Знам. Ама секогаш е интересно кога ќе прочитам за "пресветата религија" Атеизам. Бог е космосот. Светци ѕвездите. Света Книга "On the origin of species". Пророк е Чарлс Дарвин.
Стар завет: the Voyage of the Beagle. Нов завет: On the Origin of species. Канони: The Autobiography of Charles Darwin. Ставајќи ги вака, планирам да се конвертирам во религијата Атеизам. Се надевам ќе можи да функционира заедно со мојата секта. Пурха Капри.
Агностик сум. Не знам дали постои Бог. Не верувам во ништо што не е научно докажано. Ако некогаш докажат дека има Бог, не ми е проблем да прифатам.
Значи не те прашав дали знаеш. Прашав во кој бог веруваш. Според твојов одговор (ниеден) ти си по дефиниција атеист. А дали ќе бидеш И агностик е друга работа. П. С. Само наивен (да не речам потежок збор) може да тврди дека знае, било дека постои или не постои бог.
Баш тоа е агностик: Некој што не знае и затоа не верува во ништо. Акцент на 'верува'. Пошто верување е скроз различно од знаење. Атеистите тврдат дека не постои Бог. Верниците тврдат дека постои.
Неточно. Сам се побиваш со исказот подолу верување =/= знаење. Може верува а не знае. Точно. Апсолутно неточно. Тоа е антитеизам. Атеист по дефиниција е секој кој не верува во богови (божества). Како што си и ти и јас на пр.. Пак неточно. Не сите тврдат. Веруваат.... верници, ти текнуе? Тоа што некој се занесуе ко на пр. погоре дека знае, тоа си е башка работа. Од таму агностик и атеист може да одат заедно. Или сликовито
Попрво еден атеист ќе се спаси, отколку ваков тип верници. Атеистот барем искрено ќе се покае на крај (кога-тогаш), а овие другиве цел живот ќе се во заблуда дека се спасени и што е најтрагично ќе користат стихови само за да си ги оправдаат своите никакви дела. Нема ништо скришно, на крај секој сам за себе си одговора.
Спиритуалноста е интимна и лична работа, исто како 'која боја ми е убава'. Шо има да се расправаме за то?
Агностиците тврдат дека не се знае, ниту може да се дознае дали постои Бог. Според тоа ниту веруваат, ниту не веруваат.
Да баш така. Или знаеш да читаш или не знаеш или пак ни знаеш ни не знаеш. Не постои такво нешто „ни верува ни не верува“.
Ајде вака... Никој не може да знае дали постои или не Бог, затоа може само да веруваат или не. Верниците се одлучиле дека веруваат во постоењето. Атеистите се одлучиле дека не веруваат. Агностиците се уште се одлучуваат.