Лажни верници

Дискусија во 'Религија' започната од girl.23, 19 септември 2012.

  1. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Zad stariot zavet stoj noviot zavet.
    Zad hramot i molitvite vo nego stoj srceto kako hram bozji i molitvata na umot vo srceto t.e.umosrdechnata molitva,isihazmot.
    Zad noviot zavet i srceto shto stoj?Neznam ke vidime toa treba opitot da ni go kaze....
     
    На korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.789
    Пол:
    Машки
    На кој вселенски или помесен собор Иринеј одредил кои книги да влезат во составот на Библијата? Каде е доказот за ова?
     
  3. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Ti prifakash samo sola scriptura ,a i za nea neznaesh dovolno.Ne sakam da te ukoram ama veke koga si prifatil samo edna kniga barem za nea da preispitash malku od malku.
    http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=867&Itemid=85

    I od wikipedia ali na angliski ima jasno kazano kaj Scripture,za zal na balkanski jazik sosema nakratko se pishuva.

    https://en.wikipedia.org/wiki/Irenaeus#Scripture

    Zoshto mu veruvash na Irinej koga jasno gi ograduva biblijata i predanieto so PREEMSTVOTO.
    Zoshto ednostavno ne gi prifatish drugite knigi koi posle Hristos se pojavija kako evengelie po Barnaba,Evangelie na evreite itn ?
     
    На korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.789
    Пол:
    Машки
    Ги прочитав и двата текста и никаде не најдов доказ за твоето тврдење, па затоа ќе морам пак да те прашам:
    На кој вселенски или помесен собор Иринеј одредил кои книги да влезат во составот на Библијата? Каде е доказот за ова?
     
  5. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Nemalo potreba od sobori za neshto shto site od crkvata se slozuvale,bidejki toa i go imale vo samite crkvi od pochetokot,ostanatoto im se nametnuvalo odnadvor.

    Nemalo potreba od sobor,bidejki sobor se sostanuva ako ima razdor i nesoglasuvanje vnatre vo crkvata,ama onaa so preemstvo crkva.A tie nemale razdor.

    I ako sakash da znaesh site sobori koi otposle nastanuvaat se vo sklad so odlukite na Irinej.Inaku ke barale i za toa da se rasprava.

    Ne sakash da odgovorish i tebe ti e chudno neli?Mu prufakash na sv. Irinej edno ,a mu otfrlash za preemstvoto i predanieto.
     
    На korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.789
    Пол:
    Машки
    Епа ако сите цркви се сложувале за тоа кои книги се во составот на Библијата уште од самиот почеток, тогаш како велиш ти дека Иринеј одлучил кои книги да бидат дел од Библијата? :)
     
  7. Priroden

    Priroden Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    2.619
    Пол:
    Машки
    Лaжни верници зa мене се исти кaкo шпддржувaчиве нa влaдaтa. Пример oнoј шo прoбувaше дa регистрирa некoе друштвo зa истерувaње демoни, кaјшaрoв ли беше .
    Бaј д бук лaжен верник, aли кoјзнaе кoјa пaрa јa имa нaпрaенo сo лaжење глуп нaрoд декa имa исцелувaчки спoсoбнoсти.

    Лaжен верник е и oнoј штo дреми пo фoруми и прoбувa дa убедувa девoјчињa oд 16-17 гoдини сo уште неoфoрмен стaв зa мнoгу рaбoти дa oдaт нa некaкoв си кaмп зa aнглиски јaзик. Мoждa и бесплaтнo е.

    А вo тие брoшурчињaтa сo мaли букви пишувa декa нa кaмпoт ќе се дискутирa зa Гoспoд Бoг :D

    Истo лaжни верници се oние штo дoделувaa усб зa секoј бруцoш нa фб не ми текнувa нa иметo, a пoсле тoa следеле пoвици пo цел ден зaшo не иделе нa сoстaнoци.
    Целтa е единственa, дa ги зaтупaт у некoјa сектa и зa секoјa мисa/мoлитвa или шo и дa е, дa oчекувaaт дoнaции oд нив, пoшo тaкa функциoнирaле.
     
    На Orthophill и anakonda88 им се допаѓа ова.
  8. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.463
    Пол:
    Женски
    Би додала јас за лажни верници , значи познавам многу луге што лажат и се крстат во Господ , луге лажат и се колнат во Господ , луге што штотуку украле нешто и отишле другиот ден на причесна , луге кои му посакуваат лошо на својот близок и се ситат на неговата несрека па така срекни одат вцрква, и др. Тоа што постојат луге што мислат дека ако одат вцрква , и се колнат во Господ а имаат нечиста душа дека му се додворуваат на Господ дека е голем верник , истите тие луге забораваат дека еден ден ке им се суди на Судниот ден! Таму нема ниту врски ниту додворување , ке си плати секој за своите постапки .... !
    Јас мислам дека Господ треба да го чуствуваме во душата , да не го изговараме напразно името Божјо , да ги почитуваме Божјите закони , да имаме повеке самоконтрола на самите себе ...! Никого не го прави верник ако само оди црква а ги крши Божјите работи!
     
    На Orthophill и EvAngelos им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.789
    Пол:
    Машки
    Еднаш работев во еден ноќен клуб и газдата знаеше дека сум верник и ме викаше да одам со него во казино да му правам друштво. Мислеше дека пошо сум „пријател со Бог“ (според него ова) ќе му носам среќа у коцкањето :D. Јас се сложував, пошо и онака поинтересно ми беше да излезам малку од клубот. И не е битно, ќе изгубеше 200-300 евра (а и дужеше пари на вработени, на хигиеничарката) и после идеше во соборен хран да избацува неколку икони и да се замие со света вода и излегуваше како препороден, готово он расчистил со гревовите и пак по старо.

    На твоето би додал и дека за да му бидеме послушни на Бог, треба да го знаеме Неговото учење. Затоа христијанин без познавање на Христовото учење запишано во Новиот Завет не бива. Исус рекол: „Зошто ме нарекувате Господ, а не го вршите она што ви го заповедам?“ (евангелие по Лука 6:46, Библијата)
     
    На Bender Rodriguez и anakonda88 им се допаѓа ова.
  10. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Znachi Irinej ne odluchuval?

    Epa ako site se slozile na prviot vselenski sobor od kade da znaeme deka vselenskiot sobor vsushnost i se odrzil?

    Normalno nekoi mozebi ne se slozile i kaj Irinej i kaj prviot vselenski sobor.No sepak Irinej postoel i po toa i e poznat kako svetitel,a i prviot vselenski sobor se sluzhil.

    Sepak Irinej odluchuval i za toa ima materijali koi se sochuvani i od nego i od negovite pouki koi govorat za toa.

    I tolku tuka zavrshuvam so toa.Samo toa ke ti kazam ostavash vpechatok deka ni gi poznavash okolnostite kako nastanala biblijata na koja samo nea i veruvash.Ili pak neznaesh shto e toa preemstvo i predanie za shto zboruva Irinej.
     
    На korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.789
    Пол:
    Машки
    Првиот вселенски собор бил свикан заради Аријанизмот и таму воопшто не била дебатата околу канонот на Светото Писмо (кои книги да влезат), туку дали Исус е еднаков на Таткото, дали е вечен т.е. дали постоело време кога Исус не постоел, а постоел само Таткото. Тоа била тезата на Ариј која се проширила низ Александрија и пошироко, па морал Константин да интервенира и да свика собор за да го решат ова прашање и да нема поделеност на христијаните во империјата.

    Епа тоа ти барам бе друже, цитирај ми ги тие докази каде што Иринеј одлучил кои книги ќе бидат во канонот на Светото Писмо :) Вака испаѓа треба само на збор да ти веруваме.
     
  12. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Jas ubavo znam zoshto se odrzal prviot vselenski sobor ti go spomnav kako teza so koja ti koristish za da ukazesh deka Irinej ne odluchuval.Da ti dokazam deka takva teza ne drzi voda.
    Ne sum uchel veronauka za da ti gi pokazam starite dokumenti od toa vreme i da te ubedam.Sega za sega i za vselenskite sobori kako se odrzuvale i za Irinej kako dokaz ti posochuvam wikipedia i ona shto crkvata go predava.
    Ako na wikipedia ne i veruvash togash toa e.
     
    На korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.789
    Пол:
    Машки
    Го прочитав и текстот од Википедија, ниту таму немаше доказ дека Иринеј одлучувал кои книги ќе влезат во Библијата. Ако има таков доказ, ајде копирај го само тој дел од Википедија и постирај го тука. Ајде за промена да дискутираме малку аргументирано.
     
  14. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.879
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со мислењата погоре и сакам да се надоврзам на темата со еден момент од постите.
    Луѓето околу мене се преокупирани со постите, па тримир, па 40 дена пост, па причесна. Кој и да го прашам, пости. А дома трпезата полна... еден казан грав со сомун леб, овошје секакво, сушено овошје најразновидно, урми, смокви. Благо, солено, ова-она. Јас постот го сфаќам како страдање. А бре леб и пипер и толку.
    Друга работа, постот не значи дека треба да пазиш на исхраната, демек не јадам мрсно-постам. Треба душата и умот да си ги прочистиш од грди и лоши мисли, треба да пазиш како се изразуваш и во кој правец ти одат мислите.
    Впрочем, во духот на христијанството треба секогаш да се водиш со убави мисли, ама дип пости се...
    Битно, "големите верници" ќе се накркаат казан граФ, ќе се испокараат со се живо и диво, ама сабота на причесна. Недела ќе се крчкаат кременадли в рерна.
    П.С. Немаше еден емотикон со поп со кандило???
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.789
    Пол:
    Машки
    Еве овој текст од Библијата е поврзан со вистинскиот пост и можеш слободно да им го прочиташ на сите тие што постат само со нејадење мрсна храна:

    „Ова е пост што Ми е по волјата: да ги кинеш неправедните окови, да ги разврзеш врските на јаремот, да ги пуштиш на слобода угнетуваните, да ги скршиш сите окови; Да го поделиш својот леб со гладните, да ги воведеш под својот покрив бездомниците, да го облечеш оној што ќе го видиш гол, и да не се криеш од оној, кој е од твојата крв. Тогаш ќе светне како зората твојата светлина и твоето здравје ќе процвета бргу. Твојата правда ќе оди пред тебе, а Господовата слава ќе ти биде заштитница. Ако викнеш, Господ ќе ти одговори, кога ќе извикаш, ќе рече: ‘Еве Ме!’ Ако ги отстраниш од својата средина јаремот, испружениот прст и безбожната беседа, ако му дадеш леб на гладниот, ако го наситиш угнетуваниот, твојата светлина ќе засвети во темнината, и твојата темнина ќе стане како пладне. Господ ќе те води непрекратно, ќе те сити во сушни краишта. Тој ќе ги закрепнува твоите коски, и ќе бидеш како напоена градина, како кладенец, чија вода никогаш не пресушува.“
    (Исаија 58:6-11, Библијата)
     
    На daylight и ЈеленаЏиш им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    3.003
    Пол:
    Машки
    За овие со УСБ-ињата прашај си го @EvAngelos, тој ги делеше. Можеби и нас на форумов ќе ни подели по некое... Штета (за него, не за нас) што повеќето не даваме вера за вечера, поштење за печење, ни чесни крсти за мрсни прсти. :)

    Ова може да го напише човек кој што сака да пости, ама ете поради некоја причина не го прави тоа. :) Па ајде простете ми, ама и им завидува на тие што постат. :)
    Прочитајте ја оваа парабола од светото евангелие според Матеја и знајте дека и денеска можете да го почнете постот и на Пасха Господова - Велигден, да ја примите тајната над сите тајни Телото и Крвта Христова. ;) Пред причесната на Пасха и светиот Јован Златоуст ќе не` подучи со оваа парабола.

    Глава 20. Парабола за работниците во лозјето.
    1. Зашто царството небесно прилега на домаќин, кој излегол наутро рано да најми работници за своето лозје.
    2. Па, штом се погоди со работниците по динариј на ден, ги прати во лозјето свое.
    3. Потоа, кога излезе околу третиот час и виде други како стојат на пазариштето без работа,
    4. им рече: »Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам.« И тие отидоа.
    5. Пак излезе околу шестиот и деветтиот час и направи исто.
    6. А околу единаесеттиот час одново излезе и најде други, како стојат без работа, и им рече: »Зошто стоите тука цел ден без работа?«
    7. Тие му одговорија: »Никој не нè повика.« А тој им рече: »Одете во моето лозје и, што е право, ќе добиете.«
    8. А кога се стемни, господарот на лозјето му рече на својот настојник: »Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните па до првите.«
    9. И дојдените околу единаесеттиот час добија по динариј.
    10. А кога дојдоа првите, помислија дека ќе примат повеќе; но и тие добија по динариј;
    11. и штом добија, негодуваа против господарот
    12. и велеа: »Оние последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тегобата на денот и жегата.«
    13. А тој им одговори и му рече на еден од нив: »Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за динариј?
    14. Земи си го своето и оди си; и на овој, последниов сакам да му дадам колку и на тебе;
    15. зар немам право да чинам со своето, што сакам? Или ти е окото завидливо, оти сум добар?«
    16. Така ќе бидат последните први, а првите – последни; зашто мнозина се повикани, а малцина избрани.”
     
    На korisnichka, orevokrsacka, kuc и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    768
    За постот. Манџа може и блуткава да биде, а од леб и буковец и те како може да ти се услади. Поготово, ако лепчето е тазе, топличко. Според мене, колку си подалеку од прифаќањето и љубовта, толку си подалеку и од епитетот - верник.
     
    На korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  18. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Машки
    Sakash da kazesh ljubovta odi zaedno so strastite?
     
  19. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    768
    Мислев љубовта и прифаќањето на луѓето, без разлика што имаат на трпезата. Затоа што ниту манџата, ниту лебот и буковецот се секогаш она што нам ни изгледа дека се. Сензацијата за време на нивно јадење го открива тоа, затоа и не треба да се суди според намирници. Не треба да се суди воопшто, туку да се прифатат и да се најде разбирање за разликите.
     
    На korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    2.952
    За мене верници кои се повикуваат на Исус Христос најголемиот пацифист на сите времиња, а при тоа самите повикуваат, одобруваат или подучуваат војување се лажни верници.


    Кон темава напис од Нова Македонија број 23242 | среда 6.8.2014 :


    Недозволиво е свештеници да тренираат деца за војна

    Парацрква во Србија ја злоупотребува верата

    Вака изгледа еден ден во летниот верско-црковен камп за деца и младинци во Србија, организиран од Српската вистинска православна црква.
    Како што се наведува на официјалната веб-страница на Светолазаревиот православен младински камп, тие немаат никаква врска со Српската православна црква (СПЦ), туку дејствуваат под благословот на епископот Акакиј, од малку познатата Српска вистинска православна црква (СИПЦ). Ова е втора година како се организира овој собир, на кој, како што велат организаторите на кампот, на младите учесници им се засадува, негува и длабоко им се вкоренуваат заедништвото, пристојноста, пожртвуваноста, храброста, духовноста и непоколебливата верност спрема православието и татковината.

    Верата учи на мирољубивост

    Отец Бобан Митевски од кабинетот на г.г. Стефан, поглаварот на Македонската православна црква-ОА, вели дека се запознаени со дејствата на одредени параверски групации во соседните држави. Досега не слушнале вакви кампови да се организираат во Македонија.
    - Христос не нѐ учи да војуваме во име на верата, туку да живееме според Десетте Божји заповеди, односно да бидеме мирољубиви - објаснува отец Митевски.
    МПЦ има искуство со организирање летни верски кампови, каде што децата се запознаваат со религијата, учат како да се крстат и ги учат христијанските начела.
    Верскиот аналитичар Живица Туциќ од Белград вели дека ниедна верска група не смее на ваков начин да ги злоупотребува децата.
    - Овој случај е злоупотреба на малолетниците и на нивните верски чувства. Со тоа се кршат законот и моралот, што е недопустливо. Не смеат на таков начин да ги користат и да прават верско-милитантни организации.
    Инаку, на Светолазаревскиот православен младински камп има поставено видеа каде што се прикажани активностите на децата во текот на денот, како палење оган, скокање со јажиња, марширање со пеење молитви, но и српски патриотски песни.

    Маршираат и се молат


    Особено се истакнуваат песните каде што децата пеат за Косово и неговото ослободување. Впечатливо е тоа што свештеникот што ја кажува молитвата над црната мантија има облечено војничка јакна. И децата исто така се облечени во војничка облека.
    Српските верски аналитичари во медиумите гласно говорат дека на ниедна црква или верска организација не ѝ е дозволено да се занимава со воена обука или со слични активности.
    - Обуката на малолетниците ја држи верска организација што не е впишана во регистарот на цркви и верски заедници во Србија - велат аналитичарите.
    На ова реагираат и психолозите, кои нагласуваат дека ако кај децата на мала возраст се развие воинствен дух, односно низ обуката во такви кампови се влијае на нивното ментално здравје и се развиваат борбеност и склоност кон употреба на оружје, односно подготвеност во повозрасните години ваквата обука да се спроведе со вистинско оружје.
    Последните информации се дека српската полиција ќе го испитува случајот за децата што во верскиот воен камп вежбале пукање со реплики на автоматски пушки.



    извор