Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажни пријателства

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Donna-Basshunter, 15 мај 2011.

  1. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Си имам една ама еднинсатвена е најдобра....значиии ств 7 години од како се запознавме мислам не сме се карале таа е друга религија ама како и да е тоа не е важно иста клупа делиме сиве овие години <3
    лав јуу брат <33
     
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Шо знам, мислам дека е океј да имаш и лажни пријатели. Боље такви, него да немаш пријатели.
     
    На LittlePinky и sadgirl21 им се допаѓа ова.
  3. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Сепак мислам дека сите нас не опкружуваат многу лажни пријатели, бидејки не е можно сите што ги имаме да се вистински. Лажните пријатели те бараат само кога им требаш за нешто, цело време зборуваат а баш кога ќе каже некој лошо за тебе тогаш баш нема да најдат зборови за да те одбранат, никако нема во нешто да се вмешат само заради тебе за да не си направат проблеми, тие секогаш ќе се фалат пред тебе за нивниот совршен живот,а нема да ти кажат ни еден единствен проблем. Лажните пријатели ќе те гледаат во лице и ќе те лажат ќе ти зборуваат се најдобро, а позади грб од лошо - полошо. Ова се само неколку од карактеристиките за лажните пријатели. Порано промногу верував затоа и се изгорев, се повредив. Но, сега научив, сега знам. Не ми сметаат лажните пријатели ги знам кој се, затоа и јас сум нивни лажен пријател. ;)
     
    На meckicka, Naj.mila и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Страшно е тоа колку постојат лажни пријателства. За жал се повеќе и повеќе си ги покажуваат вистинските лица, завист ли е, самобендисаност ли е, појма немам што им се случува во главите за само една ноќ толку да се трансформираат. Ужас.
    Верувајте, немам веќе никој во кој можам да имам доверба. Кој се заљубил и го заслепиле пари, која ќе се породи а не ни кажала дека е трудна, кој целосно се деградира од друштво заради љубов. Кој наводно е преморен од работа ко само тој да работи. Се има се!
     
    На meckicka и Naj.mila им се допаѓа ова.
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Се согласувам!
    Инаку да,моментално само со лажни пријатели сум опкружена..
     
  6. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    охоо еден куп имав т.е две ама ме изнамачија такви мустри не сте виделе али навреме расчистив несакам да ми се повтори тоа искуство сеа сум опкружеа со луѓе шо се искрени се си кажуваме во лице не преку тетке сринке поубаво амин ! :D
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.017
    Допаѓања:
    12.369
    Пол:
    Женски
    исто .. :doh: но некогаш чувствувам потреба на некој да му се ,,отворам,, да се искажам, а не можам бидејќи знам дека веднаш ќе го извртат муабетот :yawn:
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ^Изгледа не сте ја чуле реченицата подобро сам него во лошо друштво.

    Не се сите пријатели со иста висина и иста вредност, некои ти се навистина блиски, некои малку подалечни. Убаво е да се има барем еден вистински пријател, на кој можеш да му се отвориш и во добро или во лошо, инаку што е сврхата на животот ако пред сите треба да се преправаме и глумиме нешто што не сме. А таквите пријатели само за на кафе и за забава секогаш ќе ги има, сите си имаме по некој таков, тоа е повеќе познаништво него пријателство.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.062
    Пол:
    Женски
    За жал, постојат лажни пријателства. Јас имав една лажна пријателка. Се дружевме од средно. Не контактираме 2 години. Кога дозна дека сум бремена (дозна од други), почнала да кажува на сите - како не и е срам да остане бремна, што се замислува таа, срамота е да остане бремена а да не е мажена, и сл. Кога го дознав тоа, и пишав порака на мобилен во која што се и изнакажав. После тоа неколку пати ми имаше пишано пораки каде што имаше напишано дека таа не го зборувала тоа. Нормално, не и поверував. Мило ми е што се тргнав од таква љубоморна другарка.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Лажни пријателства колку сакаш.
    Најтрагично е кога пријателки со кои со години си се дружеал, си делела и мака и радост- ќе стане една од ваквите лажни пријателки.
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.062
    Пол:
    Женски
    Баш кај мене се случи тоа. Личноста за која што мислев дека ми е другарка, цело време ми била љубоморна.
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Ги има многу. Јас со другарка од средно заедно во купа седевме и после и на факс контактиравме иако бевме на различни факултети, и после факс постојано. И сега јас имав среќа, бев поупорна, повредна и ни ден не чекав, се вработив одма. Немав уште ни диплома земено, се вработив. Таа чекаше 3 год. Јс имав добра плата, а таа нон стоп ми збореше дека се преморувам од работа, дека парите се малку таа не би работела. А врска нема, јас имав за себе, да заштедам, да прошетам, да дадам понекогаш на заем на моите, а работев со мерак и уживав во работата. Таа немаше ни за кафе и се натрапуваше на некои фини луѓе постојано да ја частат и развезуваат. И така од љубомора збореше како фризурата треба да ја сменам и сл. Врска нема беше љубоморна затоа што и јас од нула почнав и малку напреднав за разлика од неа, полна со фрустрации и комплекси.

    И еве сега се оддалечивме, ама подобро е таквите да се држат на дистанца. Кога е немој негативен не ви го треба.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Naj.mila

    Naj.mila Активен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Нај интересно ми е кога ке ги разоткриеш и кога ке и се спротиставиш како само еволуираат во светици и тогаш или не се тие виновни или ти грешка си разбрал, онака на очи ширум отворени те прават слепец.

    Мислев дека иако знаеш нешто за нив дека те навредиле треба да ги игнорираш избегнуваш да не ги бараш ко демек ке си ја сватат сами грешката , но не , тогаш тие уште повеке си ги отвараат устите а ти и натаму молчиш демек попаметниот попуштал... Не , ако им кажеш е мн подобро... а цело вр сум била во заблуда
     
  14. Tea1233

    Tea1233 Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    11
    Јас за среќа не сум опкружена со такви :rofl:
     
  15. Queen-K

    Queen-K Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    8
    Денес постојат секакви, може да се прават светици, најдобри другарки, се и сешто но кога тогаш се откриваат вистинските лица, секогаш е така. За среќа имам 4 најдобри пријателки, се знаат за мене, мислам дека и јас се знам за нив, сите сме тука кога сме потребни една на друга, кога една има проблем, сите имаме проблем, понекогаш се вреѓаме (камило, краво, забегана, глупа...). ама на крај секогаш завршуваме со гушкање. :D До сега никогаш не ме оставиле сама, секогаш биле тука за мене, многу сум им благодарна за се! На сите ви посакувам да среќавате само добри пријатели и да немате проблеми со лажните пријателства. Лажните пријатели секогаш завршуваат полошо од вас. [​IMG]
     
    На mil4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    За жал ги има многу и кога ти е најтешко или кога ти треба нешто ги нема.......... :(
     
  17. TeenageDream

    TeenageDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Еве и јас имав најдобра другарка 4 години, ми беше како сестра, ни што се немавме поминато и што се немав за неа направено. Буквално животот би го дала за неа. По цели денови бевме заедно, се си делевме, кажувавме, каде едната таму и другата. И бев рамо за плачење и таа мене. И се ова за на крај да оди зад грб и да се мува со мојот дечко. Пријателство не постои денес..
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Луѓе зарем уште верувате во пријателства
    Се е од корист денес
    Ни кафето не го пое со тебе, ако оцени дека немаш информација дали комшивката има швалер или не, а да не збориме за поголеми работи
    дадов само прост пример до каде сме сите стигнати
    Секоја чест на пријателствата кои опстанале, ама ретки се
     
    На ванилала, meckicka, Iva 94 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    За жал имам ги премногу. Дури и не знам дали и да ги наречам теквите ко нив пријателки. Секогаш кога и да им треба нешто тука сум за нив, им давам совет,наоѓам начин да дојдам до нив дури и моите да ми се лутеле дека било касно, секогаш кога и да западнале во караница сум ги вадела, сум и позајмувала пари секогаш кога немале, а за возврат шо добив? Оговарања, ширење глупости низ луѓето и кажување некој мој танји шо договорот бил само помеѓу нас да остане.
    Секогаш мора да ги има такви. Се гребат пари за такси, за карта у клуб, за пијачка и уште шо ли не! Кога ќе им биде досадно се глупираа по фб и ти досаѓаат, ама нели дека ти се другарки па трпи ги. Или па раскинае со дечко па плаче, па совети и даваш. Пијана од диско ја прибираш у ниедно време да не се резили пред луѓето. И даваш совети за нејзино добро, ја правиш човек и накрај ќе излезе некој 3-та небитна лицемерна личност ко нејзе и тие две/двајца се сојузуваат против мене, умм сестро, сериозна си или?
    Како ли можете вака? Јас вака да им правам на луѓето, совеста ќе ме гризе, нема да можам да спијам навечер од шо сум измајмунисала некој шо ми верувал и шо ме подржувал и во најтешките времиња е бил до тебе!
    Ама ако, времето се ќе покаже! Само еден добар игнор и па ќе “тропнат на вратата“ ама овој пат поинаку ќе биде! ;) :)
     
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Лажното вреднување функционира во сите животни сегменти, па и во пријателството.
    Изборот на кругот на пријателите е личен како и одлуката што ќе им сервираме од нашето секојдневие за да се послужат со информации. Степенот на отвореност за комуникација ни овозможува да направиме селекција на поблиски и подалечни без оглед на пол, возраст, нација.
    Скептицизмот кон женските (не) пријателства ме насочи кон дружење со машкиот пол и од тој аспект единствениот пријател на кој можам да му се доверам во одредена граница е долгогодишен пријател од средношколските денови. Тоа е за мене вистинско пријателство кое функционира 20 години.
    Денес површните познанства се често и се повеќе се поистоветуваат со пријателства во недефинирана смисла.