков во мојот пост погоре, сите сме верници но си бираме кој дел од верата ни одговара го прифаќаме а за оној друѓиот дел наоѓаме оправдување.
    Вистински верник е оној кој е спремен да се откаже од земните благодети зарат верата а не да наоѓа оправдување за сопствените гревови.
    Она што ми боде очи што се прогласуваат за верници дури и луѓе кои незнаат да се прекрстат и ако воопшто знаат поима немаат што значат тие 3 споени прсти.
    Но јас не сум тука да им судам туку само си го кажувам сопственото мислење, бог е тој што суди и простува.
    Точно е дека бог е голем и наоѓа оправдување за сите наши глупости, но тоа не значи дека треба свесно да грешоме а потоа да ае надеваме дека бог ќе ни ѓи прости гревовите.
     
  4. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.513
    Допаѓања:
    3.447
    Пол:
    Женски
    Сите грешиме. Правиме гревови и не правиме се како што е пропишано во светите книги.
    Но сметам дека тоа не те прави неверник или ти лажен верник.
    За мене лажни верници се оние кои само зворуваат за неа во различни аспекти ама не знаат ништо за верата, што свесно, намерно грешат и тоа не гои признаваат, туку сметаат дека тоа што го пишува во книгите е непотребно и банално.
    Лажни верници се оние кои сметаат дека НИВНИОТ ГОСПОД е најдобар. Нагласив нивниот, зошто вистински верник знае дека има ЕДЕН ГОСПОД за сите нас, само со различно име, сите на крај ќе му одговараме само не Него!
    Лажни верници се оние кои името на Господ исклучиво во караници.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    2.952
    Божјиот визионер и христијански мистичар Емануел Сведенборг (1688-1772) го соопштува следното искуство во врска душите на лажните верници во задгробниот живот:

    „Човековата вера не останува ако не проистекува од небесната љубов. ...

    Многумина од оние кои замислуваа дека имаат вера беа одведени кај оние кои навистинаа ја имаа, и тогаш низ општење увидоа дека немаат ама баш никаква вера. Потоа признаа дека верата не е во тоа само да се верува во вистината и Речта, туку дека таа се состои од небесната љубов кон вистината, кон сакањето и применувањето на таа вистина поради внатрешното чувствување. Ми беше покажано дека нивното уверување кое тие го нарекуваа вера, наликува на зимската светлина која немајќи во себе топлина, прави на земјата сè да замре, стегнато со мраз и покриено со снег. Штом Светлината на Небото само го допре тоа уверение, тоа не само што се гасне, туку стануваа како густа магла низ која ништо не се гледа. Истовремено и нивното внатрешно се исполнува со темнина во таа мерка, што повеќе ништо не сфаќаат, па на крајот во склад со измамата, стануваат безумни. Поради тоа на тие духови им се одземаат сите вистини кои ги знаеле од Речта и учењето на Црквата, како би можеле да се исполнат со измамите кои се во согласност со злото на нивниот живот; бидејќи сите како да се натопени во својата љубов, а тогаш ги отфрлаат сите вистини, бидејќи тие се во спротивност со лагите кои извираат од нивното зло, ги отфрлаат вистините бидејќи ги мразат и им се одвратни.

    Од сите искуства кои ги имам за Небото и Пеколот, можам да посведочам дека сите сите оние кои ја проповедаа самата вера
    (уверувањето дека само верата спасува) а водеа зол живот, се наоѓаат во Пеколот во кој видов како самите себе си илјадници се фрлаат.„

    - извадок од книгата на Е.Сведенборг „Небото и Пеколот„ погл. Човекот после смртта е онаков каков што бил во светот, параграф 482.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  6. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Day light се сложувам со се што кажуваш и нема да се повторувам. а за оние кои се лажни верници бог ќе им пресуди на другиот свет
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    2.952
    Интересно во остатокот од книгата на Сведенборг тој вели дека не им пресудува Бог на лажните верници и другите грешници, туку Тој им остава слобода самите да одберат каде и во чие друштво ќе бидат, веќе според тоа кон што чувствуваат искрена љубов. Бидејќи тие низ сопствените дела всушност ја љубеле лагата, тие доброволно одбираат да престојуваат меѓу сличните на себе си во пеколните подрачја. Тие таму се чувствувале, условно кажано - убаво, бидејќи во Небото (рајот) сè им изгледало одвратно.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.522
    Често пати верата ја мешаат со религијата и со обичаите ,едно е да си верник да имаш вера ,друго е да имаш некои обичаи со одење во црква и палење на свеќа ,не си поголем верник ако отидеш во црква и запалиш свеќа од оној кој нема тоа да го стори .Есега тука нема фалење или дискутирање кој е лажен верник и кој кој е неверник тоа секој за себе ако си верник за тебе ке бидеш ако не си пак за тебе нема да бидеш ,шири лубов не фалисе што си како си ширија верата на сите страни ако раскажувај им на луѓето она што Исус му го кажуваше на неговите ученици ,твое е да му кажеш и раскажеш некој ке го прифати тоа некој не тоа е нивно право ,а ова кој е лажен верник со тоа воопшто не треба да се замараме .
     
  9. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    па тоа го велам и јас бог би остава они сами да продолжат по тој пат и они после смртта нема да одат во рајот бидејќи ја одбрале лагата не вистината односно заминале по погрешен пат бог ги остава да продолжат бидејќи тие веќе го избрале тој пат и решиле да одат по него
     
  10. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
  11. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Edno nadopolnuvanje poradi naslovot na youtube.Pod lazni vernici se podrzabira za Vanga.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.237
    Допаѓања:
    44.756
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе себеси се нарекуваат верници а всушност не се однесуваат како верници. Има една изрека, Влегувањето во црква не те прави верник како што влегувањето во гаража не те прави кола. Ми беше смешно кога еден пријател се нарече верник а кога го прашав кога последен пат бил во црква рече пред две години, кога починала баба му. Не верувам ниту дека постел во животот, но ајде ќе го прашам нешто повеќе во друга прилика.
    Значи, статистиката говори дека во Македонија има голем број верници, барем како такви се изразиле, но реално, мал дел од нив се верници во вистинска смисла.
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.789
    Пол:
    Машки
    Мислам дека тоа е затоа што денес е во мода за некои да се нарекуваат верници, или затоа што суеверието што го имаат го мешаат со вера или пак едноставно мешаат нација со вера - затоа што се македонци по дифолт мислат дека се христијани. Имавме еднаш еден проект им правевме анкета во Охрид во сезона и едно од прашањата беше да ги набројат 10те Божји заповеди.. сите едвај набројуваа по 3-4 (не лажи, не кради, не убивај) и стандард никој не знаеше зошто Исус дошол на Земјата и дзволил да умре на крстот - што нели му била и целта на Неговата мисија. Ама од каде би знаеле, помалку од 1% се православните што го прочитале Новиот Завет.

    А и на форумов е очигледно тоа. Се нарекуваат христијани, а веруваат во магии, бараат броеви од гатачи, бајачи, гледања на кафе, соништа и сл. Али битно за Велигден сите ќе вапцаат јајца и ќе постираат најубаво јајце на фемина инстанграм :)
     
    На kim.k, kjukli, anakonda88 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Ke ti gi izzemam rechenicite od kontekst...

    Vakvoto meshanje se nametnuva i na pravoslavieto posebno poteknuvajki od balkanot pochnuvajki od Bugarija kako prva.I zatoa i se planira nareden Vselenski Sobor ist po znachenje kako prethodnite za da se prerazgledaat tie temi.Kakva ke e odlukata ke vidime.

    Ova so procentot mislam pogolem e.Iznenaden sum kolku samo luge ima koi redovno odat na sluzbi.A poiznenaden sum shto na primer vo mojot grad daleku poveke zeni se na liturgii redovno za razlika od mazi.Poslednata liturgija koja jas bev sakash veruvaj sakash ne samo 3 mazi bevme od koj samo jas mlad,se drugoto zeni od razlichna vozrast,a crkvata polna.A od sekogash sum mislel deka mazite se ponakloneti kon religija ama ne bilo taka.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.789
    Пол:
    Машки
    Епа следен пат ко ќе одиш, прашај неколку од сестрите таму дали го прочитале 3тото Јованово послание и што им се допадна во него? Ако ти одговорат онака дипломатски „Да секако, па не би можела нешто да издвојам, целото ми беше убаво“, е тогаш прашај ги дали го прочитале 3тото послание до Коринтјаните и пренеси што ќе ти кажат за второво прашање :)

    п.с. И дај те молам среди ова со фонтов, ALT+SHIFT за кирилица, а ако немаш види во Control Panel кај Languages и Keyboard инсталирај Macedonian Keyboard.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Greshish site shto se redovni ja imaat chitano biblijata zatoa i se redovni.No imaat chitano i tolkuvanje na biblijata od svetite otci shto ti toa tokuvanje ne go razbirash.
    Aj ke te prasham ednostavo ako veke smetash deka znaesh.Koga gavolot go iskushuval Hristos vo pustinata kade prvo se fatil da iskushuva,a kade zavrshil?Ne mi gi kazuvaj samo rechenicite koi se zapishani tuku i drugoto gledishte shto stoj zad tie rechenici.Koja e prvata strast na koja napadnal?Bidejki gavolot obichno sekogash taka napaga i ke ti dadam i druga sporedba so drugite paraboli.Eve vo tri grupi ti go staviv i nabroj gi strastite na sekoja grupa.

    Исполнет со Духот Свет, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустиња. Четириесет дена Го искушуваше ѓаволот, и ништо не јадеше во тие дни; а кога изминаа тие, најпосле огладне.

    И Му рече ѓаволот: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб“. А Исус му одговори и рече: „Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој збор Божји“.

    И кога Го одведе на една висока планина, ѓаволот Му ги покажа наеднаш сите царства во светот. И Му рече ѓаволот: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт, и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам. Ако ми се поклониш, сето тоа ќе биде Твое“. Но Исус му одговори и рече: „Бегај од Мене, сатано, оти е напишано: ‘На Господ, твојот Бог, поклонувај Му се и само Нему служи Му!’“

    И Го одведе во Ерусалим, и Го постави на хра- мовиот покрив, па Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се одовде долу! Зашто е напишано: ‘На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе, да Те запазат; и на раце ќе Те земат да не би некако да ја сопнеш ногата Своја на камен’“. И Исус му одговори и рече: „Кажано е: ‘Не искушувај Го Господ, својот Бог!’“ Па како заврши ѓаволот со сите искушенија, отиде од Него за некое време. (Лука 4, 1–13)

    Sledna parabola:
    Рече Господ во приказна: „Царството Небесно при- лега на човек цар кој направи свадба на синот си и ги ис- прати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие не сакаа да дојдат. Потоа испрати други слуги и им рече: ‘Кажете им на поканетите: „Ете, приготвив јадење; јунците мои и сè што е угоено се заклани, и сè е готово; дојдете на свадба!“’ Но тие не сакаа да знаат за тоа, а си отидоа: кој на нива, кој по трговија; а некои, пак, ги фати- ја неговите слуги, ги исмеаја и ги убија. Штом чу за тоа царот, се налути, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град.

    Kazi gi istite strasti tuka.Ova ne te uchi protestantstvoto,bidejki vo nego nema opitni otci da tolkuvaat.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.789
    Пол:
    Машки
    Еве ти дали ја имаш прочитано Библијата? Ако да, еве најпросто прашање за да го потврдиш тоа. Кажи ми која од овие две книги е во Стариот, а која во Новиот завет:

    1. Книгата на пророк Илија
    2. Трето послание до Коринтјаните

    п.с. Ако одговориш брзо, ќе знаеме дека не си барал на Google или проверувал во Библијата :)
     
  18. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Nema takvi knigi.Aj sega ti odgovori.Ne begaj d odgovor.
     
    На korisnichka, Orthophill и EvAngelos им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.789
    Пол:
    Машки
    Добар си, не падна на финта :D

    Имаш право, не го разбирам. Каде можам да набавам толкување на толкувањето на светите отци? И дали тоа е јасно или постои и толкување на толкувањето на толкувањето на светите отци?
     
  20. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Pa da ti kazam bash i ima takvo kade Hristos odi kaj Jovan Krstitel da go krshteva.Na ednata pozadina ima ushte edna za tolkuvanje.No ako toa go pishuvaat po forumi kade e togash poimot crkva.

    Samo sakam eve poednostavno prashanje da te prasham.Bidejki ti si protestant i podrzuvash sola scriptura.I bidejki znaeme deka sv Irinej e toj koj odredil koj knigi da vlezat vo sostavot na biblijata,a koi da bidat otfrleni i smetani kako lazni.No znaeme deka irinej zboruva za preemstvoto.
    Tebe lichno te prashuvam zoshto mu veruvash na sv Irinej za biblijata,a ne mu veruvash koga zboruva za preemstvoto.Ubavo znaesh deka vie go nemate preemstvoto.Zoshto koga ne mu veruvash na toj chovek za preemstvoto,mu prifakash apsolutno site knigi koi toj gi odredil kako sostav vo biblijata?
     
    На korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.