Имам само една вистинска и најдобра другарка а другите можам да ги наречам пријатели ,познаници. Имав другарка која многу ја сакав и се дружевме од мали но беше навистина токсична и негативна личност ,кога некој ќе рече токсик она автоматски ми доаѓа во глава. Се дружевме од мали и не сакав да прекинам да се дружам со неа постојано и "прогледував низ прсти" си викав ајде од мали се дружиме ќе се подобри но постојано беше негативна напната лута за се и сешто но на крај ми дојде преку глава и прекинав секаков контакт со неа и воопшто не ми е криво дури мислам дека требаше да го направам тоа многу порано. Другата личност за која мислев дека ми е другарка меѓутоа испаднав многу наивна ,она беше премногу дволична и многу голем манипулатор но за жал јас го согледав тоа многу касно , од сите машки во светов она најде да си фати мој бивши и притоа криеше на крај сама дознав и нејзиниот одговор на тоа беше па ти тебе дека не сакаш ништо со него и дека не е твој тип исто така прочитав како ме оговарала на него сосема случајно додека сакаше да ми покаже слика на месинџер ,послем тоа почна да се гледа со оженет Албанец кој има деца и сакаше да ми мести негов братучед и покрај тоа што знаеше дека имам дечко и дека исто така не би сакала ништо со Албанци. Послем тоа она и кажа на жена му и се случија многу работи ,мило ми е што престанав да комуницирам со неа ,сега кога ќе погледнам назад и ќе подразмислам си викам како сум можела да бидам толку наивна.