Едно потсетување за што е отворена темава. Доколку сакате отворете тема за Агностици и продолжете ја дискусијата таму.
Лажни верници во една слика. Би додала и одење на бајачи и верување во суеверија. Во моево опкружување како побројни да се овие лажниве. Ама битно со гордост ќе ти кажат дека веруваат во бог, а ти како атеист си мрднат.
Си бил во авион во кој почнале турбуленции и пред тебе се молеле и исповедале? Или баш пред тебе каков што си напорен решиле рандом да си „признаваат“ како „потфрлиле со атеизмот“ во најстресни моменти? Или па им ги читаш мислите на луѓето? Што знам, мислев дека ова веќе само ко не толку смешен виц и фора проаѓа, не во озбилна дискусија...
А и дури и да е така, замисли да се гордееш со фактот што некој се свртел кон твојот Бог во момент кога размислува најнеразумно.
Не би рекол дека тогаш се обраќаат од атеизам кон Бог, туку дека баш тогаш паѓаат маските Да бидеме реални, многу атеисти живеат со оваа паролата: Не верувам во Бог и го мразам!!! Или: Не верувам во Бог ама еден ден има тој мене да ми одговара зошто постапи вака или онака! Некои луѓе се „убедиле“ во атеизмот откако им починал некој близок. Така што очигледно станува збор за длабока емотивна повреда и разочараност од Бог зошто тој не реагирал како што они очекувале да реагира. Некои пак се атеисти затоа што не биле доволно дисциплинирани како мали, па сега изводат некоја бунтовност против секој организиран систем и мислат дека се кул со самото тоа што се поразлични од другите.
А бе размисли малкуцка така пробај да размислиш. Во светов постојат свесни самоуверени луѓе кои си ја знаат својата вредност. Јас да им кажам нив секаков погрден збор, да им кажам дека ги мразам, тоа нив ништо нема да им смени, знаат дека тоа е мој проблем, и пошо си ја знаат сопствената вредност не дозволуваат никој да им го наруши внатрешниот мир. На таквите мои навреди веројатно ќе се изнасмеат. Е тука збориме за Бог, Господ кој е над сите, свесност и апсолутна љубов која ние не можеме да ја замислиме. Мислиш Бог се лути или се навредува ако некој каже "Го мразам Бог"? И да го пцуеш и да кажуваш најгрди нешта, ти како верник и суштество кое е способно да употреби основна логика треба да ти е јасно дека нит се лути нит се навредува, па кога некои луѓе обични смртници постигнале таква смиреност, не треба ни да збориме понатаму. Божјиот бес, Бог се навредувал, а бе тресење зелени.
Мразам луѓе што се нарекуваат православни христијани а манијачат теми за секс на женски форум. Дволично ми е некако нели?!
Ниту научно е докажано дека на постои. Само така е поставена претпоставката дека не постои, па да се докажува научно.
Споделуваат икони на фб, а во исто време надвор газат животни, троват, децата си ги дискриминират, неверни, и секој втор збор им е кнење. Таквите ми се фуј
Мех, и спротивното важи. И верниците во момент блиску до смртта одеднаш помислуваат еј, а што ако не сум бил во право и уствари сега кога ќе умрам не постои ништо. Нема да одам до таму да кажам дека се лажни верници, мозокот во тие моменти свашта помислува. Секојпат кога верниците сериозно го спомнуваат овој ,,аргумент" ми е многу интересно, зашто стварно е the last straw, кога веќе немаш ништо друго да понудиш. А муабетите за причините зошто некој бил атеист ми се толку 2008-ма. На некои луѓе просто не им е гајле за Бог, не знам зошто тоа ви е толку тешко да го прифатите.
На пример да се декларираш како верник, а да си ѓубре од човек кон сите. И/или да си суеверен. Замисли постојат и добри атеисти.
Атеистот има свое јас и карактер и знае што е, а лажниот верник има само маска и се плаши да каже дека не го интересира вера
И од што би се плашела една личност да признае дека не е верник? Да не и стои случајно некоја друга личност со снајпер на глава велејќи и дека ако не глуми дека е верник ќе ја застрела во чело Замисли и во верниците има луѓе кои се паметни, учени и со карактер и свое јас, аман од овие генерализации.