Форумџика на годината

Лажни пријателства

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Donna-Basshunter, 15 мај 2011.

  1. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Стварно немам вистински пријатели. Колку сум се прашувала каде згрешив, дали е во мене проблемот, што би било кога би било итн. И пак ништо.
     
    На anaja1 и Meckicja им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.477
    Допаѓања:
    165.829
    Пол:
    Женски
    Јас си имам една другарка за стално, бар си знам дека проблемот во мене е ради другите. :D
    Со другата која ми плачеше дека жал ѝ било во кој правец одат работите, па зборувавме, па атер време, атер пријателство и на ни едно кафе не дојде и уште ја нема да кажи ништо. Не дека се инатам, едноставно ѝ кажав дека луѓето ги рециклирам, да имам место за други и дека неќам да стигни тоа со неа ама ... изгледа таа сакаше. :wasntme: Со една друга останав на „ајде кафе ќе пиеме, обавезно“ и така. :) Ама не се само тие криви, и јас сум крива. Можев да бидам поупорна ама ми беше гајле колку и нив изгледа. Ама бар не им прам лице како тие мене.
    Ако со некој не ви профункционира пријателство - како било, ама ако не ви трга ни едно пријателство - прво тргнете од себе. Убаво пиша Гош претходно.
     
    На Meckicja, kim.k и Dark artist им се допаѓа ова.
  3. Ледена Кралица^^

    Ледена Кралица^^ Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2017
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Јас мислаам дека проблемот нее у мене, јас имам ногу "пријатели", ама од тие ногу ни 1 вистински.
    У денешно време секој гледа да искористи секој. Ми беше доста од сите што ми се прават другарки , а зад мене ме оговараат.. Сега имам само 3 другарки, ама сум приметила ногу пати кога ке имам некој успех менуваат понашање и што уште не.. Немам други другарки затоа ги трпам.. (facepalm)(facepalm)
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella15

    Bella15 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Ima! Eve jas.. :-\
     
    На Ледена Кралица^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Лажни пријатели се само лица кои решиле на неморален начин да добијат нешто во своја корист, начин за полесно снаоѓање низ живот.

    Сите понекогаш искористуваат некого бидејќи таква е самата природа на човекот...

    Навистина не ми е јасно зошто некои толку се потресуваат кога ќе го дознаат овој факт бидејќи ова се случувало уште од самиот почеток на човековото постоење и ќе трае се додека човековиот вид целосно не се истреби.

    Никогаш не верувам на никого и луѓето околу мене кои ги знам како познаници никогаш нема да можам да ги наречам пријатели бидејќи пријателството како поим не постои, туку постојат само т.н. "моменти на пријателство"

    [​IMG]
     
    Последна измена: 2 март 2018
    На stetoskop и Dark artist им се допаѓа ова.
  6. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.201
    Пол:
    Женски
    Nemam niedna vistinski drugarka site se samo od korist
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Има многу другарки што прават дволичност имав 2 најдобри другарки и ги открив какви се,не ги дружам веќе
     
  8. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Како ги откри?
    Не мислиш дека и ти со како нив штом ти се другарки?
     
  9. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Не ми се веќе другарки ќе ти пишам во порака како ги открив
     
  10. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Кој сака да знае нека ми пише
     
    На Meckicja и edna_malecka им се допаѓа ова.
  11. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Од ова што го читам... Ги жалам женските за оваа работа. Ми се чини дека како женско е многу тешко да најдеш асални другарки.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Имам приметено дека машките се подобри пријатели од женските поради тоа што се поискрени и подобар муабет можеш да направиш со нив(ако не сите тогаш повеќето да). А ние жените у глобала дали си љубомориме една на др. па се оговараме. Имам познаници, пријатели и се тоа ама немам ниедна блиска пријателка. Повеќето шо ги знам јадат мн. гомна за секого, а јас тоа го мразам. Или кажи си у фаца се што мислиш или ќути си. Во ред е да имаш свое мислење ама па не мора да си дволичен/на. Мразам глума.
     
    На Hellobeautiful, +++, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Точно.
     
    На Dark artist и +++ им се допаѓа ова.
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Прв семестар на факултет, се запознав со многу луѓе ( и женски и машки) и со сите бев во многу добар контакт. Со две колешки поготово се зближив. Учевме заедно,шетавме итн итн. За сега за распустов едната од нив да ме избрише од социјалниве мрежи а другата ни здраво да ми каже сега на факултет. А со машките сум сеуште во многу добри односи, што значи дека проблемот не би требало да е до мене. Затоа сега идам стриктно САМО да слушам предавања/вежби пошо од "колешки" ми е преку такво.
     
    На Alisa22, SnowWhite8, Dark artist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Секаде има лажни пријателства и не е за изненадување. За среќа, најчесто брзо се препознаваат т.е., свесно или несвесно сами си се експонираат како такви, само е прашање на време. Затоа треба да се внимава при стварање на близина.
     
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Веќе секое второ пријателство е такво. Се е сведено на корист и интерес..
     
  17. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Затоа имам само една другарка која потполно и верувам а другите можам да ги наречам познаници . Ретко денес да се има вистинско пријателство повеќето се прават добри пред тебе а позади грб друга приказна.Имам пример со една таква "другарка" која што само што прекинав да искачам со еден дечко и она во тајност почна да искачам до него случајно дознав она после месец дена ми призна и ми рече па искочив зошто ти рече дека не сакаш веќе ништо со него дека ти е додаден и не интересен од негова другарка дознав дека ме одговарала ,кога и кажав се во фаца не признаваше ,после тоа и други работи се случија до неа но како и да е сега воопшто не разговараме кога ќе ја сретнам ни здраво не и кажувам само си поминувам ко да не ја познавам.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Да ме прашавте пред две години ќе ви речев дека постојат лажни пријателства но моите не се такви, ако се дружиш со некој долги години тие пријателства си остануваат. НО ете и тоа се случи, цело време да посветуваш на некого, да им даваш простор за дечковци итд и на крај да не го ценат тоа....сега верувам и затоа и повеќе пазам со кого се здружувам, не ми треба таква токсичност повторно.
     
  19. Persephone

    Persephone Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    25
    Имам пријатели но не вистински, сите се први за пиење кафе и шетање но кога ќе загусти секој фаќа прашина.

    Мислев дека имам вистинска другарка со која патем се дружам цел живот, ја сметав за сестрата која никогаш ја немав, делевме се, кога имав јас имаше и таа, за сега да се се сврти тркалото и таа да се сити на мојата ситуација во која порано беше самата. Не верував дека некогаш ќе дојде ден да почне да ме гледа од високо,
    кога немаше таа јас делев од залакот за да имаме и двете, и позајмував пари без ни да и ги побарам назад, нова облека која не сум ни ја облекла, за сега кога јас паднав во слична ситуација таа да го користи тоа да се истакни, да се пофали, како што велат „се качила вошка на рошка и дигнала опашка“.
    Мене ми е срам дури да споменам какви подли и ниски работи почна да прави во последно време, и тоа не знам за каква цел, се обидувам да сфатам но не можам, тоа само психопат може да го смисли.
    Кога бевме заедно на едно патување додека не бев во апартманот парфемот за кој берев пари со месеци, го испрска во бањата до половина а распрскувачот го исфрли во корпата, почна да ги крие моите лични работи, и што уште не, ми е срам да споменувам. И кога се обидов да ја прашам за тоа ме нападна дека сум склеротична и изгубена, како може некој преку ноќ да стане толку мизерен да прави вакви работи. Како воопшто одеднаш кулминира во таква личност не ми е јасно, каква е таа одмазда и ситење спрема некој со кој си пораснал заедно?
    Почнав да се гадам од луѓето.
     
  20. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Овој период една токсична познаничка се труди да се врати во животот на старите пријателки, колешки, соученички. Како и оди ? Па прилично лошо. Цел летен период сме биле во исиот град, а ниту еднаш не иницирала средба. Имаше време само за да се види со една иста како неа, токсична што за жал сега замина во странство, таа беше во втор план, во прв нејзината љубов.
    Уствари девојката е вљубена во помислата да има дечко, а не дека многу го сака него. Имате вакви познанички, нели ? После неколку недели со старата љубов веднаш почнува нова, зошто може да е со секој, се додека добива внимание и постира слики по социјални мрежи.

    Една друга лудача е целосно опседната со мојот љубовен живот и со тоа како јас ги решавам проблемите во истиот. Секогаш кога сум покажувала трпение, јас сум била будалата, а таа паметната што ме советува.
    Се плашеше дека ќе ме одземе типот од неа, дека ако испадне сериозно нашето пријателство значи крај. Сигурно и било мило кога сфати дека нема да бидиме заедно со типот. Разгалено и исфрустрирано малечко чудовиште. Ете така најдобро би ја опишала, со сфаќања од 15 век.

    Од токсични вештерки преку глава ми е.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.