1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажни огласи за работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од zenska, 23 март 2015.

  1. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Има сешто по светов, ама и во наша мила Македонија.
    Постирајте линкови од огласи кои ви се сомнителни.
    Јас аплицирав на оглас и човекот ми врати на порака, но многу е сомнителен. Спомнува двосмислени работи кои повеќе водат кон вулгарности. Не знам што да правам
    Дали да пријавувам во полиција? Сепак е оглас во прашање. И прилично регуларен што најмногу ме фрустрира
    Има информации во св-то затоа ми е најмногу
    Што да правам????
     
    На LadyInLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyInLove

    LadyInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    14
    Го објавив овој оглас во темата Работа во странство-измамници, а денес гледам дека повторно огласот е обновен http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1552929
    Мене ми рекоа дека местата се пополнети, а сега повторно објавуваат оглас. Ако сака некој може да се јави да праша па нека каже свое мислење.
     
  3. LadyInLove

    LadyInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    14
    Неколку пати добивав повик од скриен број од личност што прво ме испраша колку години имам, дали сум омажена, каде живеам за потоа да ми каже дека баш му требала таква девојка за работа како мене со пријатен глас за кол центар, неделна плата 100 евра:rofl::rofl:, а ако се покажеш повеќе можело и да се зголеми платата! Што да се покажеш бре му викам, ми вика во работата... ццц му спуштив
     
    На moneni му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Пред неколку години на другарка моја и се случи нешто слично. Имало објавен оглас за Просветно дело (она што е до ЈБТ) и на крај испадна да заврши кај Мио во Папаја,, демек секретарка ЦЦЦ:x Среќа што не успеа да ја излаже.. :whew:
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Како од Просветно дело стигна до кај Мијо во Папаја :^) :?:

    Јас би те советувала да пријавиш во полиција.
     
    На moneni и koritsaki им се допаѓа ова.
  6. Lolly$$$

    Lolly$$$ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Прстив вчера меил за работа за техничка секретсрка во самиот оглас пишува за нејзините обврски влезни излезни фактури најава одјава на вратобени и слично , добив вечерта повратен меил демек на yahoo да направам меил за да збориме на чатот ми стана сумливо но ми објасни цел концепт на работата нето плата плус проценти што платата е 400€ и тука ми стана сумливо после тоа вика не бил во скопје па морало вака но сепак тоа мене не ми е професионално дури и ме вработи демек сметај работава е завршена ја му реков ќе ми се јавите да се видиме да збориме зашто вака не ми е сигурно не направи проблем само да се врател незнам што да правам помош ? :(
     
  7. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    Stranska kompanija vo Skopje vrabotuva tehnicka sekretarka za kancel.rabotenje,podgotovka na fakturi,arhivacija na dokum. I kompj. programi.So I bez rab.iskustvo.
    Da bide Slobodna,diskretna I fleksibilna osoba.Odlicna plata.

    Ako mislis za ovoj oglas , cista prevara koja se gleda i od samiot opis vo oglasot
     
    На GirlLove, moneni и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.144
    Допаѓања:
    5.047
    Пол:
    Женски
    Зарем и ова се случува со огласиве, таман мислев дното сме го допреле ама не, имало уште надолу.
     
  9. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    Да си бидеме вака најискрени, поголемиот дел се лажни. Зошто е тоа така, имам некои теории, ама не е ни толку битно. А тоа што е битно е дека и тие што не се “лажни“ се пуштаат по интернет просторов онака про-форма. И на крај, дури откако ќе почнеш да работиш за одредената фирма, ќе сфатиш дека тоа што е напишано и тоа што ти треба да работиш, немаат допирна точка. За мене ова е кршење закон и директна злоупотреба. Друго кршење закон е ако пушташ оглас, а во него не наведуваш дека не планираш да плаќаш пензиско и здравствено. И другото, за мене најсериозното, првиот месец ти е тренинг. И каде воопшто да се пријави нештово, и зошто никој, ама никој не обрнува на ова и не го санкционира. Треба сами да се пазиме, а што ако не се допазиме?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.