Секогаш имало и секогаш и ке има лажни пријателства,се додека во нашиот менталитет постои љубомора од еден на друг човек,до тогаш ке трае и лажното пријателство.А во скапаниов 21 век све е врзано за матријалното.
Другарка.Сестра.И повеќе од тоа.Секој ден е кај тебе,јадете заедно,го користите заедно компјутерот,се караш со сестра ти поради неа понекогаш.И треба заедно да испаднете со уште едно девојче.По десет минути чекање се јавува другово девојче и ја замолува само тие две да одат.Таа без срам ми вели да не одам јас бидејќи девојчево сакало сами.Се лутам и си одам дома.Следниот ден ме моли да и простам,а јас будала и прогледувам низ прсти.И камо да беше само тоа.После тоа сто пати се има случено да не ми помогне и да не ме одбрани.Секогаш си гледала за себе.По најголемите темници сум и правела друштво да не ја изеде некој до продавница,а таа не можела да испадне за мене.Кучето кога ми избега,не можеше да ми помогне да го фатиме бидејќи ја ''болела'' ногата.Лаги со опашки,а претходно не те болеше кога трчаше.Сфатив дека ме користиш само за да ти поминува времето со мене.Веќе нема простување.Крај лицемерке
Ги имав 5-6 вакви . Од една страна најдобри другарки зад грб те озборуваат Нејсе , си добија што заслужија и ги сместив онаму каде им е место . Во МИНАТОТО
А кој немал искуство со нив? Точно знам кои од моите пријатели се вистински а кои не. Но какви и да се тие, јас сум секогаш фер и коректна, не можам да глумам пријателство ниту било што друго, со сите со кои се дружам, вистински сакам да се дружам, без да имам корист. Кога јас создавам пријателства, ги создавам за да траат. Ако некого не сакам не му ни покажувам заинтересираност за дружба.
Сеκаκо деκа неможат да го достигнат пρиоρитетот за κој го имат моите вистинсκи дρугаρи κој за истите и со живот би платил аκо тρеба и они за мене а овие пρијатели од κоρист што се паκ не би ги оставил на цедило а не заслужиле ни чаша вода ама паκ појаκо е од мене што да пρавам саκам да помагам а на мене господ ми помага ме штити од истите κој сум им помогнал а саκале да забијат нож во гρб на подли начини
само што видов со свои очи колку ''добри пријателки'' сум имала..ме разочараа скроз..едноставно не ме разбираат или не сакаат да ме разберат..незнам више..мислам дека 100 пати им е подобро без мене и ке ги оставам така да им биде..кога ке помислам плачам..но тоа е...
Многу лоши времиња дојдоа и во Македонија и сите се лажни пријатели. Вистински нема. Кога им требаш абе на глава ќе ти се качат. Во последно време се помирувам и наместо да вртам телефони па да одложуваат, да кажуваат не можам денеска на кафе, ај јутре и да ми уништат ден, одам сама и си пијам кафе во некоја слаткарница, си јадам колачи и си одам. Многу луѓе не ни заслужуваат внимание. И од колеги од сега само на дистанца. Што и да им кажете да се доверите, ако ви откријат некоја слабост само ќе гледаат да ве уништат.
Abe aj prijateli taka i taka veke nema ni rodnini kako sto treba na mm rodninite najbliskite site se sobrale za vasilica da pecat skara samo nas ne ne viknale ova ne im e prv pat da ne ne viknat i koga gi prasav zasto mi rekoa oti nie sme nemale deca zatoa neka molat boga i nivnite deca da ne bidat kako nas jas toa im go kazav i nesakam daimam nikakov kontakt veke so niv
Леле мои роднини кои долго немаа деца, други роднини правеа роденден на дете во ресторан и само нив не ги викнале и рекле после што ќе ве викаме вие немате деца. Мизерија.
И јас сум како тебе, немам вистински пријатели на кои можам да се потпрам. Не ми треба којзнае колку, само еден вистински пријател е повеќе од доволен. Колегите од факултет се однесуваат цинично со мене кога ќе ги прашам нешто. Им помагам кога им треба нешто пошто и они ми помагаат, ама проблемот е во тоа што ме избегнуваат во последно време. Не знам зошто цело кога сум со нив ме буцкаат, си зборат во шифри , се задеваат со мене и јас им враќам со цинизам ама се си мислам дека некој ден ќе ми пукне филмот и ќе ги отерам у пм. Знам дека зад мој грб ми јадат гомна и тоа на велико, премногу се џаџментални. До пред една година престанав да се дружам со една блиска пријателка од основно. Од средно училиште имам две пријателки со кои се гледаме на кафе еднаш месечно колку да не се заборавиме и толку.
Ги имало и ќе ги има.Едноставно гнасен народ живее во државава. Сум осетила на моја кожа и реално не се замарам.Кој сака ќе се дружиме кој не сиктер очи да не му гледам.Не терам никој силом. Не се замарајте со непотребни и дволични луѓе.Знајте само како да се поставите со сите и топ ќе си пројдете низ животов,мој совет.