Прати ми твои слики да направам фејк профил и да пишувам со некој од Унгарија, да го проверам дали е саглам
Лично немам лажен профил на интернет , меѓутоа , доста ликови од лажни профили ми барале број , ми пишувале за запознавање , ми праќале експлицитни фотографии , иако ништо , ама баш ништо не ми е видливо надвор од листата на пријатели . Се разбира , одат на блок листа .
Абе најлесно е да кажеш земи си ги самата, кога не ти одговара за свое, ама за туѓо е најлесно, нели?
Па, овој ми е анонимен профил. Штом не ми пишува име и презиме и нема моја слика -анонимен е. Логика.
Не ги користам многу... Ако сакам да прашам некој нешто (неповрзано со приватноста), а е на Твитер или на Инстаграм, ги прашувам, но анонимно. Пример, има една босанска готвачка на Твитер и Јутјуб, предобро знае да готви, и ја прашав нешто на Твитер за еден рецепт. На Инстаграм ги следам едни мои омилени познати личности (кои само на Инстаграм имам видено да имаат профил) да видам што рекламираат, каква гардероба носат итн. И не само познати личности, туку следам и профили кои објавуваат поучни работи. Сепак, не сакам идентитетот да ми биде откриен на социјалните мрежи, освен на Фејсбук.
Имам(в) 4-5 профили на фб, ко играв игри за кои требаа пријатели Не постирам ништо, само си ги додавав во друштво за да си играм... сама-со себе
Имав еден шо го употребив еднаш ко ме банираја. И се кажав право, па ми го банираа перманентно. Испадна, дека сум го имала напраено, мнооогу пред овој... ама сум заборавила.